Џенифер Лопез и Бен Афлек разменувале бакнежи во хотел, таа блеска од среќа?!

Што се случи со разводот? Заплет како во шпанска сапуница

Папараците ја уловиja насмеана додека оди во посета на нејзина пријателка.

Познатата актерка и пејачка Џенифер Лопез (55) и нејзиниот наскоро поранешен сопруг Бен Афлек пред неколку дена се видени заедно во хотел во Беверли Хилс. Тие дошле на ручек со нивните деца - нејзините близнаци што таа ги има со поранешниот сопруг Марк Ентони, а Бен бил во придружба на неговите две помали деца од бракот со Џенифер Гарнер.

Средбата на поранешните сопружници, судејќи според фотографиите пред хотелот, поминала доста нервозно. Лопез е забележана во автомобилот на Афлек како брише солзи додека тој избезумено мавта со рацете објаснувајќи ѝ нешто.

Што се случувало внатре?

Парараците кои ги следат во чекор немале пристап во внатрешноста на ресторанот на хотелот каде, судејќи според пишувањето на Дејли Меил, но и на ТЗМ, ситуацијата драстично се променила. Повикувајќи се на гостите во ресторанот, медиумите пренесуваат дека поранешните сопружници биле доста блиски, биле нежни еден со друг, се држеле за рака, па дури и се бакнувале?!

Децата, кои биле со нив, седеле на друга маса додека Џенифер и Бен разговарале и разменувале нежности. Ова е сосема спротивно од она што се случуваше во последните месеци откако актерот се исели од заедничката вила на крајот од месец мај.

Џенифер официјално поднесе барање за развод во август, на денот на нивната двегодишна венчавка, и се чинеше дека веќе е готово, но ...

Љубовта на Лопез и Афлек може да се каже дека со сигурност се претвора во вистинска латино сапуница со заплети и пресврти достојни за имагинацијата на најпознатите сценаристи од овој жанр. Дека нешто се случило на ручекот со Бен некако потврдува и самата Џенифер, која веќе следниот ден е видена како оди во посета кај блиска пријателка.

Џеј Ло блескала во долгиот бел фустан, а насмевката не ја симнувала од нејзиното лице. Вака расположена не беше видена со месеци, поточно од моментот кога започнаа проблемите во бракот.

Дали парот можеби решил да ѝ даде уште една шанса на својата љубов и покрај тековниот развод или пак нешто друго е во прашање, само тие знаат.

Последниот пресврт се случи кога медиумите пишуваа за дружбата на Лопез и најдобриот пријател на Бен, Мет Дејмон, на филмскиот фестивал во Торонто, каде што беа фатени како се држат за раце, за само ден подоцна Афлек да биде фотографиран како ја бакнува сопругата на Мет, Лусијана, по косата.

Извор: srecna.republika.rs

Реакција од СКРМ на писмото од Министерството за култура за неисплатените плати

Реакција од СКРМ на писмото од Министерството за култура за неисплатените плати за август во НУ Охридско лето.

Со Соопштение доставено до медиумите, Министерството за култура и туризам реагира на соопштението на Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ) и се обидува да ги оправда своите дејствија со кои незаконски ги оневозможува вработените во НУ „Охридско лето” - Охрид да ја добијат својата плата за месец август 2024 година.

Притоа, се наведува дека раководното лице на НУ „Охридско лето” - Охрид, како и вработените во установата, се должни да ги почитуваат законските прописи при остварувањето на правата од работен однос, вклучувајќи го и правото на плата, небаре тие досега не ги почитуваа законските прописи.

Од тие причини должни сме да ја информираме јавноста за погрешно прикажаната фактичка состојба и селективното цитирање на законски одредби или делови од одредбите од страна на министерството кои одат единствено во прилог на реакцијата.

Имено, како што истакнува и самото министерство, согласно член 8 став 4 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, Раководното лице на буџетскиот корисник и единката корисник е одговорно дека доставеното барање за одобрување на средствата за плати е во согласност со закон.

Раководно лице на буџетскиот корисник е министерот за култура и туризам, а раководно лице на единката корисник е овластеното лице на установата. Раководното лице на единската корисник, односно директорот на установата, ја води работата на установата и одговара за материјално-финансиското работење и за законитоста и економичноста на нејзината работа.

Меѓу останатото, директорот на НУ “Охридско лето” - Охрид е одговорен за организирање и одржување на фестивалот “Охридско лето”, кој годинава го доживеа своето 64. издание. Организирањето и одржувањето на фестивалот низ сите овие години воопшто немаше да биде можно без огромните заложби на одговорните лица на установата и вработените во установата. Примери дека оваа манифестација успешно се организира и промовира различни култури има многу, за што се доделувани и разни признанија и награди, како што е одликувањето на една од директорите со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ од страна на Претседателот на Република Италија и Признанието за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија, доделено од страна на САД.

Впрочем, и самиот министер на свеченото отворање на 64. издадние на фестивалот ќе го изрази своето воодушевување велејќи дека градот Охрид и Фестивалот „Охридско лето“ беа и остануваат епицентар на македонската култура во кој со децении се испреплетуваат илјадници културни збиднувања, како и дека тие се најдобра потврда за нашиот чекор со актуелните европски и светски трендови, кои подразбираат континуитет на квалитетна продукција и интензивна творечка енергија што уметниците ја разменуваат со публиката. Меѓутоа, сега, кога трудот на вработените за одржувањето “чекор со актуелните и светски трендови” треба да биде валоризиран и соодветно исплатен, се даваат разноразни соопштенија и известувања зошто вработените не ја заслужуваат и не треба да ја добијат својата плата. Како тоа да не е доволно, па се упатуваат закани со инспекции и инспекторати поради непочитување на одредени законски одредби и се вршат уцени за прифаќање парични износи кои воопшто не соодветствуваат со сработеното, со единствена цел вработените да отстапат од своето заслужено право на плата.

По однос на заканите со инспекции и инспекторати поради наводното непочитување на член 21 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, сакаме да истакнеме дека согласно оваа одредба вработените во буџетските корисници и единките корисници правото на додаток на плата за прекувремена работа, првенствено го остваруваат преку користење слободни часови односно денови, колку што биле ангажирани за работата надвор од редовното работно време, а не и задолжително.

Понатаму, со член 69 став 1 од Колективниот договор за културата, е определено дека работникот има право на додаток на плата за ноќна работа; работа во смени; работа за време на неделен одмор; работа за време на празници утврдени co закон и работа подолго од полното работно време.

Согласно член 69 став 5 од Колективниот договор за културата, работникот кој бил ангажиран да работи согласно co условите од став 1 алинеи 3, 4 и 5 на овој член има право на онолку слободни часови односно денови колку што бил ангажиран за работа надвор од редовното работно време.

Согласно член 69 став 6 од Колективниот договор за културата, слободните часови, односно денови во тековниот месец работникот ги користи до крајот на наредниот месец, по месецот во кој бил ангажиран, а согласно ставот 7, доколку на работникот не му се обезбеди користење на слободни часови, односно денови согласно co став 6 на овој член, му се исплатува додаток на плата во износ од 35% од износот на основната плата, пресметана по час.

Со оглед на тоа што прекувремените часови кои се влезени во пресметката за месец август 2024 година се обработени во месец август и за истите на вработените не им се обезбедило користење на слободни денови во текот на наредниот месец, односно во месец септември, јасно е дека директорката на установата правилно ја има изготвено пресметката за плата, односно има доставено барање за исплата на додаток на плата и додаток на плата за работа во ден на празник и неработен ден согласно став 7 и 9 од член 69 од Колективниот договор за културата.

Во својата реакција министерството наведува дека за непочитување на законските прописи од страна на министерството се преземени повеќе дејствија и тоа информирано е Министерството за финансии – Сектор за финансиска инспекција во јавниот сектор, Државниот инспекторат за труд на РСМ и Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за сторените неправилности во пресметката на плата за вработените во НУ “Охридско лето” – Охрид за месеците јуни, јули и август 2024 година.

Притоа, министерството свесно избегнува да соопшти дека Државниот инспекторат за труд на РСМ веќе има извршено инспекциски надзор во установата и со Решение ИП1 бр. 09-403/1 од 19.07.2024 година го има задолжено работодавачот – НУ “Охридско лето” – Охрид и Министерството за култура и туризам да извршат исплата на платата за месец јуни 2024 година.

Грижата на министерството за вработените НУ “Охридско лето” – Охрид и предлогот да биде изготвена пресметка на плата за месец август 2024 година без додатоци, најостро го осудуваме и го сметаме за директно кршење на правата од работен однос бидејќи општопознато е дека согласно член 105 став 1 од Законот за работните односи, работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, а согласно ставот 3, платата е составена од основната плата, дел од платата за работната успешност и додатоците на плата.

Оттука, вработените имаат законско право да ја добијат основната плата, како и додатоците на плата, и ова право не може и не смее да биде предмет на пазарења.

Со оглед на тоа дека од целокупната содржина на соопштениете приизлегува дека министерството ги презема сите мерки за вработените да не ја добијат својата плата, иако одамна е изминат законскиот рок за исплата, и ги упатува вработените да отпочнат судски постапки пред надлежен граѓански суд, сакаме јасно да ставиме до знаење дека вработените се подготвени своето право да го остваруваат и пред надлежниот граѓански суд доколку биде потребно. А дали министерот и сите останати кочничари се подготвени да сносат одговорност за повредата на правата од работен однос е нешто на што тие треба допрва да одговорат

Со почит,

СКРМ

Расте бројот на жртви во Јабланица, потрага по пет исчезнати лица

Расте бројот на жртвите од полавите во Босна, се трага  по пет исчезнати лица.

Досега се пронајдени 15 тела , а се трага по уште пет потенцијално исчезнати лица во Јабланица - машините се на терен, потребни за ваков тип на интервенција, бидејќи има многу наноси од камен, кои многу тешко се движат.

Сè „се слеваше“ во населбата, многу е тешко да се координира во овие услови. Вчера пристигнаа 36 членови на спасувачката екипа со 12 возила - наносите се високи, проблем е да се лоцираат жртвите.

Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина резултираа со загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20 домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици за своето здравје и безбедност.

„Балансерот“ в среда на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука

 Уставниот суд в среда на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд закажана за 9 октомври се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

притисни ентер