Фото: Италијанска водителка во секси бикини!!

Алесија Маркузи, италијанска телевизиска водителка, актерка и поранешен модел, деновиве привлече внимание кога објави фотографија во костим за капење.

Сексапилната ТВ водителка позираше во бикини, а за тие фотографии доби бројни комплименти од нејзините следбеници.

Никој не може да поверува дека Алесија има 51 година.

„Можете ли да ги потсетите вашите 20-годишни следбеници колку години имате“, „За да изгледам вака, потребно е чудо“, „Не бевме вакви на 16 години“, „Најубавото тело во Италија, амин“, „Ти благодарам, сега ќе плачам пред огледало“, се само дел од коментарите.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, соопшти нејзиниот кабинет.

На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка и беше поздравен отворениот и конструктивен дијалог за прашањата од заеднички и поширок интерес.

- Претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за продолжување на одличниот политички дијалог на највисоко ниво и изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.

Во контекст на европските перспективи и споделувањето на заедничките вредности, претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на косовските евроатлантски аспирации и учеството во различни формати на регионална соработка и ја истакна подготвеноста за споделување на искуства во сите области каде што располагаме со соодветна експертиза.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во регионот, за соработката во рамки на регионалните иницијативи, како и за можностите за продлабочување на прекуграничната соработка преку искористување на фондовите на Европската Унија, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Минесота ќе го продолжи договорот со тренерот Финч

Минесота тимбервулвс одлучи да го продолжи договорот со главниот тренер Крис Финч.

Како што објави „ESPN“, клубот од Минеаполис ќе потпише нов договор со 54-годишниот кошаркарски стручњак, кој ќе важи до крајот на сезоната 2027/28.

Финч ја води Минесота од 2021 година. Под негово водство, тимот стигна до плејофот во НБА во последните три сезони.

Во сезоната 2023-24, „Волците“ стигнаа до финалето на Западната конференција, најдоброто остварување во историјата на клубот.

Кривична пријава за дебранец за семејно насилство

Одделението за внатрешни работи во Дебар, за само неколку дена поднесе две кривични пријави за семејно насилство.

Денеска поднесена е кривична пријава против А.Ч.(41) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“.

-Тој на 10 месецов во 18:30 часот, бил агресивен кон неговата сопруга, вршел психичко малтретирање врз неа и кон нивните малолетни деца, информираше Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Само неколку дена претходно дебарското одделение поднесе кривична пријава против А.Ј.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“.

А.Ј. во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга.

Ова се само два од најмалку десетината регистрирани случаи на семејно насилство годинава, но, според надлежните бројот на ваквите случаи е многу поголем.

притисни ентер