Делови од Македонија од денеска во портокалова и жолта фаза

Македонија влезе во топлотен бран, југот и југоистокот на земјата е во портокалова фаза, а на сила се препораките за заштита на населението.

Во Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран се препорачува, ослободување на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во градинките пак, да не се изнесуваат децата на отворено, а се потсетуваат и работодавачите од производните и технолошките процеси да ги почитуваат законските прописи...

- Ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во градинките да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11.00 до 17.00 часот, Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи да помагаат на осамени, стари, изнемоштени и на бездомни лица. Исто така со препораките се потсетуваат работодавачите од производните и технолошките процеси на обврската за почитување на законските прописи.

Во местата со жолта фаза како Скопскиот регион пак, ќе важат општите препораки како што се консумирање на лесна храна, поголемо внесување на течности, носење на лесна облека, избегнување престој на отворено од 11 до 17ч....Зголемен е и бројот на повици во итната медицинска помош посочува д.р Ѓорѓи Карамановски од поликлиниката Букурешт. Најчести се повиците за колапси и губење свест на јавни места, па затоа тој апелира особено внимателни да бидат хронично болните лица.

- Ако почувствуваме дека имаме некаква вртоглавица, нестабилност или состојба каде чусвствуваме дека губиме свест прво и основно е да си помогнеме самите на себе, да се тргнеме некаде на страна, да седнеме, да се раскопчаме и ако е можно и да легнеме, нозете да бидат малку повисоко во однос на телото, да се напиеме течност ако има нешто солено да каснеме на тој начин ќе го покачиме притисокот. - Д-р. Ѓорѓи Карамановски – поликлиника Букурешт

Повеќе фонтани и дрвја, бараат граѓаните за справување со топлотниот бран. Оние кои ги анкетиравме се пожалија и на состојбата со фонтаните во градскиот парк во Скопје, со оглед на тоа што има неколку што воопшто не се во фукнција.

- Нормално дека треба повеќе да има и да ги одржуваат, инаку никој не ги ни одржува се се распаднати, некои се искршени неможеш да се напиеш вода. - Повеќе фонтани и повеќе дрвја, бидејќи местата каде што има повеќе дрвја како што е овој дел имаме природна сенка и е издржливо и убаво . Може да се пошуми тој појас што е покрај кеј, има простор за тоа и ќе биде се поразлично, барем неколку степени ќе се намали температурата.

Од УХМР најавуваат дека високите температури наместа и до 40 степени ќе се задржат до четврток, по што во петок ќе следува пад на температурите и дождливо време.

Бесмира Ејупи заминува на неколкумесечна испомош во конзулатот во Бон,потврдија од МНР

Иако пред две години не успеа да стане конзул во Њујорк, поради притисокот од јавноста, поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи сепак доби шанса да замине во странство, овој пат на испомош во дипломатско конзуларното претставништво во Бон, Германиј.

Иако пред две години не успеа да стане конзул во Њујорк, поради притисокот од јавноста, поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи сепак доби шанса да замине во странство, овој пат на испомош во дипломатско конзуларното претставништво во Бон, Германија, потврдуваат од МНР за Канал 5. Министерот Бујар Османи пред напуштање на владиниот кабинет, освен за Бесмира Ејупи, потпишал решенија за испраќање и на други вработени во министерството на неколкумесечна испомош во ДКП-ата каде во летните месеци имало зголемен обем на конзуларни услуги.

„ Во текот на летните месеци во конзуларните претставништва каде има зголемен обем на работа поради тоа што нашата дијаспора патува дома се праќаат вработени од МНР на неколку месеци испомош за да се олесни издавањето на документи на шалтерите на конзуларните претставништва. “ – велат од МНР.

Освен решенија за испраќање на лица за испомош во ДКП-ата, пред напуштање на владиниот кабинет, министерот Османи пред две недели распишал и интерени конкурси за испраќање на околу 15-тина нови дипломати во дипломатско – конзуларните претставништва на Македонија ширум светот. Од МНР за ова велат дека станува збор за редовни административни циклуси, а дали ќе завршеле конкурсите зависело од новиот шеф на дипломатијата.

Ваквата одлука на Османи наиде на критика од Македонскиот дипломатски синдикат, од каде веднаш по распишувањето на огласот за Канал 5 изјавија дека процедурата за избор на нови дипломати во нормални услови трае од 1 до месец и половина, така што некоректно е, сега да се распишува конкурс во време кога за десетина дена очекуваат нов министер.

„Сметаме дека е некоректно и према колегите но и политички некоректно на 10 дена пред доаѓање на нов министер, министерот во заминување да носи одлука за тоа кој диполмати се соодветни за одредени места.-изјави Веле Трпевски – претседател на МДС .

Во меѓувреме, техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук се пофали дека во галеријата уметнички слики на досегашните премиери во Владата ќе стои и негов портрет а објави и заедничка фотографија со авторот на портретот, на лпгп му се заблагодари на како што пишува маестралното сликање на неговиот премиерски портрет ..

Џафери е третиот технички премиер и согласно договорот од Пржино со владата ќе раководи до изборот на новиот владин кабинет што треба да се случи за една недела

Мареј по петти пат на Олимписки игри

Двократниот олимписки првак, од Лондон 2012 и Рио де Женеиро 2016, британскиот тенисер Анди Мареј ќе настапи ова лето во Париз на своите петти Олимписки игри, објави попладнево британскиот олимписки Комитет.

Мареј, кој се очекува да се збогува со професионалниот тенис по Игрите во Париз, во моментов е рангиран на 97 место на АТП листата.

Во машкиот тим на Велика Британија за олимпискиот турнир се и капитенот Иан Бејтс и тенисерите Џек Дрејпер, Камерон Нори и Ден Еванс. Кејти Болтер ќе биде единствената британска тенисерка во Париз.

За Велика Британија во машки двојки ќе играат Џо Салесбери и Нил Скупски.

Олимпискиот тениски турнир на програмата е од 27 јули до 4 август.

Драма на ЕУРО: Германската полиција застрела маж со секира во близина на фан зоната во Хамбург

Германската полиција денеска застрела маж со секира во близина на фан зоната за време на поворкта од холандските навивачи пред дуелот со Полска. 

Нема информации дали некој е уапсен при оваа акција на германската полиција.

Четири истрели одекнаа во близина на Рипербан во Хамбург, каде се собраа навивачи од Холандија и Полска пред денешниот меч на нивните селекции на ЕУРО 2024.

Според медиумите, напаѓачот имал и молотов коктел.

притисни ентер