Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт

Со две победи над Вудард Дарел од САД и Андреу Петрос од Кипар, македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски викендот обезбеди финале и сребро на светскиот Г1 куп во Букурешт, Романија.

- Во финалето се сретнавме добро познатиот репрезентативец на Франција Ел Омар, до сега четири пати сме успеале да го добиеме, но денеска беше негов ден. Одиме по зацртаната патека, олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се наш следен предизвик. Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме.

За Македонија со срце! – објавија од Македонската таеквондо федерација.

Амбициите на Георгиевски се обезбедување норма за следните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Отстранети диви депонии во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје подигнале и транспортирале 30 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир.

Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, почнати се активности за отстранување поголемо количество непрописно одложен кабаст, мешан комунален и отпад од картонски пакувања на улицата „Лихнида“ во општината Ѓорче Петров. Активностите за расчистување на оваа локација, како што е најавено, ќе продолжат и во текот на денешниот ден.

Расчистени се и неколку помали диви депонии лоцирани на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во општината Чаир, каде се подигнати приближно 20 кубни метри градежен и кабаст отпад одложени на јавни и на сообраќајни површини.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својот коалиционен партнер ДУИ го присвоија судството како да е нивно

СДС и ДУИ ги избираа судиите, кои палеа и гасеа во судството и не испорачаа правда.

Реакција на соопштение на СДС

13.12.2024

СДС со својот коалиционен партнер ДУИ го присвоија судството како да е нивно.

СДС и ДУИ ги избираа судиите, кои палеа и гасеа во судството и не испорачаа правда.

Судиите кои ги избраа криминалната коалиција на СДС и ДУИ, се докажаа како некадарни. Иџет Мемети призна дека земал поткуп, Наќе Ѓорѓиев исто призна дека земал поткуп, а сега и судијата Енвер Беџети е ставен на црна листа на САД поради поврзаност со корупција заедно со вицепремиерот на минатата власт на СДС и ДУИ, Артан Груби.

Само во судството на криминалната коалиција на СДС и ДУИ, нема правда за Дурмо Турс, за модуларната болница, за онкологија.

СДС и ДУИ, треба да прифатат дека треба да понесат одговорност за нивните криминали и да прифатат дека народот повеќе не ги сака, односно рејтинзите им се рамни на статистичка грешка.

СДС и ДУИ го уништија системот и ја урнисаа довербата во институциите. Затоа довербата е помала и од 2% во судството во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ работи на борбата против корупцијата и криминалот. Сите кои згрешиле пред законот мора да одговараат.

ВМРО-ДПМНЕ ја враќа надежта и довербата во правдата и судството.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешен фудбалер на Евертон осуден на 20 години затвор

Легендарниот кинески фудбалер Ли Ти (47) е осуден на 20 години затвор поради корупција, објавија медиумите во Кина.

Поранешниот кинески репрезентативец (92 настапи и шест гола) и поранешен член на Евертон е последниот во низата спортски работници кои добија тешки затворски казни.

Ли е осуден за примање мито во вредност од над 110.000.000 јени, што е дури 15.100.000 долари во периодот од 2015 до 2021 година, а од таа сума зел 6.800.000 долари како селектор на кинеската репрезентација од 2019 до 2021 година.

Според обвинението, Ли правел услуги како што се избирање на одредени играчи, помагање на некои клубови да доведат фудбалери, а самиот понудил поткуп од 412.000 долари за да стане селектор на Кина.

Казната на Ли веројатно ќе беше уште поголема доколку тој не признаеше дека учествувал во поткуп и местење натпревари во документарен филм емитуван на почетокот на годината на националната телевизија.

Ли Ти играше за Лиаонинг, Евертон, Шефилд Јунајтед и Ченгду за време на својата играчка кариера, а беше тренер на Хебеи и Вухан пред да ја преземе функцијата селектор на Кина во 2019 година, која ја извршуваше до 2021 година.

притисни ентер