ЕУ со амбиција да остане глобален лидер во третманите со медицински радиоизотопи

Советот на ЕУ денеска усвои заклучоци за снабдување со медицински радиоизотопи.

Советот на ЕУ денеска усвои заклучоци за снабдување со медицински радиоизотопи, кои играат витална улога во дијагностицирањето на ракот, утврдување на срцеви состојби и други болести и се повеќе се користат за третмани на канцер, а со цел да се задржат автономијата и глобалното лидерство на Европа на ова поле.

Снабдувањето со медицински радиоизотопи е еден од приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, како одраз на посветеноста на Унијата и на земјите членки да им обезбедат на граѓаните високо ниво на здравствена заштита со нагласена улога на радиоизотопите за медицинската дијагностика и терапија и зголемена употреба на терапевтски радиофармацевтски производи.

- Транспортот на радиоизотопи низ ЕУ е од витално значење за да се обезбеди пристап за пациентите, имајќи предвид дека некои од нив мора да се користат во рок од неколку часа или денови по производството, како и фактот дека производството е главно концентрирано во само неколку членки државите. Со цел да се осигура дека лекарите можат да ги отстранат релевантните медицински изотопи кога и каде им се потребни, важно е сите вклучени да имаат јасно разбирање за идната побарувачка и понуда, се наведува во заклучоците.

Советот на ЕУ воедно ги повикува Европската комисија, Агенцијата за снабдување на Евроатом и земјите членки, како и индустријата на ова поле да продолжат со напорите за обезбедување на сигурно снабдување со изворни материјали за производство на радиоизотопи.

- Советот дополнително го нагласува важниот придонес на европските нуклеарни истражувачки реактори и други нуклеарни капацитети способни да произведуваат медицински радиоизотопи на ниво потребни за долгорочните потреби во Европската Унија, се потенцира во заклучоците.

Во врска со усвојувањето на заклучоците белгиската министерка за енергетика Тине Ван дер Стратен истакна дека секоја година околу 10 милиони процедури за дијагноза или третман на срцеви, невролошки и канцерогени заболувања во Европа се засноваат на радиоизотопи, што ја наметнува потребата од автономија во нуклеарната медицина како прашање на зачувување на човечки животи.

- Денеска ги одобривме заклучоците за да обезбедиме безбедно снабдување со радиоизотопи и пристап до нив низ ЕУ, истовремено одржувајќи ги истражувањата и иновациите за да се задоволи зголемената потреба за радиофармацевтски производи, истакна Ван дер Стратен..

Европскиот совет во 2019 година ја повика Еврокомисијата да развие акциски план за неенергетските нуклеарни и радиолошки технологии и медицински радиоизотопи. По ова, во 2021 година, ЕК ја усвои Стратешката агенда за медицински апликации за јонизирачко зрачење (САМИРА), како сеопфатен акциски план за поддршка на безбедно, висококвалитетно и доверливо користење на радиолошката и нуклеарната технологија во здравството, со цел да се дополнителен придонес на Европскиот план за победување на ракот. /МИА

Разбеснет кит скока врз бротче и ги катапултира рибарите - исплашен тинејџер снимал (ВИДЕО)

Застрашувачката снимка е снимена на брегот на Њу Хемпшир, кога рибарски брод бил на удар на разбеснет грбав кит.

Двајца рибари се катапултирале во морето откако монструозното животно „скокнало“ на пловилото! Сцената ја забележале млади луѓе на брод, а еден од нив имал камера.

Бродот плутал некое време, а потоа почнал да тоне. Сепак, бил извлечен на брегот со акција на другите рибари.

Според извештаите, за време на инцидентот немало повредени, пишува Дејли Мејл.

Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од глетката, особено затоа што грбавите китови - за разлика од орките, ретко напаѓаат бродови.

„Ова е неверојатно и не е случајно“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Целосно луда сцена“.

Експертите за морски животни веруваат дека китот е стар две години и претходно бил забележан околу границата на Мејн и Њу Хемпшир.

Останува нејасно што го поттикнало да го нападне рибарскиот брод.

Мистеризона смрт: Излегла на вечера со пријателите, се разболела и починала по два дена

Сицилијанка ненадејно починала за време на викендоv, откако излегла на вечера со пријателите.

Официјалните лица наредија обдукција за да се утврдат причините за смртта, објави РАИ.

Џулијана Фарачи (40) од областа Месина на Сицилија, во петокот вечерта излегла со пријателите на вечера. Првите симптоми на болеста се појавиле во саботата попладне.

Џулијана се пожалила на треска и повраќање, а бидејќи состојбата ѝ се влошила во неделата, повикала итна помош и лекарите направиле електрокардиограм. Следното утро била пронајдена без знаци на живот.

Џулијана починала во сон, а нејзиното тело е пренесено на обдукција.

Заменик-обвинителот Андреа Аполонио отвори истрага за случајот, а сестрата на Џулијана, придружувана од адвокатот Салваторе Манкузо, отиде во полициска станица да поднесе пријава и да побара обдукција за да се разјаснат причините за смртта.

Според адвокатот, Џулијана за време на вечерата со пријателите не јадела суши или сирова риба, со што ги демантираше натписите кои кружеа во некои медиуми.

„Тоа што некои весници го пишуваат не е точно, самоволно претпоставувајќи ја можната причина за труење со храна и смртта како последица. Ги чекаме резултатите од обдукцијата за да добиеме медицинско-правни појаснувања за причините за оваа трагична и прерана смрт“, вели адвокатот.

Според него, ниту една од нејзините пријатели со кои вечерала не се разболела.

Меѓу жителите на Санта Агата ди Милитело, каде што живеела Џулијана, владее шок и тага. Никому не му е јасно како дошло до оваа мистериозна смрт, додека истрагата продолжува.

Хали Бери позира топлес со мачки: Засекогаш останува Жена-мачка (ФОТО)

Актерката Хали Бери (57) е активна на својот Инстаграм профил.

Овој пат со објава покажа колку е горда на себе и улогата која ја одигра во филмот Catwoman од 2004 година.

„Денес се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој легендарен лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам Patience Phillips, или Catwoman “, напишала Хали заедно со фотографиите на кои позира во гаќички со маска на лицето. Градите ги покрила со своите миленици, мачките кои неодамна ги посвоила.

„Ова е најжешката жена досега“, „Безвременска убавица“, „Најдоброто од најдобрите“, „Подготвени сме за продолжение“, беа само дел од коментарите на нејзините фанови.

Пред неколку недели објави дека мачките со кои сега позира се викаат Бутс и Коко и дека ги пронашла заедно со уште две мачиња и нивната мајка во својата градина. "Ја стерилизирав нивната мајка и ја пуштив назад во мојата градина и сега е наша! Ги посвоив другите две бебиња што ги најдовме, а овие две малечки сега се нашите нови љубови! Секогаш имаме полна куќа", напишала Хали.

притисни ентер