Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај Рибарци

Едно лице загинало на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот кај село Рибарци, на регионалниот пат од Кавадарци кон Росоман. 

Оваа информација ја потврдија за МИА од Итната медицинска помош во Кавадарци.

- Трите лица се транспортирани до кавадаречката болница, додадоа од Брза помош Кавадарци.

Од СВР Велес потврдија за МИА дека на лице место се врши увид, по случена сообраќајна несреќа помеѓу две возила.

Возило од обезбедувањето на Гаши излета кај Ново Село - тројца повредени

Тешка сообраќајна нсреќа се случила утрово пред Охрид, во близна на Ново Село во кое учествувало возило на обезбедувањето на собранискиот спикер Гаши, потврдуваат од СВР Охрид  за Канал 5.

Повредени се три лица кои се пренесени во болницата “Свети Еразмо”. Собранискиот спикер Гаши денеска е во работна посета на Охрид, каде е предвидено да оствари средба со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков и да ги посети канцелариите за контакт со граѓаните.

Формирана Комисија за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) формираше Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, клучен механизам за мониторинг и брза реакција.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) формираше Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, клучен механизам за мониторинг и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации или нарушувања во енергетскиот систем.

На првиот состанок, како што соопштија од МЕРМС, Комисијата ги постави основите за нејзиното работење и го усвои планот за редовна анализа на состојбите на домашниот и регионалниот енергетски пазар. Формирањето на Комисијата е иницијатива на министерката за енергетика, Сања Божиновска, со цел унапредување на енергетската безбедност и навремено справување со итни ситуации, како хаварии или природни непогоди.

Комисијата ќе биде одговорна за координација помеѓу сите релевантни институции, енергетски компании и експерти; за постојано следење на снабдувањето со електрична енергија; за анализа на пазарните состојби и потенцијалните ризици; за предлагање конкретни мерки за спречување на кризни сценарија.

- Формирањето на оваа Комисија е пример за проактивност во енергетскиот сектор. Целта не е само реакција на криза, туку и градење систем кој превенира и обезбедува стабилност за граѓаните и економијата, изјави министерката Божиновска.

Комисијата ќе се состанува редовно за да ги анализира состојбите, а во услови на прогласена криза, состаноците ќе се одржуваат секојдневно. Покрај претставници од Министерството, во работата ќе бидат вклучени и надворешни експерти за обезбедување на сеопфатни и навремени решенија.

Министерството ќе ја информира јавноста за сите препораки и одлуки на Комисијата, како и за конкретните чекори кои ќе се преземат за унапредување на енергетската безбедност.

Со оваа иницијатива, Македонија се позиционира како одговорен енергетски актер кој проактивно ги адресира предизвиците на современото енергетско опкружување, наведуваат од МЕРМС.

ПСЖ ги прекина преговорите со Донарума за нов договор

Преговорите меѓу Пари Сен Жермен и голманот Џанлуиџи Донарума за нов договор се ставени во мирување на иницијатива на клубот, пренесува новинарот Фабрис Хокинс.

Како што напоменува изворот, раководството на парижаните смета дека моменталното ниво на фудбалерот не соодветствува со зголемувањето на платата што го посакува италијанскиот интернационалец.

Донарума за ПСЖ игра од 2021 година. Оваа сезона, 25-годишниот голман забележа 12 настапи за францускиот клуб во сите натпреварувања и прими 14 гола. Два пати ја зачува својата мрежа „сува“. Договорот на Италијанецот со парижаните е до 30 јуни 2026 година.

Минатото лето, рускиот голман Матвеи Сафонов се приклучи на тимот на Луис Енрике за околу 15 милиони евра.

притисни ентер