Џејмс трет натпревар по ред постигна трипл-дабл

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 128:123. За домаќините, Леброн Џејмс го постигна третиот трипл-дабл во последните натпревари.

Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и 14 асистенции. Претходно, 39-годишниот Американец стана најстариот кошаркар кој забележал два трипл-дабл по ред.

Лејкерси ја забележаа седмата победа и се наоѓаат на 6. место во поредокот на Западната конференција од НБА-лигата, додека Мемфис кој го претрпе петтиот пораз е на 7. место.

Следен натпревар на Лејкерс е в сабота на гостински терен со Сан Антонио спарс.

Пејачот Гоце Арнаудов постхумно ја доби наградата за животно дело на Општина Струмица

За животот, делото и значењето на Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици за Струмица и струмичани говореше градоначалникот Костадин Костадинов.

Пејачот Гоце Арнаудов постхумно, 13 години по неговата смрт, ја доби наградата за животно дело на Општина Струмица за особен придонес во областа на културата и уметноста, што се доделува по повод Денот на заштитниците на Струмица-Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Покрај Арнаудов, за кого наградата ја прими неговата сопруга Силвија, годишни признанија за особен придонес добија Љупка Вртева во техничката култура и наука, Томе Ментинов од областа на културата и уметноста, Ресторан „Бонита“ од угостителството, Ивана Мазнејкова од културата и уметноста, Тимо Комаров за крводарителство, Иван Кукиќ за култура и уметност и Атанас Козарев од областа на образованието и науката

За животот, делото и значењето на Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици за Струмица и струмичани говореше градоначалникот Костадин Костадинов.

-Во духот на Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици да застанеме за момент и да размислиме за тоа каква заедница сакаме да изградиме. Дали негуваме вистински вредности и дали се однесуваме еден кон друг со почит и грижа како што секое човечко битие заслужува? Да ги отфрлиме поделбите и себичноста и наместо тоа да го прифатиме единството и заедничката одговорност. Струмица ни припаѓа на сите нас, а не на некој поединец или група. Тоа е наше заедничко наследство и сите ние ја делиме одговорноста да го негуваме и заштитиме. Без разлика дали преку верата, културата или секојдневните дела на љубезност, сите ние поединечно ја имаме моќта да ја зајакнеме врската помеѓу нашиот град и струмичани, истакна Костадинов.

Одбележувањето на празникот, кое почна вчера, продолжи денеска во утринските часови во црковниот храм „Свети петнаесет“ каде се одржа Света Божествена литургија во чест на заштитниците, а на која присуствуваа градоначалникот Костадин Костадинов, членови на Советот на општина Струмица, гости и верници од Струмица и поширокиот регион.

Предметот за „Бехтел и Енка“ префрлен во МВР

Предметот за „Бехтел и Енка“ што го отвори Обвинителството по допрен глас, врз основа на написи во медиуми, од летото е префрлен во Министерството за внатрешни работи. 

Како што информира Обвинителството, за случајот се отвориле многу прашања и не било лесно да се обезбедат докази за да се дојде до одговорите.

-Предметот за спроведување на изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10д е отворен по допрен глас врз основа на написи во медиуми. Предметот го почна Обвинителството, но не го работеше ниту една правосудна полиција и заради тоа, по него постапуваше само еден истражител од Истражниот центар на Обвинителството во организиран криминал зашто во целиот Истражен центар со таков тип предемети се занимаваат пет до шест истражители. Во целиот тој период беа извршени проверки на двете постапки - јавни набавки кои биле сроведени за избор на правно лице кое ќе го врши надзорот. Едната била поништена поради недоставување банкарска гаранција, а втората постапка била успешна. Имало двајца конкуренти, два конзорциума. Едниот завршил во почетоците на постапката поради неисполнување услови, а вториот, како единствен краен понудувач, го склучил договорот за јавна набавка. Вака гледано, се е завршено по закон. Но, за да се открие евентуалното постоење на некое кривично дело и како баш тој конзорциум го добил, дали по таа цена било нормално да се добие,..., се многу големи прашања на кои одговорите не можеме секогаш да ги најдеме ниту во нашата држава зашто конзорциумот е меѓународен, ниту е лесно обезбедувањето докази за да дојдеме до одговорите на тие прашања. Се отворија многу прашања, беше потребно да се обезбедуваат и вршат проверки на пошироки страни, предметот уште од летото е префрлен, со дадени наредби, во Министерството за внатрешни работи, беше речено денеска на брифинг со медиумите во Обвинителството.

Лајчак: Македонија да го искористи моментумот и да продолжи на патот кон ЕУ

Македонија да не ги повторува грешките од минатото, туку да го искористи моментумот и да го стави заедничкиот интерес пред партиските за да го продолжи патот кон ЕУ, порача специјалениот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак.

Македонија да не ги повторува грешките од минатото, туку да го искористи моментумот и да го стави заедничкиот интерес пред партиските за да го продолжи патот кон ЕУ, порача специјалениот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак од Конференцијата на Пленарна коневнција на ЕУ во земјава. Потсетувајќи на изјавите од новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, Лајчак потенцираше дека отстапките и компромисите кои се бараат од Македонија се неопходни, а уставните измени ги оцени како прашање на итност за евроинтеграциите на земјава.

„Кога го започнавте овој процес сметав дека ќе напредувате многу, но за жал не сте ни близу и ја споделувам вашата фрустрираност. Се што беше споменато мора да се исполни. Факт е дека параметрите се поставени и нема да кажам ништо ново, да не ја испуштите оваа можност и да не ризикувате да останете запоставени“, порача Лајчак.

Дека Македонија се наоѓа во временски теснец за споведување на уставните измени, смета и собранискиот спикер Гаши, кој порача дека Парламентот е подготвен во секое време да го започне процесот, но дека за тоа е потребен консензус и полиитчка воља. Сепак вели потребно е да се пронајде вистинска формула за продолжување на евроинтеграциите без билатерална препрека.

„ Без оглед на билатералните прашања кои можат да се појават меѓу земјите од Западен Балкан, цврсто сум убеден дека тие никако не треба да претставуваат пречка за напредокот на процесот на европската интеграција. Секако, секоја држава што има за цел да стане дел од ЕУ треба да работи на решавање на билатералните прашања, без да дозволи тие да влијаат врз нејзините напори за исполнување на европските аспирации“, порача Гаши.

Според опизицискиот лидер и претседател на Национален совет за евроинтеграции венко Филипче земјава непотребно губи време неспроведувајќи ги уставните измени. Ги повика властите сериозно да се заангажираат за реформската агенда, укажувајжи на неколку несоодветни законски измени, меѓу кои и Законот за јавни набавки, кои според него се враќање чекор назад во реформскиот процес.

„Јасен е патот како треба да продолжиме напред, да се отвори најсложениот кластер од преговорите. За тоа да се случи потребна е одлука на политичките фактори за да се направат Уставните измени поради тоа што сметам дека сето друго е непотребно трошење на време“, рече Филипче.

Ова е седма Пленарна коневнција на ЕУ во Македонија на која се дискутираше за Кластерот фундаментални вредности, а на која свои искуства и ставови споделија и судии, поранешни амбасадори, невладиниот сектор, како и ескепрти од регионот.

притисни ентер