Дневен хороскоп за 29. мај 2023 година

Дневен хороскоп за понеделник, 29. мај 2023 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Можно е дека ќе следува покана за посета од вашето семејство , каде што ќе заминете со својата сакана личност.

Кариера

Притисокот од претпоставените не се намалува , а вие сте веќе уморни од тоа. Издржете уште малку , подоцна ќе ги сумирате резултатите.

Здравје и совет

Опуштете се со она што го сакате.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Домашната среќа ќе ви биде најважна. Оние во врска уживаат дома , а осамените нема премногу даас е ангажираат во зеведувањето.

Кариера

Веројатно сте на патување , кое ве радува. Ги завршувате работите со мал напор , а во исто време и се забавувате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи и издржете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Личност со која деловно соработувате би можела дас е заинтересира за вас , но вие засега ќе бидете на дистанца.

Кариера

Доколку пред вас поставуваат се поголеми и потешки задачи, тогаш треба да ги оправдате со сериозен напор.

Здравје и совет

Ќе сонувате пријатни сништа.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Доколку сте во врска , вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува. Доколку уште сте сами, излегувајте и ќе бидете забележани.

Кариера

Денеска е ден во кој одлично ќе се развиваат сите работи поврзани со луѓе. Не треба многу да зборувате , работите ќе се одвиваат самите од себе.

Здравје и совет

Влијаете врз настаните , искористете го тоа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Плимата на емоции што ве обзема, би можела да ве збуни. На некои ќе им се остварат љубовните сништа.

Кариера

Би можело да се случи оној чудесен ,,клик” , по што сите работи ќе си дојдат на свое место. Искористете го.

Здравје и совет

Не заборавајте на шефовите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Партнерот би можел денеска да биде малку повреден од некој ваш ненадеен испад. Затоа, контролирајте се за да не го нарушите солидниот однос.

Кариера

Не треба да се грижите , зашто работите за вас се одвиваат добро. денеска занимавајте се со ситни финансиски анализи.

Здравје и совет

Не се грижете за туѓи проблеми.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно ќе има ловечки приказни за ваѓите љубовни успеси , со кои ќе се обидете да ја импресионирате другата страна.

Кариера

Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале.Сега е на вас паметно да ја искористите.

Здравје и совет

Понекогаш треба и да се одморите .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Многу ќе се трудите да бидете љубезни и фини кон партнерот. На тој начин ќе ја средите малата напнатост во вашиот однос.

Кариера

Други ќе ве прашаат за ваше мислење за одредена тема , но вие она што го мислите кажете го дипломатски , а не директно.

Здравје и совет

Обидете се да најдете компромис.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата најсакана личност денеска би можела пријатно да ве изненади. Ќе биде подготвена да попушти во нешто околу што сте се расправале.

Кариера

Вашата енергија ќе биде заразна за околината. На многумина ќе им биде вистински поттик , зашто сте конструктивни и посветени на работата.

Здравје и совет

Бидете доследни .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе чувствувате дека денот би можел да биде добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу кандидати за љубов.

Кариера

Ќе посакате барем мала промена на работното место. Кога веќе ја нема , самите измислете ја, па дури и да е ситница.

Здравје и совет

Бидете нежни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Тешко дека денеска би можеле да се ставите во положбата на другата страна.Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање.

Кариера

Можеби на некого ќе му подвикнете да се опамети , иако тоа би можело да се примени и на вас.

Здравје и совет

Поработете на својот карактер.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Еден семеен проблем ќе биде се поголем, па затоа е потребно решавање.Тоа ќе ви одземе повеќе од слободното време.

Кариера

Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе заминат на пократок годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ја одработуваат работата.

Здравје и совет

Водете здрав живот.

Макрон: Г-20 треба да постигне согласност за поканата за Путин

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера дека земјите-членки на Г-20 мора претходно да се договорат пред да го поканат рускиот претседател Владимир Путин да Самитот на групата во Бразил во ноември.

- Поентата на овој клуб е дека треба да има консензус со другите 19 земји. Ова ќе биде работа за бразилската дипломатија. Ако таков состанок може да биде корисен, тогаш треба да се одржи, истакна Макрон на заедничката прес-конференција во Бразил со неговиот колега Луис Инасио Лула да Силва.

Бразил, актуелниот претседавач со групата Г20, која сочинува 80 проценти од светската економија, е против напорите предводени од САД да се изолира и казни Русија за нејзината инвазија врз Украина, тврдејќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и западните земји имаат вина за војната.

Путин не присуствуваше на минатогодишниот Самит на Г-20 во главниот град на Индија, Делхи, избегнувајќи можна политичка цензура и ризик од притвор по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во септември 2023 година, Лула изјави „нема шанси“ Путин да биде уапсен доколку присуствува на Самитот во Рио де Жанеиро. Набргу потоа, тој се обрати и изјави дека одлуката за евентуалното апсење на Путин ќе ја донесе судскиот систем, а не неговата влада./МИА

Украина: Соборени 84 од 99 руски беспилотни летала и проектили, оштетени три термоелектрани

Воздушна тревога е прогласена во текот на ноќта на целата територија на Украина.

Руски беспилотни летала и проектили синоќа гаѓаа електрани во источна и централна Украина, изјави денеска украинскиот министер за енергетика, а воздухопловните сили на земјата соопштија дека Русите истрелале 99 дронови и проектили на украинска територија, од кои успеале да уништат 84.

Воздушна тревога е прогласена во текот на ноќта на целата територија на Украина.

Варшава објави дека го засилила надзорот на полскиот воздушен простор поради зголемената воздушна активност.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека уништиле вкупно 84 истрелани руски ракети, од кои 58 биле беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство и 26 ракети.

Украинската енергетска компанија ДТЕК соопшти дека во синоќешните руски удари биле оштетени три украински термоцентрали.

Како што е наведено утрово, опремата на трите централи била тешко оштетена, а по нападот веднаш започнало отстранувањето на штетите.

Министерот за енергетика Герман Галушченко изјави дека во „силен напад“ ноќеска нападите биле насочени кон енергетските постројки во регионите Днепропетровск, Полтава и Черкас.

Гувернерот на областа Днепропетровск, Сергиј Лисак, изјави дека во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана собориле десет беспилотни летала над областа во регионите Павлоград, Криви Рог, Дњепар и Кајански.

Тој рече дека над Дњепар биле уништени четири проектили, дека се оштетени неколку електрани, а еден човек е повреден.

„Во Камјанск беше погодена земјоделска задруга, а пет лица се повредени, од кои двајца се во тешка состојба. Меѓу повредените има и петгодишно дете“, изјави гувернерот.

Вооружените сили на Полска објавија дека нејзините воени авиони биле подигнати за да го надгледуваат воздушниот простор како одговор на истреланите руски ракети во западна Украина.

Варшава во неделата објави дека руска крстосувачка ракета истрелана во правец на градовите во западна Украина навлегла во полскиот воздушен простор низ кој летала 39 секунди. /МИА

Полицијата изрече 207 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на земјава  за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 207 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место, информираат од МВР.

Тие најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

притисни ентер