Ѓоковиќ, 402 недела на врвот на АТП листат, Надал, Алкараз, Медведев... заедно само 302 недели

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да го подобрува рекордот по број на недели на врвот на АТП листата на најдобри на светот.

Легендарниот Ѓоковиќ денеска ја започна својата 402-ра недела како број 1 и во тој поглед е неприкосновен.

Далеку зад него со 310 недели на врвот на АТП листата е Роџер Федерер. За доминацијата на популарниот Ноле во белиот спорт, која тешко дека некогаш ќе биде достигната зборува и податокот дека Ѓоковиќ на првото место помина 100 недели повеќе од сите други активни играчи, кои во одреден момент беа на врвот заедно.

Рафаел Надал е на бројката од 209, Енди Мареј беше најдобар 41 недела, Карлос Алкараз 36, додека Даниил Медведев беше на врвот 16 недели.

Сите заедно прават збор од 302 недели, што е точно 100 ндели помалку од достигнувањето на Новак, кои продолжуваат да се зголемуваат.

ВРЕДИ: Али Ахмети се исплаши од Таравари, Бујар Османи оди курбан

Изјавата на Ахмети за "големата вест" потврдува најмалку две работи. 

Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени од нафталин покажува целосна немоќ да ги претставува Албанците на највисоко политичко ниво. Крајно понижувачки за митот за Али Ахмети е да излегува со вакви бајати тези само за да конкурира на предлогот на кандидатот на здружената албанска опозиција др. Арбен Таравари во иднина изборот на шефот на државата да се прави во Собрание.

Втората, дека сеуште живеат во филмот дека имаат монопол на принципите за стратешкото партнерство во ЕУ и САД. Наместо да се мачат како да објаснат зошто Али Ахмети се плаши да излезе на изборен мегдан, и затоа ќе го жртвуваат Бујар Османи, нека излезат од теснопартиските интереси и нека го подржат Арбен Таравари за прв претседател Албанец.

Логично се поставува прашањето: зошто ДУИ сака да го подели гласот на албанците? На кого му служи Али Ахмети со овој потег?

Коалицијата “Вреди” не се бори за утешни награди туку за чесна и реална улога на Албанците во политичкиот живот. Ахмети ако веќе не е способен да се бори за интересите на Албанскиот народ, чесно е да замине во политичка пензија, изјави на прес конференција Фари Хисени, од Коалицијата ВРЕДИ.

Независниот синдикат против предложените законски измени за судската служба

Предложените измени на законот за судска служба се неприфатливи за независниот синдикат на судска администрација. 

Според нив, тие се прават со единствена цел, како судска служба, да не добијат покачување на плата со најавеното покачување на минималната плата. Доколку собранието ги усвои овие законски измени, го повикуваат претседателот Стево Пендаровски, да не ги потпише измените, бидејќи, според нив, се против интересите на обичниот граѓанин.

Две години војна во Украина - Можен ли е мир во 2024 година?

Уморни од војна и без големи очекувања дека конфликтот наскоро ќе заврши.

Во амбиент на неизвесност и со спорадичните звуди на сирени, Украинците ја дочекуваат втората годишнина од инвазијата на Русија, по која веќе ништо не е исто.

-Непријателот нема да запре, ќе продолжи да се обидува да ги зазема нашите територии. , вели жител на Киев.

И на бојното поле, состојбата не оди во прилог на Киев, откако украинската контраофанзива не ги даде очекуваните ефекти, а Русија по ланското статус кво ја освои стратешки важната Авдиивка, која е своевидна отворена порта на регионот Доњецк. Дополнителен проблем е блокадата на американската помош од 61 милијарди долари за Украина во Претставничкиот дом.

-Секако, ни треба мобилизирање на уште војници за да одмориме. Преморени сме веќе, бидејќи на линијата на фронтот сме од почетокот. , вели украински војник стациониран во харкивскиот регион.

Експертите очекуваат дека сега руската војска ќе се насочи кон освојување на градовите Мирнохрад и Покровск, со што ќе се обиде да го прошири фронтот кон реката Дњепар. Москва предупредува дека прашање на време е кога повторно ќе тргне и кон главниот град.

-Дали тоа ќе биде Киев? Да, веројатно, треба да биде Киев. Ако не сега, тогаш по некое време, можеби во некоја друга фаза од развојот на овој конфликт. , изјави Дмитриј Медведев, Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија .

За претседателот Зеленски освен забрзување на воената помош, вели неопходно е Украинците да го задржат победничкиот дух.

-Дали војната ќе заврши во 2024-та. Мислам дека никој не знае. Вие можете да живеете со скептицизам, но можете и да ја загубите земјата ако сте скептични. , изјави Володмир Зеленски, претседател на Украина.

Проценките се дека од почетокот на инвазијата загинале 10 илјади цивили. Бројот на воени загуби од двете страни се проценува на повеќе десетици загинати војници.

притисни ентер