Идентификуван напаѓачот на Трамп, инцидентот се истражува како „обид за убиство“

По вчерашниот вооружен инцидент во близина на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трам уапсен е 58 годишниот Рајан Весли Рут.

По вчерашниот вооружен инцидент во близина на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп уапсен е 58 годишниот Рајан Весли Рут од Хаваи. ФБИ го истражува инцидентот како „обид за убиство“.

Тоа е втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеци. Тој во средината на јули на собир во Батлер, Пенсилванија беше погоден во уво.

Додека Трамп вчера играше голф во Вест Палм Бич осомничениот бил на 270 до 450 метри од него. Еден од агентите на Тајната служба забележал автоматска пушка Калашњиков зад грмушка во близина на теренот за голф, по што биле истрелани најмалку четири куршуми кон осомничениот. Тој ја фрлил пушката, два ранци и други предмети и побегнал со црн спортски автомобил, но бил уапсен во соседната област.

ФБИ очекува федералниот суд во Јужна Флорида да побара „процена на менталното здравје“ на Рут пред какви било можни кривични пријави.

Агенти на Тајната служба отвориле оган врз лице вооружено со полуавтоматска пушка, кое го вперило оружјето кон голф-клубот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, додека тој играл голф.

Републиканскиот претседателски кандидат е неповреден и безбеден, соопшти полицијата, а ФБИ го истражува инцидентот како „обид за убиство“.

Еден од агентите видел автоматска пушка со врвот на која излегува од грмушка во близина на теренот за голф, една дупка над местото каде што бил Трамп во тоа време. Агентите на тајната служба испукале најмалку четири куршуми со муниција кон осомничениот. Мажот потоа ја фрлил пушката, два ранци и други предмети и побегнал со црн спортски автомобил, но бил уапсен во соседната област.

По инцидентот Трам им се обрати на своите приврзаници преку електронска пошта и им порача дека никогаш нема да се предаде.

Имаше пукање во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакав прво да го слушнете ова: БЕЗБЕДЕН СУМ И ДОБРА! Ништо нема да ме успори. НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРЕДАВАМ! Единство. Мир. Да ја направиме Америка повторно голема. Бог да ве благослови, напиша Трамп.

Квалификации за ЕП 2025: Македонија до 21 ја победи Молдавија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година оствари победа со 2:1 против своите врсници од Молдавија во рамките на претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Ова беше четвртата победа во овие квалификации за нашите момци.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска ја оправдаа фаворитската улога и сосема заслужено славеа триумф над Молдавија.

Бехар Фета отвори во 11. минута, додека Беким Камбери во 90. минута ја зголеми предноста на Македонија.

Противникот во следниот напад успеа само да постигне почесен погодок за намалување на нашата предност.

Во последното коло од квалификациите, нашата млада репрезентација на 15. октомври ќе игра против Грузија на гостински терен./МИА

Мицотакис и фон дер Лајен разговарале за миграцијата и конкурентноста на ЕУ

 Миграцијата и конкурентноста, биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, непосредно пред почетокот на Самитот МЕД9 на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Миграцијата и конкурентноста, биле во фокусот на средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, непосредно пред почетокот на Самитот МЕД9 на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипарскиот град Пафос денеска е домаќин на лидерите на деветте медитерански земји членки на ЕУ, кои се дел од групата МЕД9, а на состанокот ќе учествуваат и претседателката на ЕК и кралот на Јордан.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис и фон дер Лајен на нивната средба разговарале „за приоритетите на новиот европски институционален циклус, со акцентот на прашањата за миграцијата и конкурентноста на ЕУ, кои се на агендата на претстојниот Самит на Европскиот совет“.

Покрај Кипар, кој претседава оваа година, во групата МЕД9 се и Франција, Грција, Шпанија, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија. /МИА

Израелската армија повторно нападна позиции на УНИФИЛ

Министерството за надворешни работи на Либан денеска соопшти дека израелската армија повторно нападнала позиции на мировната мисија УНИФИЛ во јужниот дел на Либан, при што е повредени повеќе лица.

Најостро го осудуваме намерниот и систематски оган на израелската армија врз членовите на Мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ)“, се наведува во соопштението на либанското МНР.

Официјалната агенција АНИ објави дека „израелски тенк гаѓал ја нападнал кулата УНИФИЛ, при што се повредени војниците на контингентот на Шри Ланка“.

Во сличен инцидент вчера повредени се двајца мировници од Индонезија./МИА

притисни ентер