Дончиќ стана татко

НБА лигашот Далас загуби синоќа на домашен терен од Мемфис (94-108) во отсуство на својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ, кој присуствуваше на раѓање на своето дете.

Дончиќ, кој живее со својата вереница Анамарија Голтес, ја сподели на Инстаграм радосната вест за раѓањето на нивната ќерка Габриела.

Изминатата ноќ на кошаркарските терени во НБА лигата ја одбележи деветтата победа во серија на Орландо, кој со триумфот над Вашингтон (130-125) го израмни рекордот на франшизата според бројот на последователни триумфи.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Орландо – Вашингтон 130-125

Бостон – Филаделфија 125-119

Торонто – Њујорк 106-119

Далас – Мемфис 94-108

Њу Орлеанс Сан Антонио 121-106

Феникс – Денвер 111-119.

Британија издвојува 245 милиони фунти за помош на украинската армија

Велика Британија ќе одвои 245 милиони фунти за помош на вооружените сили на Украина, за набавка на муниција и ревитализација на синџирот за снабдување со гранати, соопшти денеска британската влада.

Најавено е и потпишување на серија договори во вредност од милион фунти, меѓу агенцијата за набавка на оружје на британското Министерство за одбрана и компанијата „Кук дефенс системс“ за набавка на стотина резервни делови гасеници за поправка на украински тенкови и други оклопни возила.

Министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шепс, во четвртокот во Парламентот ја потврди испораката на дополнителни 200 противтенковски ракети „Brimstone AFU“, со што вкупниот број на испорачани проектили од овој тип во Украина се зголеми на повеќе од 1.300. /МИА

Хамилтон ќе се обиде да научи италијански пред да се приклучи на Ферари

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон одговори на прашањето дали ќе научи италијански пред да се приклучи на Ферари во 2025 година.

- Во сите овие години не можев да научам други јазици, но секако дека ќе се обидам. Се сеќавам кога се тркав со картинг во Италија, можев да научам нешто, па се надевам дека брзо ќе се сетам на овие фрази, изјави Хамилтон за официјалната веб-страница на Формула 1.

Британецот вози за Мерцедес од 2013 година. На 1 февруари се дозна дека на крајот на сезоната 2024 година ќе го напушти германскиот тим и ќе се приклучи на Ферари. Беше објавено дека Хамилтон потпишал долгорочен договор со Скудерија.

Минатата сезона, 39-годишниот Хамилтон го освои третото место во генералниот пласман на возачи, со 234 поени. /МИА

Кржовска:Случајот е пријавен во надлежните институции, ученичката доби опомена пред исклучување

Доцна попладнево со став излезе директорката на гимназијата Јосип Броз Тито, Силвана Кржовска.

Таа потврдува дека во врска со вчерашни случувања било пријавено во надлежните институции кои имаат надлежност за понатамошно постапување, без да наведе повеќе детали за какво вознемирување станувало збор.. Таа посочува дека бил одржан наставнички совет, кој едногласно изрекол педагошка мерка опомена пред исклучување за ученичката, а дека не се работело за префрлување во друг клас како што е презентирано во јавноста..

притисни ентер