Хамилтон најави продолжување на соработката со Мерцедес

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, чиј договор со Мерцедес истекува на крајот на сезоната, најави дека ќе ја обнови соработката со германскиот тим, отфрлувајќи ги со тоа гласините дека е во преговори со Ферари.

„Мојот тим води разговори со Тото (Волф, шефот на Мерцедес) … речиси сме при крај да имаме подготвен договор. Ова е прв пат да не преговарам самиот, имам прекрасен тим зад себе“, рече Хамилтон пред претстојната трка за Големата награда на Монако.

Неговиот одговор доаѓа откако британските медиуми изминатите денови пишуваа дека се водат преговори меѓу 38-годишниот возач и италијанскиот тим Ферари, кој, наводно, бил подготвен да му понуди на Британецот договор вреден околу 48 милиони евра.

„Не сме испратиле понуда до Хамилтон. Воопшто не сме воделе разговори на таа тема“, демантираше и директорот на Ферари, Фредерик Васер, додавајќи дека секоја екипа би го посакала Хамилтон во своите редови.

Првата светска титула Хамилтон ја освои со Мекларен во 2008 година, по што од 2014 до 2020 година уште шест пати стана светски првак со германскиот Формула 1 тим Мерцедес. /МИА

Ќерката на Мадона, Лурд, тврди дека е проколната во љубовта

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Таа исто така многу рано влезе во светот на музиката, а кариерата ја гради под уметничкото име Лолахол, иако е многу поуспешна во светот на манекенството.

Зад себе веќе има неколку неуспешни љубовни врски кои го привлекоа вниманието на јавноста, а Лурд вели дека за неа љубовта е проклетство.

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, иако има само 26 години, е во центарот на вниманието на светската јавност како наследничка на кралицата на попот.

Со години се шпекулира дали и се допаѓаат мажи или жени, а сега таа одлучи да стави крај на таа приказна.

- Би рекла дека мојот најголем грев е што сакам момчиња. Тоа е такво проклетство. Јас сум болно стрејт, тоа е ужасно. Посакувам да не беше така, но за жал, ова се картите што ги добив – изјави таа во интервју за „The Face“.

Летонија има нов претседател, тој е деклариран геј

Министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс, беше избран во парламентот за нов претседател на земјата.

Шефот на латвиската дипломатија од 2011 година, 49-годишниот деклариран хомосексуалец ќе го замени Егилс Левитс, кој одлучи да не се кандидира за втор мандат.

„Ќе направам се за да ја направиме нашата земја просперитетна и безбедна“, рече Ринкевичс по гласањето во парламентот. Ринкевичс јавно се изјасни како геј во 2014 година. Тој беше првиот политичар во Латвија што го стори тоа. Летонскиот претседател има главно церемонијална улога.

Летонија е членка на ЕУ и НАТО и силно ја поддржува Украина во војната против руската агресија и нејзиниот пристап во ЕУ и НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Ринкевичс за неговиот избор, велејќи дека тој е „вистински пријател на Украина“.

Летонија ќе биде во добри раце во следните четири години“, рече Левитс по изборот на неговиот наследник. Пред да стане министер за надворешни работи, Ринкевичс работеше како надворешнополитички аналитичар за јавното радио Латвијас Радио, а потоа работеше во Министерството за одбрана и Кабинетот на претседателот, пренесе Индекс.хр.

Огромен интерес за најскапиот телефон од „Google“

„Google Pixel Fold“ сега е подготвен за претпродажба, но изгледа дека топ моделот со 512 GB простор официјално го нема на залиха во САД.

Моделот со 512 GB е достапен само во обсидијан црна боја и покрај цената од 1.919 долари (1.899 евра), се чини дека е моделот што предизвикува најголем интерес кај купувачите.

Официјалната продавница на „Google“ сè уште го има на залиха „Pixel Fold“ од 256 GB во обсидијан и порцелан.

„512 GB Pixel Fold“ сè уште е достапен за нарачка однапред во ОК, Германија и Јапонија. Телефонот ќе биде пуштен во продажба на 27 јуни.

За потсетување, првиот телефон на „Google“ на преклопување – „Pixel Fold“ - се напојува со чипот „Tensor G2“, истиот процесор кој ја напојува серијата „Pixel 7“ и има импресивен систем со три камери на задната страна.

притисни ентер