Ѓоковиќ со порака: Не размислувам за пензионирање, знам дека многумина сакаат да се повлечам

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите на прес-конференцијата по повод почетокот на Олимписките игри во Париз заедно со останатите членови на делегацијата.

Србинот зборуваше за многу важни теми, а еден од странските новинари сакаше да дознае какво е неговото мислење за повлекувањето на Енди Мареј по Париз и неговото пензионирање.

И не само тоа, на прагот да ја заврши кариерата е и Рафаел Надал, додека Новак и понатаму стои единствен. Ѓоковиќ вели дека во скоро време нема да се повлече од тениските терени.

- Слушнав за Енди и се надевам дека тука ќе го има најдоброто збогување. Тој е важен тенисер во светот, Надал е многу повеќе. Сите негови успеси, особено овде на Ролан Гарос. Надал се уште не кажа кога ќе го одигра својот последен турнир и поради спортот се надевам дека нема да биде наскоро. Не размислувам за пензија, иако многумина би сакале да се пензионирам. Таа наша ера ќе продолжи сѐ додека некој од нас продолжи да се натпреварува. Доаѓаат и помлади, тие ќе бидат носители на спортот во иднина. Видов како се менуваат неколку генерации и мислам дека е одлично што уште играме јас и Надал и Вавринка и некои ветерани - нагласи Новак, пренесе Телеграф.

Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281

 Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281, а 67 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија властите, цитирани од ДПА.

Јаги е најсилниот тајфун што го погодил Северен Виетнам во последните 30 години.

Повеќе од 1.900 луѓе се повредени, се вели во извештајот на Виетнамската канцеларија за управување со катастрофи. Според Канцеларијата, тајфунот оштетил околу 235 илјади домови. Над 2,6 милиони животни главно живина и говеда, биле убиени, а преку 200 илјади хектари оризови полиња биле значително оштетени.

Поплавите сега се повлекоа, но погодените области сè уште се борат со напорите за расчистување.

Според првичните проценки на виетнамската влада, тајфунот Јаги предизвикал прелиминарна штета на Виетнам од околу 1,6 милијарди долари, предизвикувајќи загуба од околу 0,15 посто од бруто домашниот производ оваа година.

Тајфунот претходно мина низ Филипините и Кина.

Влада: По една деценија, од денеска граѓаните можат да ги земат од аптеките новите лекови

 По една деценија, од денеска граѓаните можат да ги земат од аптеките новите лекови од позитивната листа.

За само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови.

По една деценија, од денеска граѓаните ќе можат да ги земаат новите лекови на позитивната листа од аптеките.

На листата се додадоа девет нови генерици, односно 87 лекови во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.

Последното проширување на позитивната листа беше во 2009 години и во 2014 кога се додал само еден лек. Но, од денеска таа е проширена за 9 нови лекови.

Она што го ветивме пред граѓаните, се обврзуваме и да го реализираме.

Со ова проширување од 9 нови лекови, значително ќе се намали бројот на пациенти кои приватно плаќаа за лекови.

Воедно, ова проширување на позитивната листа е само почеток. Се очекува следното ново проширување на позитивната листа да биде кон крајот на декември.

Граѓаните конечно добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт и тоа на товар на државата, наместо истите да ги купуваат од сопствените џебови прескапо, а често и од соседните земји.

Ова е значително олеснување за сите пациенти, вкупно еден милион евра со проширување на позитивната листа ќе остануваат кај граѓаните.

Македонија за тебе!

Влада на РСМ

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска.

Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја.

Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.

притисни ентер