До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Принцеза од Дубаи се развела од сопругот преку Инстаграм: Бидејќи си зафатен, еве вака

Ќерката на владетелот на Дубаи, шеиката Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, го напушти својот сопруг Ман Ал Мактум преку Инстаграм.

„Драг мажу, бидејќи си преокупиран со други, вака го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, пишува во објавата.

Двојката се откажала еден од друг на социјалните мрежи и двајцата ги отстранија сите објави на кои се појавуваат заедно на своите профили. Тие се венчаа пред нешто повеќе од една година, во мај 2023 година, а во мај оваа година добија ќерка. За оваа објава се уште никој официјално не проговорил – ниту „кралското“ семејство, ниту наводно напуштениот сопруг.

Некои мислат дека нејзиниот профил бил хакиран, додека други ја слават нејзината „храброст да се залага за нејзините права“. Како и да е, сигурно е дека за оваа приказна ќе се слуша повеќе... Инаку, Махра е ќерка на Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на Дубаи и премиер на Обединетите Арапски Емирати. Студирала во Обединетото Кралство и редовно се залага за правата на жените во нејзината земја. Нејзиниот сопруг, од друга страна, е познат по дружењето со озлогласениот Ендру Тејт, самопрогласен женомрзец, обвинет за трговија со луѓе и силување.

Дали е возможно ГТЦ да го врати стариот сјај?

Откако во Градскиот трговски центар падна клима, а со неа и дел од плафонот, повторно се отвора прашањето во каква состојба е некогашниот архитектонски симбол на Скопје и каква ќе биде неговата иднина?

Директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски за Канал 5 објаснува дека станува збор за дуќан кој е затворен повеќе од 10 години, па најверојатно поради корозија држачите од климата попуштиле. Тој вели дека тие се немоќни да сторат било што, бидејќи дуќаните се приватни и одрќувањето е одговорност на сопствениците.

-Над кровот поставена е надворешна единица клима пред повеќе од 10 години, претпоставуваме држачите попуштиле и климата паднала и затоа се срушил и кровот, а дуќанот е затворен повеќе од 10 години. Апелирам до сите сопственици на деловен простор да си ги проверат надворешните единици односно држачите, доколку се кородирани, оштетени да не дојде до вакви ситуации да си ги променат,- - Ѓоко Трајчевски – директор на ГТЦ.

Овој настан е само последен во низа кој најдобро ја покажува тажната состојба во која се наоѓа нашиот архитектонски бисер ГТЦ, што е најстар трговски центар во поранешна Југославија.

Се повеќе продавници се празни, а немасто луксузни брендови се почесто го гледаме ова. (инсерт затоврена продавница)

Најгорниот кат на тровскиот е речиси празен што е целосно несфатливо, имајќи предвид дека ГТЦ се наоѓа во најстрогиот и најатрактивниот дел од градот. Наместо граѓани тука шетаат бездомни животни за кои трговскиот центар станал засолниште.

Во некогашниот омилен трговски центар на скопјани голем дел од дуќаните зјаат празни и затворени, а тоа најдобро може да се забележи со искачување кон горните катови.

За запуштеноста и нефукционалноста на објектот сведочат и искршените плочки, празните жадрињери и несреденото зеленило , распаднатата плафонска ламперија од која висат извлечени кабли. Не работат и дел од ескалаторите, а во делови низ објектот можат да се забележат и отпадоци.

Граѓаните кои ги анкетиравме се сеќаваат на трговскиот центар како еден од главните симболи на градот, за кој порано пишуваа познати светски архитекти како објект со кој можеме да се гореедме..

- Кога трговски го пуштија порано беше актракција за нас скопјаните, убаво фино се на едно место имавме, после Нама што ни беше претходно. Меѓутоа сега е празен, сега е запуштен и не се одржува како што треба, а инаку е многу фунционален во однос на другите, има прилази од сите страни затоа го гуштавме и не дававме да му се смени изгледот..

- Треба да се поправи, да се реновира, да се дотера. Метропола нели сакаме да биде Скопје? Па тоа личи на метропола? Неможеш долу да отидеш до тоалет.

Изграден пред 51 година, ГТЦ сега нема ни дел од славата која некогаш ја имаше. Во годините по осамостојувањето нанапред беше затоврен со импровизиран покрив, дел му беше срушен за изградба на монтажен лифт. План за негова обнова имаше Владата на Грувски, со цел тој да се обнови целосно и да има баркна фасада. Тоа беше повод за протести и гушкање на ГТЦ. За жал освен неколку дневно гушкање, по прмената на Власта, за него не беше направено буквално ништо.

Зошто непалските работници „исчезнуваат“ од Македонија?

Иако беа најавени како решение за проблемот со недостиг на работна сила во земјава, сезонските работници се почесто си заминуваат од Македонија.

Полициските билтени во последниот период се полнат со случаи на како што пријавуваат газдите „исчезнати“ работници од работните места.

Според познавачите, ваквата ситуација не треба воопшто да не изненадува и е показател дека за многумина странци, Македонија е само билет кон поразвиените земји од Западна Европа.

А токму увозот на сезонски работници се наметна како потреба уште на почетокот на минатата година. Некогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќ, уште тогаш порача дека увозот на работници е потребен доколку земјава сака забрзан економски раст.

-Просечната плата кај нас стигна 550 евра, платата каде што одат да работат е 1100 евра, а земјите од кои што ќе доаѓаат најверојатно работници во рударство и градежништво, е просечна 200 евра. Така да, тоа е природен циклус на движење на работна сила за подобро. Сметам дека луѓето од регионот првично би требало да се искористат, а потоа оставаме отворено,- Фатмир Битиќи.

Во последните четири месеци, регистрирани биле триесетина „исчезнувања“ на работници од Непал од земјава.

притисни ентер