Целосен хаос и метеж во Њујорк и Лондон пред празниците (ВИДЕО)

Видеото со 9 милиони прегледано покажува како изгледаат улиците на Њујорк деновиве.

„Ако размислувавте да го посетите Њујорк за Божиќ - немојте“, напиша tiktoker заедно со видеото од толпата на улица. „Бев заробена во оваа толпа 15 минути“, додаде таа. „Никогаш не било вака страшно“, „Цел живот живеам во Њујорк и никогаш не било толку страшно“, „Живеев и работев во Њујорк повеќе од 20 години. Оваа година е катастрофа“,коментираа њујорчаните подолу.

@alyssaarvotti Not worth it. I was stuck in this crowd for about 15 minutes #fyp #foryou #boyfriend #xyzbca ♬ Elf - Main Theme - Geek Music

Слична ситуација можеше да се види и во Лондон.

@sofigioffreda oxford street on a random saturday in december 💀🥲 #londonlife #londonstruggles #londonchristmas #londonxmas #xmasshopping #londontiktok ♬ Oh No - Kreepa

„Оксфорд Стрит во обична празнична сабота“, напишал еден тиктокер со видео од слична сцена како во Њујорк. „Замислете низ овој метеж да се обидете да се вратите дома од работа“, додаде таа.

„Дома одев два часа пешки бидејќи не можев ни да помислам на автобус или метро“, „Животот во Лондон овие денови е неподнослив“, пишуваат лондончани.

Лозановска: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како со Леонид

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како што е случајот со Леонид, а пари за лекување нема затоа што СДС и ДУИ седум години само местеа тендери и крадеа.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никогаш повеќе да се прави пиар со болни како што е случај со Леонид, а пари за лекување нема затоа што СДСМ и ДУИ, седум години само местеа тендери и крадеа.

Владеењето на СДС и ДУИ многу ги чини граѓаните, цената на чинење често во овие седум години се покажа дека е и во човечки животи.

Последен случај е оној со младиот Леонид Индов со кој се сликаа и наводно го пратија на лекување на 6 февруари, но за две недели веќе му рекоа нема да се плати лекувањето.

Фондот за здравствено осигурување вели барањето за Леонид било за извршување медицинска услуга-рехабилитација, а не упатување на лекување, односно законот познавал само лекување, а не и услуги.

Прво, зарем рехабилитацијата не е лекување, а второ, ако треба да се прецизира во закон што правеле седум години.

Дополнително на ова на страна 142 од програмата на СДСМ за парламентарните избори во 2016 година насловена како План за живот, ветуваа Фонд за лекување во странство на деца до 18 години.

Леонид има 18 години, ама Фондот ветен за лекување во 2016 го нема.

Во целиот овој случај, како и во сите други кога станува збор за лекување, поентата е да се делува, да се лекува, а не менаџерите во здравството да се фотографираат со пациентот.

На сите им е јасно дека пари за лекување нема затоа што оваа ненародна власт само крадеше седум години, местеше тендери. Затоа сведочевме на случајот Онокологја, местење на тендери како последниот за РЕК Битола.

Нема да дозволиме наместо Фондот за здравство да обедзбедува средства за лекување, тоа да го прават граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да дозволи вакви злоупотреби на болни лица. Нема да дозволиме никогаш повеќе да се прави пиар од болни лица.

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да се обезбедат средства за лекување, а не да го краде народот како што тоа се случуваше седум години.

Олга Лозановска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Апанажа за Ковачевски и Спасовски од 2500 евра наредните 12 месеци

Со месечна апанажа од 2.500 евра, службено возило и шест телохранители од пред една недела е поранашниот премиер Димитар Ковачевски, кој само една година ја вршеше функцијата претседател на влада.

Комисијата за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски да добиваат апанажа во период од една година. Тоа значи дека двајцата во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по 2.500 евра месечно. Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, во согласност со законот за возила.

Законот за влада во членот 11-а пропишува:„ Претседателот на Владата на Република Македонија на кој му престанала функцијата има право на лично обезбедување од шест лица вработени во организационата единица за обезбедување на лица и објекти во министерството за внатрешни работи, како и право на користење на службено возило и возач“.

ЕУ ќе инвестира 233 милиони евра во 12 еколошки проекти

Европската комисија донесе одлука да инвестира над 233 милиони евра во 12 нови стратешки проекти низ Европа за поддршка на остварување на целите на ЕУ за животната средина и климата согласно Европскиот зелен договор.  

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за проекти во Австрија, Бугарија, Ирска, Италија, Литванија, Полска, Финска, Франција, Чешка и Шпанија, преку кои овие 10 земји членки треба да ги постигнат своите национални цели за животната средина и климата и во исто време да зголемат својот придонес во зелената транзиција на ЕУ.

Во овие стратешки проекти се очекува дополнително да бидат издвоени значителни средства од други извори на ЕУ, вклучувајќи ги земјоделските, структурните, регионалните и истражувачките фондови, како и од буџетите на националните влади и од инвестиции од приватниот сектор.

Станува збор за проекти за прогласување на најмалку 30 отсто од поморската територија на Ирска за заштитени морски области, за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на енергетската сиромаштија и зголемување на енергетската ефикасност во регионот Подкарпатие во Полска, како и за подобрување на квалитетот и управувањето со водите во Литванија.

Шест проекти се поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот на стотици локации во Австрија, Италија, Ирска, Финска, Франција и Чешка, а останатите три проекти се однесуваат на намалување на емисиите на јаглерод во финското земјоделство, обезбедување одржлива урбана мобилност со нула емисии на штетни гасови во шест општини во Бугарија, како и за забрзување на климатската адаптација на Пиринеите, со што се опфатени Франција и Шпанија, како и Андора која не е членка на ЕУ.

Станува збор за проекти што се реализираат преку финансиски инструмент на ЕУ за еколошка и климатска акција „ЛАЈФ“, преку кој од 1992 година, па до денес се кофинансирани преку 5.500 проекти во ЕУ и во трети земји.

Средствата наменети за финансирање на проекти преку програмата „ЛАЈФ“ за периодот 2021-2027 година се зголемени за речиси 60 отсто на 5,4 милијарди евра, при што е вклучена и нова потпрограма за транзиција кон чиста енергија.

притисни ентер