Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека директорот Јанев разговорал со колегите за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење и условите во кои работат.

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Тетово, Полициската станица за безбедност на сообраќајот Тетово, полициските одделенија Групчин и Јегуновце како и Граничен премин Јажинце.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека директорот Јанев разговорал со колегите за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење и условите во кои работат.

-Од исклучителна важност е полициските службеници да имаат добри услови за работа и дека приоритет е подобрувањето на условите за работа во полициските станици и набавка на потребната опрема. При посетите од особена важност е и остварената средба со началничката на Регионалниот центар Север на која се разговараше за важноста и потребата од блиска соработка, односно продлабочување на соработката помеѓу Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за внатрешни работи Тетово со цел зацврстување на позицијата во обезбедување на сигурност за ефикасно решавање на транснационалниот криминал, миграции и борба со корупцијата, истакна Јанев.

Директорот на БЈБ информира дека во иднина ваквите посети ќе станат редовна пракса, со цел увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото се со цел подобрување на условите и создавање на функционална полиција, која ќе биде во служба на граѓаните и спроведување на законот кој еднакво важи за сите.

Фото: Српска пејачка како „зајачица од Плејбој“ на улица во Белград

Атрактивната српска пејачка Сандра Африка повторно ги истакна облините на воодушевување на фановите од социјалните мрежи. 

Сексапилната пејачка во неевообичаено издание се прошета низ улиците на Белград.

Сандра минатата недела за време на празникот „Ноќта на вештерките“ кој е се повеќе застапен и во регионот, во провокативно издание како вистинска „зајачица од Плејбој“ се појави на улица.

Таа така шеташе низ центарот на градот, а многумина не останаа рамнодушни на нејзиниот костим и фигура.

Сандра носеше трико од латекс, што ги истакна нејзините бујни облини.

Фото: Лепа Брена на насловната на „Вог“

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на најновото издание на магазинот „Вог“.

Мегапопуларната пејачка со насловната страна на тиражниот магазин само уште еднаш потврди дека е една од најголемите икони од нашите простори.

Брена на насловната страница на Вог блесна во никогаш поскап стајлинг.

Таа носи бунда од 11.000 евра од францускиот бренд „Алаја“.

Како што наведува „Вог“, Брена е избрана за насловна бидејќи е вистински феномен, ѕвезда без споредба и икона. Тие истакнуваат дека пејачката е и вистинско олицетворение на југословенскиот поп културен идентитет.

Таа за насловната страница ја фотографирал фотографот Бранислав Симончик, а целата фотосесија е направена во титовата вила „Галеб“.

Коментарите за ова издание на Лепа Брена се повеќе од позитивни.

На Корзика прогласен портокалов метео аларм поради невреме

Од попладнево до недела наутро на Корзика во сила е портокалов метео аларм бидејќи се очекува невреме проследено со обилни дождови што може да предизвикаат поплави, соопштија денеска надлежните француски претставници.

- Поради очекуваната акумулација на големи количини вода во урбанизираните области во рамничарските делови на северот на Корзика и во близина на Бастија, ситуацијата бара посебен мониторинг. Најризичниот период ќе биде помеѓу сабота навечер и недела наутро во департманот Горна Корзика на северниот дел од островот со можни поплави. Апелираме граѓаните да ги ограничат своите патувања, се наведува во официјалното соопштение кое го пренесува дневниот весник Фигаро.

Во останатиот дел од Франција викендот ќе биде врнежлив освен во планинските предели, а југоисточниот дел од земјата денеска повторно ќе го зафати силно невреме.

притисни ентер