ДЗР го објави конечниот ревизорски извештај на Агенцијата за вработување

Исплатени 2.8 милијарди денари за паричен надоместок на невработените лица и за активни мерки за вработување

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенција за вработување на Република Македонија за 2022 година. Со извршената ревизија за 2022 година изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

Со спроведената ревизија ревизорите утврдиле дека исплатата на средства за паричен надомест во случај на невработеност во 2022 година се во висина од 1.407.710 илјади денари, што претставува 42,62% од вкупните расходи на АВРМ, и во однос на 2021 година исплатениот износ бележи намалување за 116.247 илјади денари.

Со проверка на функционирањето на постапката за остварување на право на паричен надоместок на избран примерок на предмети за 2022 година ревизорите утврдиле дека кај дел од анализираните предмети документацијата е некомплетна, а дел од документацијата се обезбеува или се изготвува по истекот на законски утврдениот рок.

За реализација на вкупно 14 програми и мерки за вработување предвидени со Оперативниот план во 2022 година исплатени се вкупно 1.420.003 илјади денари односно 43% од вкупните расходи на АВРМ. Овој износ бележи зголемување во однос на 2020 и 2021 година и тоа за 148.902 илјади денари во однос на 2020 година, или во однос на вкупните расходи на АВРМ за овој период се јавува зголемување од 4%.

Со анализа на поединечните мерки ревизорите утврдиле дека за три мерки – Субвенционирање на плати, Вработување и раст на правни субјекти и Практикантство за кои е исплатен вкупен износ од 468.126 илјади денари во ОУ1 и ОП2 не се вклучени одредби врз основа на кои ќе се изработат ранг листи на лица на кои ќе им бидат одобрени средства и лица кои ќе бидат одбиени во случај на поголем број на пријавени кандидати при што усвоена е пракса за одобрување на апликациите по принцип прв пристигнат прв услужен.

При распределбата на средства ревизорите утврдиле дека не е почитуван принципот на рамномерен регионален развој на осумте плански региони на начин на кој е дефиниран во ОУ и ОП. Притоа за дел од планските региони се исплаќа повисок износ на средства во однос на утврдените проценти за учество во Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеноста. Повисок износ е исплатен кај скопскиот плански регион и планските региони во западниот дел од земјата при што во поедини случаи надминувањето е и двапати поголемо, додека за планските региони од централниот и источниот дел на земјата е исплатен понизок износ од утврдената квота со одлуката.

Во делот на административното работење на АВРМ ревизорите утврдиле:

- слабости во делот на пописот на опремата и усогласување со податоците во сметководствената евиденција со фактичка состојба во однос на сметководствената евиденција на залихата на материјали;

- не воспоставен контролен механизам за следење на побарувањата по основ на остварените приходи од неуплатен придонес за вработување и невоспоставена меѓу институционална комуникација за евиденција на пресметана обврска за уплата на сите обврзници

- исплата на додаток на плата заради зголемен обем на работа за кој не постои соодветен законски основ и без утврдени критериуми за избор на вработените лица кои го добиваат овој додаток;

- ангажман на лица вработени на определено време за вршење на редовни работни задачи при што се надминуваат и временските лимити за нивни ангажман;

- интерните контроли во врска користење на средствата доделени за активните мерки за вработување се слаби, при што кај поедини ЦВ не се врши проверка и одобрување од страна на одговорните лица на доставените про-фактури и фактури кои се однесуваат за набавките на материјал/опрема услуги и изградба, дел од средствата се ненаменски потрошени за набавки кои не се поврзани со доставените бизнис планови на корисниците на средствата.

Во делот на Останати прашања ревизорите меѓу другото ги истакнуваат прашањата поврзани со утврдените состојби во делот на недоречености во делот на правната рамка која обезбедува услови за остварување на правата од ПН кои придонесуваат за не воедначена примена во пракса, кои се однесуваат на начинот на пресметка на висината на ПН при работа со неполно работно време и на условите за престанок на правото на ПН, се наведува во соопштението од ДЗР.

Разбеснет кит скока врз бротче и ги катапултира рибарите - исплашен тинејџер снимал (ВИДЕО)

Застрашувачката снимка е снимена на брегот на Њу Хемпшир, кога рибарски брод бил на удар на разбеснет грбав кит.

Двајца рибари се катапултирале во морето откако монструозното животно „скокнало“ на пловилото! Сцената ја забележале млади луѓе на брод, а еден од нив имал камера.

Бродот плутал некое време, а потоа почнал да тоне. Сепак, бил извлечен на брегот со акција на другите рибари.

Според извештаите, за време на инцидентот немало повредени, пишува Дејли Мејл.

Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од глетката, особено затоа што грбавите китови - за разлика од орките, ретко напаѓаат бродови.

„Ова е неверојатно и не е случајно“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Целосно луда сцена“.

Експертите за морски животни веруваат дека китот е стар две години и претходно бил забележан околу границата на Мејн и Њу Хемпшир.

Останува нејасно што го поттикнало да го нападне рибарскиот брод.

Мистеризона смрт: Излегла на вечера со пријателите, се разболела и починала по два дена

Сицилијанка ненадејно починала за време на викендоv, откако излегла на вечера со пријателите.

Официјалните лица наредија обдукција за да се утврдат причините за смртта, објави РАИ.

Џулијана Фарачи (40) од областа Месина на Сицилија, во петокот вечерта излегла со пријателите на вечера. Првите симптоми на болеста се појавиле во саботата попладне.

Џулијана се пожалила на треска и повраќање, а бидејќи состојбата ѝ се влошила во неделата, повикала итна помош и лекарите направиле електрокардиограм. Следното утро била пронајдена без знаци на живот.

Џулијана починала во сон, а нејзиното тело е пренесено на обдукција.

Заменик-обвинителот Андреа Аполонио отвори истрага за случајот, а сестрата на Џулијана, придружувана од адвокатот Салваторе Манкузо, отиде во полициска станица да поднесе пријава и да побара обдукција за да се разјаснат причините за смртта.

Според адвокатот, Џулијана за време на вечерата со пријателите не јадела суши или сирова риба, со што ги демантираше натписите кои кружеа во некои медиуми.

„Тоа што некои весници го пишуваат не е точно, самоволно претпоставувајќи ја можната причина за труење со храна и смртта како последица. Ги чекаме резултатите од обдукцијата за да добиеме медицинско-правни појаснувања за причините за оваа трагична и прерана смрт“, вели адвокатот.

Според него, ниту една од нејзините пријатели со кои вечерала не се разболела.

Меѓу жителите на Санта Агата ди Милитело, каде што живеела Џулијана, владее шок и тага. Никому не му е јасно како дошло до оваа мистериозна смрт, додека истрагата продолжува.

Хали Бери позира топлес со мачки: Засекогаш останува Жена-мачка (ФОТО)

Актерката Хали Бери (57) е активна на својот Инстаграм профил.

Овој пат со објава покажа колку е горда на себе и улогата која ја одигра во филмот Catwoman од 2004 година.

„Денес се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој легендарен лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам Patience Phillips, или Catwoman “, напишала Хали заедно со фотографиите на кои позира во гаќички со маска на лицето. Градите ги покрила со своите миленици, мачките кои неодамна ги посвоила.

„Ова е најжешката жена досега“, „Безвременска убавица“, „Најдоброто од најдобрите“, „Подготвени сме за продолжение“, беа само дел од коментарите на нејзините фанови.

Пред неколку недели објави дека мачките со кои сега позира се викаат Бутс и Коко и дека ги пронашла заедно со уште две мачиња и нивната мајка во својата градина. "Ја стерилизирав нивната мајка и ја пуштив назад во мојата градина и сега е наша! Ги посвоив другите две бебиња што ги најдовме, а овие две малечки сега се нашите нови љубови! Секогаш имаме полна куќа", напишала Хали.

притисни ентер