Голем судир во Милан, Малдини се скарал со сопствениците на клубот

Според бројните пишувања на италијанските медиуми, денеска во Милано се одржал состанок помеѓу сопственикот на Милан, Гери Кардинале и директорот Паоло Малдини, кој не поминал најдобро.

Споменатото дуо имаат сосема различни визии за начинот на кој клубот треба да се развива во иднина.

Тензијата постои веќе некое време. Малдини во интервјуата претходно повтори дека е фрустриран од недостигот на средства за трансфери и ги повика сопствениците да вложат повеќе пари за да го направат клубот поконкурентен со остатокот од лигата, а со тоа и во Европа.

Кардинале бил во Италија на крајот од сезоната и денеска се сретна со Малдини, но Sky Sport Italia, Sportitalia и други известуваат дека средбата само дополнително ја ескалирала ситуацијата. Малдини бара поголема автономија и средства за да го зајакне тимот, додека главните луѓе на RedBird, Кардинале и извршниот директор Џорџо Фурлани, сакаат да ги намалат трошоците и да го надополнат актуелниот бизнис модел.

Посочуваат и дека кога Малдини добил трансфер буџет, најголем дел од средствата биле фрлени на Шарл Де Кетелаер, а Белгиецот не успеал да постигне ниту еден гол. Милан оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, но успеа да го обезбеди пласманот во следната сезона само благодарение на казната од 10 бода што Јувентус ја доби во Серија А, па Милан скокна на 4-то место.

Трипуновски: Во Македонија е увезено млеко од Србија со канцерогени супстанци

Во Македонија е увезено млеко од Србија и пуштено во промет со амфлатоксин М1, кој и зошто ги труе граѓаните со канцерогени супстанци?

Во 21 септември оваа година во Македонија е увезено преку 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на важност до 3-ти февруари 2024 година и истото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. И со тоа истото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните.

Ова е резултатот од лабораторијата врз кое што го темелиме нашето денешно тврдење. Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија.

Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи.

Афлатоксините кои се пронајдени во млекото се познати во светот како најважни микотоксини во храната и добиточната храна поради нивната хепатотоксичност и канцерогеност.

Прашуваме, кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во Република Македонија.

Во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето?

Почитувани,

Дополнително, до нас пристигна и информација дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија детектирано е ниво на афлатоксин М1 во млекото, кое ги надминува максималните нивоа дозволени согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната.

АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија?

Апелираме до граѓаните на максимална претпазливост. Од АХВ свесно или несвесно се пушта храна со канцерогени материи кои што се штетни по здравјето на луѓето.

Воедно апелираме до Бабовски наместо да се брани со напад дека шириме лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира. Доколку не знае како, нека си поднесе оставка.

Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најпопуларниот „кечер“ Хулк Хоган наполни 70 години и се ожени по трет пат?!

Најпознатиот од сите американски борачи, популарните кечери, Хулк Хоган, во август наполни 70 години, а сега се ожени по трет пат.

Русокосиот кечер кој направи и филмска кариера стапи во брак со инструкторката по јога Скај Дејли, кој е 25 години помлада од него.

Атрактивната иструкторка по јога работи и како сметководител, а го запознала Хулк на концерт во февруари 2022 година, кога тој ја почестил неа и друштвото со пијалоци.

-Првите искри меѓу Хулк и Скај се појавиле уште на таа средба по што тие стапиле во врска која набрзо била крунисана со свршувачка во јули оваа година - кога Дејли се пофали со прстен од 100.000 долари.

На свадбата, Хоган воопшто не штедел и купил бурми проценети на околу 500.000 долари.

Венчавката се оджала на Флорида за што тие се пофалиле на своите профили на социјалните мрежи.

Инаку Скај Дејли наводно има три деца, но својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста.

И Хулк Хоган има две деца од неговиот прв брак со Линда Клариџ кој траеше од 1983 година до нивниот бурен развод во 2008 година кога и двајцата беа обвинети за неверство.

Ќерката Брук не можеше да присуствува на третата свадба на нејзиниот татко, но синот Ник Хоган беше таму со девојката Тана Ли.

Има само 33 години а веќе влегува во историјата

Светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт ќе заработи милијарда долари.

Филмот за турнеја на во моментов најпопуларната светска пејачка Тејлор Свифт започнува на 13 октомври.

Филмот за концертната турнеја на американската поп ѕвезда во моментов најпопуларната светска пејачка 33 годишната Тејлор Свифт ќе започне да се прикажува ширум светот на 13 октомври.

- Турнејата не е единственото нешто што сакаме да се одржи низ светот. Многу сум возбудена што можам да ви кажам на сите дека концертниот филм „The Eras Tour“ сега и официјално доаѓа во кината ширум светот – објави пејачката на Инстаграм.

Таа може да заработи милијарда долари од турнејата, за прв пат во историјата. Се очекува филмот да заработи повеќе од 100 милиони долари во првиот викенд само во кината низ САД и Канада, што досега никогаш не се случило, за фил прикажан само во киносалите.

притисни ентер