Грозданов: 13 екстремно безобразни и невоспитани пратеници

На овие екстремно безобразни и невоспитани пратеници им порачувам само една филозофија: Вие можете да ги мразите моите деца и децата на сите добри луѓе во Македонија, а јас и сите добри луѓе ќе ги сакаме Вашите деца како нашите.

Почитувани читатели оваа колумна ја посветувам на нормалните луѓе кои знаат дека во нашата мила Македонија „паметни човеци не виреат“, посебно од личности кои им е задача да промовираат професионалци, ама тие си прават политички панаѓур и мислат дека кога бираат функционери дека се’ се сведува на управен одбор на комунално претпријатие во Општина Зрновци каде оправдувањето е: Па, не е лоша платата и башка од нашите се.

Да Ве воведам посериозно. Станува збор за Комисијата за избори и именувања при Собранието на Македонија која во текот на денешниот ден како најобична „збирштина од пратеници“ и политички манипулатори на број вкупно 13 (тринаесет) од повеќето политички партии (ВМРО, СДСМ, ДУИ, ЛЕВИЦА, ВРЕДИ и ЗНАМ) ќе одлучува за состав на Агенција за аудио и аудио-визуелни услуги (АВМУ) позната како Совет за радиодифузија или пак Агенција за медиуми.

Оваа Агенција инаку ги контролира сите ветришта, позитивни и негативни, на релација граѓани, држава и медиуми. По однос на пари околу една милијарда евра. Да да. Добро читате.

Впрочем нејзината улога е на исто рамниште како АНБ, УЈП, Финансиска полиција, АЕК, Пазарен инспекторат, Генералштаб итн.

Овие екстремно безобразни и невоспитани пратеници немаат капацитет дека Собранието на Македонија е „Храм на демократијата“ и дека индивидуалниот пристап е пред политиката. Да не ги амнестирам и нивните претходници кои не беа „збирштина“ како овие сегашниве, туку обична „хохштаплерана“, која отвараа конкурси и воопшто не ги спроведуваа и мислеа дека од нив зависи животот во Македонија.

Впрочем законот вели дека ако сакаш да се кандидираш мора да исполнуваш професионални стандарди во медиумскиот свет, но и да собереш подршка од сериозни организации кои посредно и непосредно се дел од медиумската слика. И за тоа да се претставиш на јавна расправа пред овие сега за жал докажани екстремно безобразни и невоспитани пратеници (ќе објаснам зошто за кратко) со сопствена програма пред нив, но и пред целокупната јавност преку собранискиот ТВ канал и пред сопствените подржувачи. Не навијачи пријатели. Туку оние кои ти укажале доверба, а за тоа ти си ги убедил во одреден временски период и си ги замолил да бидат присутни при твојата експликација или претставување, како сакате.

Тоа значи дека секој кандидат МОРА да добие временска рамка од најмногу половина час, во колку часот и на кој датум ќе може да се претстави пред овие сега за жал екстремно безобразни и невоспитани пратеници, но и пред своите подржувачи, се’ со цел дали тоа што го ветиле пред нив ќе го кажат и во Собранието на Македонија.

На огромно разочарување, на сите кандидати без исклучок им е соопштено да дојдат денес среда 13 Ноември во 12 часот и да чекаат да бидат повикани. И покрај моето инсистирање и ветување дека тоа нема да биде така, сепак одлуката на овие екстремно безобразни и невоспитани пратеници не е сменета.

Со овој потег ја урнисаа секоја трошка надеж дека нема да има политички панаѓур и дека нивна перцепција за демократија е, нема место за индивидуи туку само за колективитети како во времето на Сталин во Украина кога умреле од глад милиони невини човечки суштества кои само сакале да се прехранат.

Драги читатели, јас Виктор Грозданов имав повикано огромен број на гости кои ги интересираат медиумите и потврдија дека ќе дојдат како што се : Иван Мирчевски Канал5 , Зоки Антена 5, Виктор Канал 77, Лирим Алсат-М, Меваип Абдиу ТВ Коха, Даниел Димовски Олимписки комитет, Тони и Зоки Спортско радио 90.3, Теди Скај радио, Ѓоре Сити радио, Брејк Метрополис радио, Онлајн медиа група ( Дејан, Геро, Сашо, Кошевалиски, Пеџа итн), поранешни и сегашни Претседатели, премиери и министри, директори на телекоми, спортски федерации, стопански комори, професори (новинарство, макроекономија, цела индустрија), Алумни итн.

И сега според овие екстремно безобразни и невоспитани пратеници јас на сите мои подржувачи или гости, морам да им кажам дојдете во среда во 12 часот и ќе дремеме заедно до „даљнега“ дур не им се „ќејфне“ на дотичниве.

Е овој простотилук недемократски има само една позадина и ќе ја кажам во неколку точки од мојата програма која е на две илјади (2000) страници. Се надевам дека овие екстремно безобразни и невоспитани пратеници, инаку самопрогласени јунаци ќе можат да разберат барем 1% од ова што ќе го напишам:

Кој ќе им објасни на премиерот и на министерот Николоски дека при нивното лобирање за влез на нов телекомуникациски оператор, дека во период од 12 години во континуитет со егзактни бројки во споредба со извештаи од АВМУ, АЕК и Заводот за статистика, годишно се крадат 170 илјади претплатници во вид на домаќинства и тоа во пари е 34 милиони евра?

Кој ќе им објасни на премиерот и Министерот Андоновски дека српско-хрватскиот јазик во спортските канали е директно сочуван од АВМУ и дека истиот се решава како проблем во рок од 30 дена со четири постапки. Првата е подготвителна. А, дали некој им кажал дека Бугарите и Грците не се глупи и дека има шанси да ги купат сите спортски права за Македонија. Кај сте сега патриоти за сочувувување на македонски и албански јазик?

Како ќе го решиме проблемот со б’лгарска песен от Македонија, м?

Дали Виктор и уште неколку кандидати ја имаат целосната систематизација на АВМУ и комплетно законско решени за добробит на целата медиумска индустрија? Да.

Поради несоодветен пристап кон медиумската регулација како и кон сите кандидати можам само да заклучам дека не се достојни овие екстремно безобразни и невоспитани пратеници за повеќе информации, ама морам да им кажам еден виц и тоа Бугарски.

Ас незнам какво сполуха, Орел, Рак и Штука.

Орело на високо, Штука на длабоко, Р’ка назад.

Телефонската линија замира (сега и Тодор Живков е немоќен)

Џелатот со дршка од копач казва:

Кој е крив, а кој е прав ас незнам, ама газот ште ти го оштетам.

Мојата лична одлука е дека Вие екстремно безобразни и невоспитани пратеници немате право да мислите дека можете да „уринирате“ врз моето достоинство и знаење од една и едноставна причина, зошто „уринирате’ од двоспратна куќа, а јас живеам на десетти спрат. Ве гледам одозгора и Ви се чудам на паметот.

Да живее Македонија!

Виктор Грозданов

30 дена притвор за осуммина од уапсените во акцијата „Адитив“, 13 со мерки за претпазливост

Кривичниот суд определи 30 дневен притвор за 8 од уапсените лица во акцијата „Адитив“, за едно лице, поради здравствени проблеми е определен домашен притвор, за останатите 13 пак, се определени мерки на претпазливост. 

Меѓу оние кои добија притвор е и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој утринава со лисици од полициско комбе беше спроведен во кривичниот суд, откако вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце. Во меѓувреме и натаму се трага по неговиот претходник Васко Ковачевски кој не е во земјава, за кој во отсуство, од судот велат, не можат да изречат построги мерки. Министерот Тошковски посочи дека тој и натаму е недостапен за органите на прогон, но ги отфрли шпекулациите дека Ковачевски се откажал од македонското државјанство.

„Лицето кое што го напоменавте не е достапно на органите на прогон, органите на прогон ќе сторат се во рамки на нивната законска надлежност да постапат се со цел да истото биде обезбедено и биде изведено пред лицето на правдата. Она што е факт е дека посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија, истото е државјанин македонски и не побарало отпуст, согласно информациите кои ги имам во овој момент.“

При вчерашните апсења извршени се 77 претреси, во кои се пронајдени 208.000 евра во различни валути, а одземени се мобилни телефони, документација, компјутери и лаптопи, и БМВ од понов датмут. Исто така дадени се пет предлози за замрзнување на имоти, велат од обвинителствотО. Министерот Тошковски вели дека сето она што е одземено во постапката или допрва ќе се одзема, ќе биде вратено во буџетот.

„Луѓе кои преку ноќ, без вработени, формирале фирми кои до вчера се занимавале со канцелариски материјали, наеднаш стануваат фирми кои што тргуваат на големо со ваков тип на адитиви и притоа заработуваат милионски суми кои што се три пати од пазарните цени, нели постојат основани сомненија и и те како голем број на докази дека она што е плаќано, е плаќано најмалку три пати повеќе од реалната цена која што би требало да се плати. (04 54). После ние ќе говориме дали имало душманско крадење на народот. Ај што имало душманско крадење туку тоа било толку многу дрско, што си дозволувале на еден бесрамен начин да ги прават овие работи.“

Во вчерашната акција „Адитив“ беа уапсени 22 лица во неколку градови во земјава поради сомнежи за перење на пари и криминал за јавни набавки на адитиви, за кои надлежните велат дека во ТЕЦ Осломеј од истите не е потрошен ниту еден процент, а во РЕК Битола 95% од адитивите никогаш не биле употребени и тоа во ек на енергетска криза. Уапсените, според пресметките ја оштетиле државата за 6,5 милиони евра.

Меѓународниот аеродром на Хаити повторно отворен

Главниот меѓународен аеродром „Тусен Лувертур“ на Хаити повторно е отворен денеска, еден месец откако беше затворен поради насилства на локално банди.

Војниците и полицијата на Хаити, со поддршка на кениската полиција која ја предводи мисијата на ОН, ја зајакнаа безбедноста во областа, се вели во соопштението на владата на Хаити.

Аеродромот „Тусен Лувертур“ во Порт-о-Пренс беше затворен во средината на ноември, откако банди отворија оган врз авион што требаше да слета. Тој ден цел на напад беа и други авиони. Еден ден подоцна, Федералната управа за воздухопловство им забрани на американските авиокомпании да летаат до оваа карипска земја на 30 дена.

Засега не е јасно кои летови ќе продолжат до Порт-о-Пренс денес. Забраната на Федералната управа за воздухопловство е на сила до утре. Денеска повторно беше отворен терминалот кој опслужува домашни летови.

Во изминатиот месец, единствениот меѓународен аеродром што функционира на Хаити беше оној во северниот град Кап-Хаитиен, но патувањето таму по копно е опасно, бидејќи бандите ги контролираат главните патишта што водат до и од Порт-о-Пренс. /МИА

Џонг-хјун: Претседателот Јун Сук-јеол лично го прегледа декретот за воведување воена состојба

Претседателот Јун Сук-јеол лично изврши правна проверка на декретот за воена состојба што го донесе минатата недела и учествуваше во пишувањето на конечниот текст, изјави денеска поранешниот јужнокорејски министер за одбрана Ким Џонг-хјун.

Доскорешниот министер за одбрана ова им го кажа на обвинителите за време на неговото прво испрашување по апсењето, објави денеска Јонхап.

За време на петчасовното испрашување, поранешниот министер за одбрана наводно сведочел дека Јун Сук-јеол лично извршил правна ревизија на прогласувањето воена состојба и дека тој и претседателот заедно го напишале последниот нацрт, додека Јун Сук-јеол уредувал дел од содржината.

Ким Џонг-хјун, исто така, рече дека на 1 декември доделил должности поврзани со прогласувањето воена состојба на највисоките воени функционери, кога се обидел да влезе во објекти поврзани со Националната изборна комисија за да обезбеди докази поврзани со наводите за наводна изборна измама.

Поранешниот министер за одбрана во текот на изминатата ноќ се обидел да си го одземе животот во притворскиот центар „Донгбу“ во Сеул, каде што се наоѓа под обвинение за бунт, но моментално е во стабилна состојба, соопшти Министерството за правда.

Ким беше уапсен под обвинение дека му помагал на претседателот Јун Сук-јеол да ја спроведе прогласената воена состојба, која беше окарактеризирана како бунт.

Според законот, планирањето бунт се казнува со смрт, доживотен затвор или минимална казна затвор од пет години.

Јужнокорејската казнена служба на состанокот на парламентарната законодавна комисија објави дека Ким е во заштитна ќелија по обидот да си го одземе животот./МИА

притисни ентер