Дејвид Бекам стана заштитно лице на кинеската компанија Али Експрес пред почетокот на Еврото

Дејвид Бекам се потпиша како главен амбасадор на AliExpress, онлајн платформата за малопродажба во сопственост на кинескиот технолошки гигант Alibaba.

Соопштението доаѓа во пресрет на почетокот на Европското фудбалско првенство кое започнува следниот месец.

Компанијата не откри колку му плаќа на поранешниот капитен на Англија.

Во март, AliExpress договори ексклузивно партнерство со платформата за е-трговија со европското фудбалско тело УЕФА. Според договорот, фудбалската суперѕвезда која стана претприемач ќе биде заштитно лице на промоцијата Score More на AliExpress, која ќе се одвива за време на натпреварите, пренесува Ројтерс.

- AliExpress им помага на навивачите уште поблиску до УЕФА ЕУРО 2024 ова лето, нудејќи им големи награди додека акцијата се одвива на теренот - рече Дејвид Бекам.

AliExpress им се придружува на другите големи кинески компании кои исто така направија слични спонзорства, вклучувајќи го производителот на електрични возила BID и електронскиот гигант Vivo.

Инаку, откако ги остави настрана копачките пред повеќе од една деценија, Бекам се поврзува со многу брендови и големи спортски настани.

Според УЕФА, Евро 2020 имаше вкупна глобална телевизиска публика во живо од 5,2 милијарди. Финалето кое Англија го загуби на пенали, според објавата го гледале 328 милиони луѓе.

Видео: Унгарската фудбалска федерација се огласи за тешко повредениот репрезентативец

Фудбалскиот сојуз на Унгарија ја објави состојбата на Барнабас Варга, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска на ЕУРО 2024.

Варга се повреди при судир со голманот на Шкотска Ангус Ган во 68. минута од натпреварот, а по тој судир Варга остана без свест.

Нему му била укажана помош на неколку минути, по што бил изнесен на носилки, опкружен со пехарници.

„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“, соопштија од Унгарската фудбалска федерација.

Унгарија инаку на крајот го доби мечот од 3 коло во групата А и ги задржа шансите за пламсна во следната рунда. Шкотска е победена со голот на Кевин Чобот во 100. минута од натпреварот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите.

Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на:

071391250 и 070259942-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Христијан Мицкоски - претседател на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.

Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје

Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.

Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.

Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.

Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.

Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.

Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.

притисни ентер