Фото: Новото „Zagato“ има продолжена „опашка“ која може да се отстрани

Инспириран од класичниот тркачки модел, „AGTZ Twin Tail“ ќе биде ограничен на само 19 примероци.

„Zagato“ има прекрасен нов автомобил наречен „AGTZ Twin Tail“. Возилото е омаж на „Alpine A220“ што се натпреваруваше на Ле Ман и е базирано на спортскиот автомобил „Alpine A110“ со централен мотор.

Како и „Alfa Romeo TZ1“, „Iso Rivolta GTZ“ и другите креации на „Zagato“ пред него, „AGTZ“ има специјално обликуван заден дел за подобрување на аеродинамиката. Но, овде задниот дел е всушност отстранлив.

„Twin Tail“ ви дава можност да возите продолжена верзија на автомобилот за подобра аеродинамика или кратка „опашка“ за опуштено секојдневно крстарење. И двете интерпретации на спортскиот автомобил базиран на „Alpine A110“ изгледаат интересно.

„Zagato“ не откри што го придвижува „Twin Tail“, но автомобилот најверојатно го има фабричкиот „A110“ 1,8-литарски турбо мотор со четири цилиндри, кој произведува 249 коњски сили.

Во „Alpine A110“, моторот е поврзан со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка и има погон на задните тркала, што му овозможува да забрза до 100 km/h за околу 4,5 секунди.

„Zagato“ исто така не кажува колкава маса е додадена на возилото со прилагодената каросерија, но „Alpine A110“ тежи скромни 1.100 килограми, па не би требало да биде многу повеќе од тоа.

Доколку сте еден од 19-те среќни купувачи на оваа прекрасна креација, ќе можете да изберете која било комбинација на бои или ентериер. „Zagato“ покажува два примери во сино-бели нијанси, како и трет автомобил со сина, бела и црвена комбинација, што ги симболизира боите на француското знаме.

Цените почнуваат од 650.000 евра, а речиси половина од примероците се веќе резервирани.

„Zagato AGTZ Twin Tail“ ќе ја има својата официјална светска премиера на настанот „Concorso d'Eleganza Villa d'Este“ во мај.

Ковачки: Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова

Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.

Пендаровски Стево нарачува говор на омраза и говор на мизогинија.

Бесрамниот Пендаровски Стево е должен да и се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.

Бесрамниот Стево Пендаровски мора да се извини веднаш.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираше утринава дека се уапсени 17 припадници на затворската полиција во КПУ Идризово. 

Акцијата ја спроведе МВР во координација со ОЈОГОКК , а доаѓа по претресите извршени во Идризово пред неколку дена.

Уапсените затворски полициајци веќе се спроведени во Кривичениот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на дејнот.

Милијардерот Бил Гејтс со нова девојка на црвениот тепих

Еден од најбогатите луѓе на светот, 68 годишниот милијардер Бил Гејтс се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough“ во Лос Анџелес во друштво на својата девојка, 60-годишната Пола Херд . 

Пола е вдовица на поранешниот извршен директор на „Oracle“, Марк Херд.

Гејтс се разведе од сопругата Мелинда во мај 2021 година по 27 години брак, а разводот беше финализиран во август истата година. Бил и Пола само една година по разводотна милијардерот беа видени заедно а врската ја потврдија во 2023 година.

притисни ентер