Дневен хороскоп за 13. ноември 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 13. ноември 2024 година. 

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Кети Пери прошета по црвениот тепих во провокативен фустан (ФОТО)

Пејачката Кети Пери го привлече вниманиетот во гламурозен, светкав сребрен фустан додека позираше на црвениот тепих на балот во Capital Jingle Bell.

Пејачката се одлучи за смел фустан со светки без градник под него додека се подготвуваше да настапи во лондонската О2 Арена на втората вечер од годишната божиќна екстраваганција на радио станицата.

Кејти ја истакна својата фигура во фустанот, кој имаше шлицови од страна и впечатлив шлиц до бутовите. Косата ѝ беше пуштена и брановидна, а аутфитот го комплетира со високи потпетици.

Таа за настапот носеше црвен топ без прерамки и мини здолниште. Го заокружи ансамблот со привлечни високи чизми од вештачко крзно до колена и мрежести чорапи.

Инаку, Пери се прослави со хитовите како I Kissed a Girl, Firework и Roar, кои ја лансираа на врвот на светските топ листи. Во текот на нејзината кариера таа освои бројни награди, меѓу кои и за жена на годината од Билборд. Таа беше номинирана и за 13 Греми.

Пејачката е свршена со актерот Орландо Блум, ѕвездата на „Господарот на прстените“, а ја имаат и четиригодишната ќерка Дејзи.

Над 26 лица се отруле со јаглерод моноксид во камп во Швајцарија

Најмалку 26 лица, од кои 17 се хоспитализирани, се отруени со јаглерод моноксид во кампот Гисвил во Швајцарија.

Според првичните информации, синоќа во еден шатор имало прекумерна акумулација на јаглерод моноксид, а околу 22 часот и 30 минути неколку лица ненадејно се онесвестиле или се пожалиле дека се чувствуваат лошо, соопшти денеска кантоналната полиција во Обвалден, пренесе Велт.

После тоа групата од 35 лица веднаш излегла на чист воздух. Според податоците на полицијата, затруени се вкупно 26 лица, од кои 17 се хоспитализирани.

Причината за зголемената акумулација на јаглерод моноксид ја истражува кантоналната полиција заедно со Институтот за судска медицина во Цирих, се вели во соопштението.

Инцидентот предизвика масовно распоредување на служби за итни случаи, а заедно со противпожарната служба беа распоредени спасувачки служби од најмалку седум кантони, два спасувачки хеликоптери и неколку полициски патроли.

Форд ја претстави новата Пума во електрична верзија (ВИДЕО)

По примерот на глобално успешниот Mustang mach-E, Ford лансираше помал автомобил.

Според најавите, изборот паднал на Puma, актуелниот продажен претставник на Ford на Стариот континент. Откако ја напуштија идејата Форд во Европа да стане целосно електричен до 2030 година, многумина мислеа дека и електричната Пума ќе биде одложена.

Новитетот пристигна и за разлика од другите два големи теренци, овој нема основа од Volkswagen. Puma Gen-E е целосно производ на Ford и визуелно е целосно базиран на бензинскиот оригинал.

Единствениот веднаш забележлив визуелен новитет е затворената предна решетка, моделирана по претходно споменатиот Mustang Mach-E. Листата на новитети завршува со нов дизајн на бандажи, редизајн на задниот спојлер и воведување нови бои во палетата.

Нема многу филозофија во однос на возењето. Има само еден избор, а тоа е електромоторот поставен напред со моќност од 123,5 kW (168 КС) и вртежен момент од 290 Nm.

Напојуван од батерија со капацитет од 43 kWh, обезбедува опсег од 376 km според WLTP или 364 km за Premium верзијата со поголеми тркала.

Се полни со моќност до 100 KW, што значи дека се доволни 23 минути за полнење на батеријата од 10 до 80% капацитет. Да кажеме и како електричната Puma спринтува до 100 km/h за осум секунди и вози до 160 km/h.

Нема значителни промени во кабината. Интересно е само тоа што Premium изданието носи богата опрема како што е B&O аудио систем. Дополнително се наплаќаат многу, но не и кога се во прашање придобивките како товарен простор од 574 литри назад и 43 литри напред.

Ford Puma Gen-E се произведува во романските погони, а во Германија започнува со цена од 36.900 евра.


притисни ентер