ДСЗИ за смртта на 5 годишното дете: Констатирани се недостатоци

Констатирани се недостатоци во водењето на медицинската документација

Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат утврди недостатоци во однос на водењето на медицинската документација во делот на дијагнозата кај петгодишното дете кое почина со дијагноза менигоенцефалитис. Исто така, ДСЗИ има забелешки во однос на работата во делот кога на дежурства се ангажираат само специјализанти. Според извештајот на ДСЗИ детето било донесено на трети Октомври заради силна главоболка и покачена температура. Му била дадена терапија и било пушетно дома, кога било донесено на контролен преглед направени се испитувања и упатено кај матичен лекар. На 6 Октомври повтоно е донесено на клиниката со висока температура и било хоспитализиран. Осум дена подоцна детето било со пад на сатурацијата истото било интубирано. На клиниката биле реализирано конзилијарни прегледи од кардиолог, инфекотлог, нефролог и детски хирург. Детето починало на петти Ноември. Како причина била наведена менигоенцефалитис, но истиот не бил лабораторски потврден. Обдукција не била направена по барање на родителите.

„Според законот за санитарната и здравствената инспекција до министерот за здравство ќе иницира постапка за сгтручен надзор над лекувањето на детето“, велат ДСЗИ.

Денеска состојбата на Клиниката за детски болести беше и тема на ДУИ и на министерот за здравство Таравари. Демократската унија за интеграција побара Таравари да си поднесе оставка и да преземе одговорност за неколкуте трагични настани што се случија изминатиот период.

„Во изминатите месеци, здравствениот систем во Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство“ велат од ДУИ во денешното соопштение.

Според Таравари во целиот случај има и политичка позадина. ДУИ сака да прикаже катастрофа откако не се на власт и злоупотребува смрт на дете за да добие поени.

„Не треба да се политизираат случаите каде навистина детето било болно, со тешка патологија од менгоцефалити секаде починуваат деца. Директорот на клиниката покажаа морталитетот да го тргнат вниманието ајде да кажаме починало дете. Каде имаше лекарски грешки ние превзмеавме. Сите тешки пациенти починуваат во болница“, вели Таравари.

Последните два месеци на клиниката починаа три деца. За 14 месечното бебе се уште се чека одговор од лекарскат акомора каде треба да се состане судаот на честа за да утврдат дали имало пропуст во работата на детската клиника и болницата Козле.

Хорор во Германија: Доктор се сомничи за смрт на десетици пациенти, имал желба да убива

Доктор од палијативната клиника во Берлин, Јоханес М. (40) од август е во притвор поради сомнение дека убил неколку пациенти.

Обвинителството во моментов го товари за осум убиства, а како мотив ја наведува чистата желба за убиство, објави Билд.

Поради овој случај, формирана е посебна група за испитување на здравствените картони на пациентите. Во меѓувреме, групата идентификувала најмалку 40 лица за кои се сомнева дека биле убиени од Јоханис.

„Останува уште да ја разгледаме евиденцијата на пациентите, процесот не е завршен. Не можеме да ја исклучиме можноста да има уште случаи за кои ќе претпоставуваме дека е сторено кривично дело“, изјави портпаролот на обвинителството, Себастијан Бихер.

Овој случај ги потсети сите на серискиот убиец Нилс Хогел, кој ги убиваше пациентите со инјектирање дрога. Тој е осуден на доживотен затвор за убиство на 85 пациенти.

Јоханис до неодамна работел како лекар во центарот за палијативна нега во Берлин, но по потекло е од Франкфурт.

Се сомнева дека лекарот им давал смртоносен коктел од лекови на палијативни пациенти. Се сомнева дека потоа ги запалувал становите на жртвите за да го прикрие делото.

Во 2012 година, тој напиша труд на тема „Престапи за убиства во Франкфурт од 1945 до 2008 година“. Во овој труд, 117 страници биле со дискусии за убиство и убиство од небрежност.

Двете жртви, за кои се сомнева дека ги убил Јоханис, биле ексхумирани, а целиот процес бил многу емотивен за роднините.

Потрошил 500.000 евра за онлајн симпатија, останал без пари– само сакал да му шепне еден збор

Човек од Кина, чие презиме е Хонг, се најде во центарот на вниманието на локалните медиуми, бидејќи потрошил четири милиони јуани (над 500.000 евра) за симпатија на интернет.

Тој следел неименувана стримерка на мрежите, на која ѝ праќал пари, поточно семејните заштеди, за да заврши во сериозна неволја.

Кога семејството од провинцијата Жеџијанг сфатило што се случува, на младиот човек му бил прекинат пристапот до пари. Сепак, тој не застанал, бидејќи со текот на времето развил опсесија за девојката, која никогаш не ја запознал лично, пренесува South China Morning Post.

Во тоа време, тој работел во продавница за железарија каде што почнал да краде бакар и да го препродава на локалните ѓубришта. На крајот било откриено дека од магацинот недостасуваат големи количини материјал, па била алармирана полицијата.

По истрагата, Хонг завршил во притвор. Најпрво признал две кражби, но притиснат од докази - снимени финансиски трансакции, необјаснети приходи, трошоци на платформа за стриминг, морал сѐ да објасни.

Полицијата го сомничи за 40 кражби (од мај до октомври), а сите пари што ги обезбедил ги потрошил на неименуваната стримерка. На прашањето зошто го направил тоа, тој кратко одговорил:

„Не сакав да ја запознаам. Само сакав да ја слушнам како ме вика „брат““.

Властите слушнале дека со текот на времето дошол на работ на гладување и дека бил принуден да јаде обични лепчиња за да се прехрани.

На германскиот брег за три дена биле исфрлени 150 килограми кокаин: Им пропаднала продажбата

Одвреме-навреме брановите исфрлаат пакети со дрога на германските плажи, а овој пат се работи за 150 килограми кокаин.

Се претпоставува дека пропаднало планираното предавање на шверцерите на море, пишува ДВ.

Онаму каде што Северното Море вообичаено исфрла отпад од дрво и пластичен отпад, деновиве може да се најде нешто друго. Имено, на плажите на германските острови Фер, Зилт и Амрум бранови во последните три дена исфрлиле неколку пакувања со кокаин. Досега се откриени вкупно 150 килограми дрога, која се прави од листови кока од Јужна Америка.

Надлежната Царинска управа во Хамбург соопшти дека тоа што толку големо количество нелегална стока се појавило на брегот на германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн, можеби е поврзано со морските струи. Потрагата продолжува, особено на Зилт. Германските служби контактирале и со своите колеги во Данска, северниот сосед на Германија. Но, во моментов на тамошните плажи не е пронајдена дрога.

Царината на Хамбург соопшти дека во тек се истраги за потеклото на пакетот и транспортните средства, како и за потенцијалните шверцери. Можеби имало неуспешно предавање на море, изјави портпаролот на Царинската управа. Но, додаде тој, исто така е можно кокаинот да бил прикачен на надворешната страна на чамецот од страна на дилерите и случајно да се изгубил во силните струи и бранови.

Инспекторите најавија натамошна потрага по плажите во наредните денови. Дополнително, тие бараат од посетителите на плажите да се држат настрана од пакетите што може да ги исфрлат на брегот од морето или сомнителните предмети и веднаш да ја известат царината или полицијата.

Одвреме-навреме се случува шверцерите да губат дрога на море. На источнофризискиот брег на Северното Море во последниве години веќе се исфрлени вреќи со дрога. Минатиот април, турист откри нешто спектакуларно на островот Боркум во Германија: неколку сомнителни торби закачени на појас за спасување биле исфрлени на плажата од брановите. Државното обвинителство подоцна потврдило дека во нив имало речиси еден тон кокаин.

Окружниот суд во Олденбург на крајот на ноември осуди двајца мажи на затворски казни. Тие биле уапсени додека трагале по изгубениот кокаин во близина на источнофризискиот остров Спикеруг.

Според сознанијата на судот, непознати лица го фрлиле тој товар од бродот во морето, но очигледно не во договореното време, поради што пропаднало преземањето на дрогата на отворено море. Пресудата се уште не е правосилна. Не се знае каде завршил кокаинот.

Неодамна пакувања со кокаин биле откриени и на брегот на Балтичкото Море, на плажата во германскиот град Хајлигенхафен. Царинската управа до средината на ноември немала конкретни податоци за потеклото на кокаинот.

Шверцот на кокаин во Европа значително се зголеми во последните години. Надлежните служби во пристаништата често пресретнуваат пратки со дрога со тежина од неколку тони. Во септември, истражителите во Хамбург пронашле околу 2,1 тони дрога во контејнер за ладење со банани од Јужна Америка. Во ноември, речиси 600 килограми кокаин во кутии со банани биле откриени во складиште за овошје во Саксонија.

притисни ентер