Град им нудел милиони на луѓе за да се доселат, но имало бизарен услов- никој не се јавил

Градот Каинан во јапонската префектура Вакајама смислил необичен план за привлекување жители, а понудата вклучувала и финансиска помош за новодојдените.

Стратегијата била дизајнирана за 2021 година, но за кандидатите имало услов - тие да го носат презимето Сузуки.

Како „родно место“ на Сузуки, било одлучено да се игра на таа карта, а посебно се мислело на 750.000 граѓани кои го носат тоа презиме и живеат во Токио и соседните префектури (Чиба, Саитама и Канагава).

Најавено е дека секое семејство што ќе се пресели ќе добие по 1 милион јени (6.300 евра), како и исто толку за секое дете под 18 години, пренесува The Guardian.

Меѓутоа, две години по започнувањето на кампањата, објавени се поразителни резултати.

„Потврдувам дека никој со презиме Сузуки не се преселил во Кајнан. Едно лице се распраша, но не отиде подалеку од тоа“, откри Томонари Фуџита, шеф на канцеларијата за развој.

Покрај паричната стимулација, на луѓето очигледно не им делувал и слоганот дека со преселбата „ќе се поврзат повторно со своите предци“.

Забележано е дека кланот Сузуки се преселил во денешен Кајнан за време на периодот Хејан (794-1185).

„Гледаме сериозен пад на бројот на жители. Мислевме дека со кампањата ќе привлечеме луѓе со презимето Сузуки, но се чини дека имало и други пречки“, изјави Фуџита.

Официјалните лица се надеваат дека новиот хотел, чија изградба ќе биде завршена во 2024 година, ќе ги инспирира граѓаните со презимето Сузуки да дојдат и да се поврзат со местото на нивното потекло.

Претрес во Кичево, пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 13.10 часот во Кичево го лишиле од слобода З.Т.(29) од Кичево.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кеса со марихуана, пари и други предмети.

-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При претрес во Ресенско, пронајдена дрога и приведен дилер

Полициски службеници од ОВР Ресен и од СВР Битола вчера во 19.30 часот го лишиле од слобода Е.А.(51) од ресенското село Грнчари.

МВР соопшти дека по добиена наредба од Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари.

-При претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување канабис. По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Новоизбраниот американски претседател Трамп пристигна во Париз

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изутринава пристигна во француската престолнина Париз, јавија француските медиуми, истакнувајќи дека ова е негово големо враќање на светската политичка сцена.

Трамп е меѓу повеќе од 2.000 почесни гости на денешното свечено отворање на реставрираната катедрала Нотр Дам.

Ова е прво патување на Трамп во странство по неговата победа на претседателските избори во САД на 5 ноември.

На церемонијата по повод отворањето на катедралата се очекува да присуствува и актуелниот американски претседател Џо Бајден./МИА

притисни ентер