Гол патник трчал низ авион во лет и турнал стјуардеса на под- авионот се вратил назад

Патник на „Вирџин Австралија“, кој наводно претрчал гол низ кабината на авионот за време на лет, бил приведен откако авионот се вратил на аеродромот Перт (PER) во Австралија, по инцидентот.

Боингот 737 на Вирџин Австралија бил на лет до аеродромот во Мелбурн (MEL) на 27 мај 2024 година кога еден човек „станал насилен“, известува Аеротајм.

Освен што трчал низ кабината, патникот наводно соборил на подот член на екипажот на Вирџин.

Австралиската федерална полиција (AFP) го привела мажот кога авионот се вратил на аеродромот во Перт малку пред 20:00 часот по само еден час лет, објави ABC News Australia.

„Можеме да потврдиме дека во понеделник, 27 мај, летот VA696 Перт за Мелбурн беше вратен во Перт“, се вели во соопштението. „По пристигнувањето во Перт, леталото го пречека австралиската федерална полиција и насилниот гостин беше симнат“, се вели во соопштението на авиокомпанијата „Вирџин“.

АФП, исто така, потврди дека по апсењето, патникот бил пренесен во болница на евалуација.

„Полицајците на АФП уапсија маж откако тој, наводно, истрча гол низ авионот среде лет и собори член на екипажот на подот“, изјави портпаролот на АФП.

Точните обвиненија со кои ќе се соочи човекот сè уште не се финализирани, но се очекува тој да се појави на суд на 12 јуни.

Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор

Најмалку седум луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во централниот дел на Еквадор предизвикано од обилните дождови во текот на викендот, соопштија локалните власти.

Во свлечиштето повредени се 16 лица, а 20 се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек.

Обилните врнежи во Ел Салвадор предизвикаа најмалку 11 смртни случаи, а околу 880 луѓе се сместени во засолништа за итни случаи. Владата на Ел Салвадор поради невремето прогласи вонредна состојба.

Обилните врнежи предизвикаа поплави и одрони од кал во Гватемала, Хондурас, како и во југоисточниот дел на Мексико.

Метеоролозите го следат можното формирање на првиот тропски циклон во сезоната во Мексикански Залив. /МИА

Кина: НАТО да престане да ја префрла вината за војната во Украина

Кина го повика НАТО „да престане да ја префрла вината“ за војната во Украина, откако генералниот секретар на Алијанса го обвини Пекинг за влошување на конфликтот преку поддршката за Русија.

Јенс Столтенберг вчера ја повика Кина да се соочи со последиците за, како што го нарекоа американските власти, големиот извозен притисок за обнова на руската одбранбена индустрија.

Властите во Пекинг денеска нагласија дека НАТО „треба да се вклучи во саморефлексија наместо произволно оцрнување и напади врз Кина“.

- Го советуваме (НАТО) да престане да ја префрла вината и да сее раздор, да не долева масло на огнот и да поттикнува конфронтација, туку да направи нешто практично за политичко решавање на кризата, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Жијан.

По инвазијата врз Украина се интензивира стратешкото партнерство помеѓу Кина и Русија, а ги отфрли западните тврдења дека ги помага воените напори на Москва./МИА

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

притисни ентер