Финска: Стрип „Астерикс“ објавен на редок шведски дијалект што е пред изумирање

 Стрип за авантурите на Астерикс е објавен на редок шведски дијалект, којшто го говорат само 7.000 луѓе во западна Финска, изјави Јон Хагнас, директор на проектот.

Стрипот „Големата транзиција“, објавен во 1975 година, од денес е достапен на тоа шведско наречје, како дел од напорите тоа да се одржи во живот, објави „Фигаро“.

Финскиот е мајчин јазик на мнозинството од околу 5,5 милиони жители на Финска, а шведскиот го говорат нешто повеќе од пет отсто од жителите кои живеат на западот на оваа земја. /МИА

Дилета Леота го засени ждребањето на ФИФА во Мајами (ВИДЕО)

Во Мајами се одржува ждрепката за Светското клупско првенство 2025 година, а главна ѕвезда на вечерта е познатата спортска новинарка Дилета Леота.

Имено, таа е една од водителите на церемонијата, односно водителката, а кога влезе, сите присутни останаа без зборови, а сите погледи беа вперени во Дилета.

На свеченоста се присутни и фудбалските легенди како Алесандро Дел Пјеро и Роналдо Луис Назарио де Лима, а секако таму е и претседателот на ФАФА Џани Инфантино.

На Светското клупско првенство ќе учествуваат 32 најдобри селекции во светот, а ќе се одржи во летото 2025 година.

Белгиските земјоделци повторно излегоа на улиците- се противат на договорот на ЕУ и Меркосур

Белгиските земјоделци од Валонија денеска протестираа на патиштата во близина на границите со Франција и Германија и го блокираат сообраќајот.

Белгиските земјоделци од Валонија денеска протестираа на патиштата во близина на границите со Франција и Германија и го блокираат сообраќајот за да го изразат своето противење на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и јужноафриканските земји Меркосур.

Како што јави Brussels Times, протестот започна вчера во 21 часот и е планирано да трае 24 часа.

- Во февруари, во екот на кризата, политичарите дадоа убави ветувања. Не го исполнија мнозинството. Денеска се подготвени да гласаат за договорот Меркосур. Не го сакаме тој договор што ќе овозможи увоз на производи кои не ги исполнуваат истите стандарди како нашите - изјави млад земјоделец на лице место за агенцијата Белга.

Блокади се спроведуваат на иницијатива на Сојузот на млади фармери (ФЈА) со поддршка на земјоделскиот синдикат Фугеа, за време на 65-от самит на Меркосур во Монтевидео, Уругвај, кој трае од 5 до 7 декември.

Постои можност на овој самит да биде постигнат договор меѓу Европската унија и Меркосур, додава белгискиот портал.

ОЈО бара притвор за 35- годишник, кој пред три дена подметна четири пожари во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишник поради продолжено извршување на – Тешки дела против општата сигурност предвидено според Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека осомничениот на 2 декември, во раните утрински часови, со умисла извршил повеќе поврзани дејствија што преставуваат повеќекратно остварување на исто дело и со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот, при што настапила поголема имотна штета.

Откако претходно во пластични шишиња набавил бензин од бензинска пумпа во Куманово, тој намерно предизвикал пожари на неколку локации во Куманово, каде запалил три патнички моторни возила и еден објект – фотокопирница која се наоѓа во состав на станбена зграда.

Мотивите за извршување на делото се испитуваат, но исклучено е дека повод била меѓуетничка нетрпеливост. Доказите до овој момент не укажуваат на инволвираност и на други лица.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер