Грелиш за победата на Сити се почести со СУВ, од 250.000 евра, кој вози 300км./час

Џек Грелиш сезонава со Манчестер Сити ја освои Премиер лигата и ФА Купот, а евентуалната тројна круна ќе се обиде да ја постигне в сабота, за кога е закажано финалето од Лигата на шампионите, во кое неговиот тим игра против Интер.

Тој веќе е награден за успесите од минатото, откриваат англиските медиуми.

Дејли Мејл потсетува дека Грилиш игра за неделна плата од 230.000 фунти (околу 266.000 евра), а автомобилот што си го дозволил вреди само нешто помалку од тоа, околу 250.000 евра. Во прашање е цената што треба да се одвои за него пред персонализацијата, а Гралиш побарал неговото ново Lamborghini Performante Urus да биде направено по негова желба.

Покрај тоа што бојата на луксузниот теренец одговара на бојата на дресот на Манчестер Сити, на него работеше и Yianni Charalambous, човек познат по тоа што ги прилагодува автомобилите според желбите на познатите и славните. Некои од неговите клиенти беа Серхио Агуеро, Алекс Окслејд-Чембрлен и Дидие Дрогба.

Lamborghini Performante Urus е придвижуван од повеќе од 650 КС, а со максимална брзина од 306 km/h, достигнува 100 km/h за 3,3 секунди.

Фламенго по само пет месеци го отпушти Сампаоли

 Бразилскиот прволигаш Фламенго објави синоќа дека ја раскина соработката со аргентинскиот фудбалски стратег Хорхе Сампаоли по неуспехот во финалето на бразилскиот куп против Сао Паоло (0-1, 1-1).

-Тренерот Хорхе Сампаоли и неговиот стручен тим веќе нема да го водат црвено – црниот тим, објави Фламенго на социјалните мрежи, посакувајќи му на аргентинскиот стратег „среќа“ во продолжението на кариерата.

Сампаоли е отпуштен по само пет месеци откако дојде во Фламенго од редовите на шпанска Севиља, каде, исто така, претходниот ангажман му траеше пет месеци.

Сампаоли со Фламенго потпиша договор до крајот на 2024 година, и според локалните медиуми, клубот поради предвремениот раскин на соработката ќе треба да плати обесштетување од 1,8 милиони евра.

Медиумите наведуваат дека главен кандидат за наследник на Сампаоли на клупата на клубот од Рио де Жанеиро е поранешниот бразилски селектор Тите.

Утре без вода дел од булеварот „8-ми Септември“

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат  дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул.„8-ми Септември“/ бул. „Партизански Одреди“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „8-ми Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат корисниците ул. „Дрезденска“ и „Анкарска“.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Лавров: САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан

Русија очекува САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Целосното обединување на напорите на земјите од регионот и земјите од НАТО е можно само доколку Алијансата ја признае одговорноста за катастрофалниот исход од нејзиното воено присуство во Авганистан, се вели во обраќањето на рускиот министер на 5. состанок за Авганистан во „московски формат“ кој се одржува во Казан.

Неговиот говор го прочита специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

Лавров посочи дека земјите од Западот нанеле непоправлива штета на народот на Авганистан и затоа мора да го понесат најголемиот товар за обнова на земјата во постконфликтниот период.

„Во врска со тоа, блокадата на авганистанските сметки што ја спроведува Вашингтон е контрапродуктивна и само ја отежнува ситуацијата и ги влошува тешките услови во кои живеат Авганистанците“, наведе Лавров.

Како што додаде, Москва смета дека враќањето на воената инфраструктура на САД и НАТО на територијата на Авганистан и соседните земји е неприфатливо, без оглед на причините за таквиот чекор.

На средбата во Казан учествуваат претставници на Авганистан и на соседните земји.

Фото: ЕПА

притисни ентер