Чичкото на Рафаел Надал со несоодветна изјава: Желба ми е да се повреди Ѓоковиќ

Непримерна изјава даде Тони Надал, чичкото на познатиот тенисер Рафаел.

Тој во изјавата за „Ла Секста“ посака Новак Ѓоковиќ да се повреди пред почетокот на Олимписките игри во Париз, пренесе Б92.

- Се надевам и дека во август ќе донесе медал од Олимписките игри. Јас сум голем оптимист. А, за да успее, моја желба е Ѓоковиќ да се повреди, како и уште пет-шест други, за да победи Рафа - нагласувајќи дека тоа е шега.

На легендарниот Шпанец многу му се важни и Олимписките игри, кој успеа да триумфира во споменатото натпреварување во 2008 година во Пекинг.

- Рафаел ми кажа дека Игрите во Пекинг во 2008 година биле најдоброто искуство во неговата кариера и дека таму го освоил златото благодарение на поддршката од другите шпански спортисти и атмосферата што владеела таму. Тој дојде во Пекинг во не најдобра форма, но благодарение на Пау Гасол и поддршката од другите спортисти успеа да триумфира. Нема ништо подобро од тоа да ја претставуваш својата земја – изјави Тони Надал.

Милијардерот Бил Гејтс со нова девојка на црвениот тепих

Еден од најбогатите луѓе на светот, 68 годишниот милијардер Бил Гејтс се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough“ во Лос Анџелес во друштво на својата девојка, 60-годишната Пола Херд . 

Пола е вдовица на поранешниот извршен директор на „Oracle“, Марк Херд.

Гејтс се разведе од сопругата Мелинда во мај 2021 година по 27 години брак, а разводот беше финализиран во август истата година. Бил и Пола само една година по разводотна милијардерот беа видени заедно а врската ја потврдија во 2023 година.

ЦУК: 23 пожари на отворено, два се уште се активни

Изминатото деноноќие евидентирани се 23 пожари на отворен простор, од кои два се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот кој започна пред неколку дена кај село Ѓермо, Општина Тетово е се уште активен. Пожарот сега се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација, информираат од ЦУК.

Според последните информации добиени од одговорни лица од НП Шар Планина и ТППЕ Тетово пожарот е се уште активен и има тенденција да се шири. Вчера поради настапување на ноќта екипите во 19:10 часот се повлечени од терен, а со интервенција е продолжeно денеска во раните утрински часови.

-Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот кој беше активен над село Велушина на ден 13.04.2024 година во текот на ноќта беше изгаснат, но на ден 14.04.2024 година дошло до негово повторно активирање и во моментот со пожарот е зафатен папрат, смрека и шума над село Остерец на Баба Планина. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале четири лица од ЈП Национални шуми-подружница Кајмакчалан од Битола и четворица пожарникари со две противпожарни возила кои поради настапување на ноќ се повлечени од терен. Според последните информации пожарот е на непристапен терен и горат суви лисја и гранки. Нема опасност по населени места и НП Пелистер. За настанот се известени релевантните субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението.

Во ЦУК имало вкупно 1 973 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,45 отсто, а 44,55 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 55,78 отсто, кон итната медицинска помош 30,35 отсто, а кон пожарникарите 10,40 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и да редовно да се чистат локалните одводни канали.

Фото: Секси раперка на НБА меч

Американската раперка Меган Ди Сталион ги засени сите и беше главна ѕвезда на НБА дербито  Лос Анџелес Лејкерс и Минесота .

Публиката наместо кон кошаркарскиот терен многу почесто гледаше кон седиштата до паркетот каде седеше атрактивната раперка.Како и да не биде кога таа шеташе облечена во секси блуза со огромно деколте.

Меган сега доби уште поголема популарност, па речиси никој не зборува за тоа дека Лејкерси на домашен терен беа поразени од Миесота (117:127), пишуваа нејзините фанови на социјалните мрежи.

Сексапилната раперка дури во втор план го „фрли“ и легендарниот центар на Лејкерси, Владе Дивац кој седеше во публика само еде ред пред Меган.

притисни ентер