Хрватска го поздрави усвојувањето на резолуцијата на ОН за геноцид во Сребреница

Хрватска го поздрави усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница во Генералното собрание на ОН, нагласувајќи дека Загреб својата позиција ја заснова на почитување на меѓународното право.

Претходно, Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која потсетува на геноцидот врз Бошњаците од Сребреница во 1995 година, повикувајќи на почитување на жртвите и фактите утврдени со судски пресуди, како и воспоставување на меѓународен ден за сеќавање на тоа злосторство.

За необврзувачката резолуција гласаа 84 од 193 земји-членки на ОН, 19 беа против, а 68 воздржани, главно со образложение дека нема нужен консензус.

Резолуцијата ја предложија Германија и Руанда, а нејзини спонзори се четириесетина земји, меѓу кои и Хрватска, која исто така гласаше „за“.

„Го поздравуваме усвојувањето на резолуцијата, Хрватска го заснова својот став на почитување на меѓународното право. Во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата утврди дека е извршен геноцид во заштитената зона на ОН во Сребреница“, се вели во соопштението за печатот на МВЕП.

Злосторството во Сребреница беше дефинирано како геноцид од страна на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, како и од Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП).

Во 1995 година, војниците на босанските Срби убија најмалку 8.000 Бошњаци во Сребреница, која тогаш беше под заштита на ОН, објави Индекс.

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано од грчка страна.

Ние бараме јасно и гласно, без отстапки почитување на договореното и ова е позиција од која нема да направиме каква било отстапка, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите и притоа посочи дека постои само едно толкување на ерга омнес, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на прашањето на МИА за тоа дали Мицотакис ќе му честита на Мицкоски, сега кога и официјално новата Владата положи заклетва, Маринакис посочи дека Грција во рамките на добрососедските односи со сите земји се придржува до протоколите, но и ги повтори грчките позиции.

-Факт е генерално, без да имам конкретна информација, дека нашата земја како држава сака, се стреми кон добрососедски односи, се стреми кон добри односи со сите држави, особено кога се соседни земји, се придржува кон сите протоколи за секоја процедура, без разлика дали е изборен процес или заклетва на Влада. Но, повторувам, бидејќи постојат некои новопојавени погрешни толкување за тоа што значи ерга омнес, јасно е, нема многу толкувања има едно толкување согласно меѓународното право и во овој момент со низа формулации спротивни на меѓународното право, се чини дека новата Влада на С. Македонија не го почитува. Очекуваме да видиме дали ќе усогласи, рече Маринакис.

Паралелно го повтори она шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис го посочил на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ дека „однесувањето на Скопје од изборите и потоа е престапното однесување, спротивно на меѓународното право“, но и дека „не постои почитување на обврската за ерга омнес име на државата, како што произлезе по Договорот од Преспа“.

Во однос на можностите за прва тет-а-тет средба на премиерите на двете земји на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон за две седмици, на прашањето на дописничката на МИА од Атина, владиниот портпарол одговори дека ако се договори такво нешто ќе биде соопштено, меѓутоа во моментов не знае нешто повеќе.

Медиумите во Грција од доцна синоќа ги пренесуваат ставовите на премиерот Христијан Мицкоски изразени во интервјуто за ТВ24, особено делот во кој ја коментира вчерашната изјава на министерот за надворешни работи на Грција и посочува дека „или не го разбира Преспанскиот договор или погрешно го чита“.

Грчки дипломатски извори за медиумите утрово брифирале дека „правните текстови не се толкуваат врз основа на претпоставената волја и желба на кој било, туку врз основа на нивното писмо и дух, а техничкиот правен термин ерга омнес, кој е јадрото на Договорот од Преспа, не е подложен на апсолутно никакво оспорување“.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, соопшти нејзиниот кабинет.

На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка и беше поздравен отворениот и конструктивен дијалог за прашањата од заеднички и поширок интерес.

- Претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за продолжување на одличниот политички дијалог на највисоко ниво и изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.

Во контекст на европските перспективи и споделувањето на заедничките вредности, претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на косовските евроатлантски аспирации и учеството во различни формати на регионална соработка и ја истакна подготвеноста за споделување на искуства во сите области каде што располагаме со соодветна експертиза.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во регионот, за соработката во рамки на регионалните иницијативи, како и за можностите за продлабочување на прекуграничната соработка преку искористување на фондовите на Европската Унија, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Минесота ќе го продолжи договорот со тренерот Финч

Минесота тимбервулвс одлучи да го продолжи договорот со главниот тренер Крис Финч.

Како што објави „ESPN“, клубот од Минеаполис ќе потпише нов договор со 54-годишниот кошаркарски стручњак, кој ќе важи до крајот на сезоната 2027/28.

Финч ја води Минесота од 2021 година. Под негово водство, тимот стигна до плејофот во НБА во последните три сезони.

Во сезоната 2023-24, „Волците“ стигнаа до финалето на Западната конференција, најдоброто остварување во историјата на клубот.

притисни ентер