Даниел Редклиф и Сара Полсон ги освоија првите „Тони“ награди

Даниел Редклиф, Џереми Стронг и Сара Полсон ги освоија своите први „Тони“ награди во областа на театарот, а Деде Ајте стана првата Африканка којашто ја добила наградата за костимографија на една претстава.

Редклиф, кој се прослави како Хари Потер, го освои своето прво „Тони“ признание за најдобра споредна машка улога во мјузикл, за улогата во „Среќно се тркаламе“ (Merrily We Roll Along). Британецот му се заблагодари на покојниот Стивен Сондхајм „за пишувањето на оваа неверојатна серија“, чии песни ги опиша како „подарок за пеење секоја вечер“.

Мјузиклот ја доби американската театарска награда за најдобро враќање на сцената, а Џонатан Гроф беше награден како најдобар водечки глумец во мјузикл. „Недораснатите“ (Outsiders) е најдобар мјузикл. Малеа Џои Мун и Кесија Луис-Еванс го добија „Тони“ признанието за најдобра женска улога и за најдобра споредна женска улога во мјузикл - и двете за „Пеколна кујна“.

„Стереофоник“ (Stereophonic) ги доби наградите за најдобра претстава и најдобар режисер - Даниел Окин.

Џереми Стронг, ѕвездата на ТВ-серијата „Следоред“, ја освои наградата за најдобар глумец во претстава, за неговата улога во „Непријател на народот“ на Хенрик Ибзен, а Сара Полсон - за нејзината изведба во семејната драма „Соодветно“ (Appropriate). Вил Брил и Кара Јанг ги зедоа одличјата за споредни улоги.

Деде Ајте стана првата жена - црнка што освоила „Тони“ за најдобра костимографија на претстава, за „Африканското плетење коса на Јаја“ (Jaja's African Hair Braiding). Свеченоста на доделувањето на оваа престижна награда, 77-ма по ред, се одржа вчера во „Линколн центарот“ во Њујорк. /МИА

Разбеснет кит скока врз бротче и ги катапултира рибарите - исплашен тинејџер снимал (ВИДЕО)

Застрашувачката снимка е снимена на брегот на Њу Хемпшир, кога рибарски брод бил на удар на разбеснет грбав кит.

Двајца рибари се катапултирале во морето откако монструозното животно „скокнало“ на пловилото! Сцената ја забележале млади луѓе на брод, а еден од нив имал камера.

Бродот плутал некое време, а потоа почнал да тоне. Сепак, бил извлечен на брегот со акција на другите рибари.

Според извештаите, за време на инцидентот немало повредени, пишува Дејли Мејл.

Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од глетката, особено затоа што грбавите китови - за разлика од орките, ретко напаѓаат бродови.

„Ова е неверојатно и не е случајно“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Целосно луда сцена“.

Експертите за морски животни веруваат дека китот е стар две години и претходно бил забележан околу границата на Мејн и Њу Хемпшир.

Останува нејасно што го поттикнало да го нападне рибарскиот брод.

Мистеризона смрт: Излегла на вечера со пријателите, се разболела и починала по два дена

Сицилијанка ненадејно починала за време на викендоv, откако излегла на вечера со пријателите.

Официјалните лица наредија обдукција за да се утврдат причините за смртта, објави РАИ.

Џулијана Фарачи (40) од областа Месина на Сицилија, во петокот вечерта излегла со пријателите на вечера. Првите симптоми на болеста се појавиле во саботата попладне.

Џулијана се пожалила на треска и повраќање, а бидејќи состојбата ѝ се влошила во неделата, повикала итна помош и лекарите направиле електрокардиограм. Следното утро била пронајдена без знаци на живот.

Џулијана починала во сон, а нејзиното тело е пренесено на обдукција.

Заменик-обвинителот Андреа Аполонио отвори истрага за случајот, а сестрата на Џулијана, придружувана од адвокатот Салваторе Манкузо, отиде во полициска станица да поднесе пријава и да побара обдукција за да се разјаснат причините за смртта.

Според адвокатот, Џулијана за време на вечерата со пријателите не јадела суши или сирова риба, со што ги демантираше натписите кои кружеа во некои медиуми.

„Тоа што некои весници го пишуваат не е точно, самоволно претпоставувајќи ја можната причина за труење со храна и смртта како последица. Ги чекаме резултатите од обдукцијата за да добиеме медицинско-правни појаснувања за причините за оваа трагична и прерана смрт“, вели адвокатот.

Според него, ниту една од нејзините пријатели со кои вечерала не се разболела.

Меѓу жителите на Санта Агата ди Милитело, каде што живеела Џулијана, владее шок и тага. Никому не му е јасно како дошло до оваа мистериозна смрт, додека истрагата продолжува.

Хали Бери позира топлес со мачки: Засекогаш останува Жена-мачка (ФОТО)

Актерката Хали Бери (57) е активна на својот Инстаграм профил.

Овој пат со објава покажа колку е горда на себе и улогата која ја одигра во филмот Catwoman од 2004 година.

„Денес се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој легендарен лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам Patience Phillips, или Catwoman “, напишала Хали заедно со фотографиите на кои позира во гаќички со маска на лицето. Градите ги покрила со своите миленици, мачките кои неодамна ги посвоила.

„Ова е најжешката жена досега“, „Безвременска убавица“, „Најдоброто од најдобрите“, „Подготвени сме за продолжение“, беа само дел од коментарите на нејзините фанови.

Пред неколку недели објави дека мачките со кои сега позира се викаат Бутс и Коко и дека ги пронашла заедно со уште две мачиња и нивната мајка во својата градина. "Ја стерилизирав нивната мајка и ја пуштив назад во мојата градина и сега е наша! Ги посвоив другите две бебиња што ги најдовме, а овие две малечки сега се нашите нови љубови! Секогаш имаме полна куќа", напишала Хали.

притисни ентер