ИДФ од ноќеска почна нова копнена операција во Џабалија, на северот на Газа

Израелската армија соопшти дека синоќа започнала нова копнена операција во областа Џабалија, на северот од Појасот Газа, јавија француските медиуми.

И покрај повеќемесечните жестоки воздушни напади, се верува дека палестински Хамас повторно ги зајакна своите борбени редови.

„Војниците од 401-та и 406-та бригада успеаја да ја опколат областа и во моментов ги продолжуваат операциите во секторот“, соопшти утринава армијата, пренесена од француските медиуми.

Израелските медиуми пренесуваат дека на оваа нова копнена операцијата и претходеле многу разузнавачки информации за оперативците и инфраструктурата на Хамас во Џабалија, каде биле забележени напори за прегрупирање на припадниците на екстремистичката организација.

Војниците на ИДФ влегоа во областа со поддршка на воздушни напади и артилериско гранатирање, гаѓајќи ги бројните локации на Хамас во Џабалија, вклучувајќи складишта за оружје, тунели, оперативни групи и друга инфраструктура.

Армијата најавува дека и оваа операција ќе продолжи се додека не се постигнат зацртаните цели.

Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека ја проширува хуманитарната зона во јужниот дел на Газа како дел од подготовките за евакуација на цивилите од целиот северен дел на палестинската територија

Војската печати мапи за палестинските цивили за да ги обележи потенцијалните области за евакуација.

Покрај тоа, таа објави дека отвора две рути за евакуација за Палестинците долж патот Салах ал-Дин и покрај брегот на Средоземното Море. /МИА

Фото: Српска пејачка како „зајачица од Плејбој“ на улица во Белград

Атрактивната српска пејачка Сандра Африка повторно ги истакна облините на воодушевување на фановите од социјалните мрежи. 

Сексапилната пејачка во неевообичаено издание се прошета низ улиците на Белград.

Сандра минатата недела за време на празникот „Ноќта на вештерките“ кој е се повеќе застапен и во регионот, во провокативно издание како вистинска „зајачица од Плејбој“ се појави на улица.

Таа така шеташе низ центарот на градот, а многумина не останаа рамнодушни на нејзиниот костим и фигура.

Сандра носеше трико од латекс, што ги истакна нејзините бујни облини.

Фото: Лепа Брена на насловната на „Вог“

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на најновото издание на магазинот „Вог“.

Мегапопуларната пејачка со насловната страна на тиражниот магазин само уште еднаш потврди дека е една од најголемите икони од нашите простори.

Брена на насловната страница на Вог блесна во никогаш поскап стајлинг.

Таа носи бунда од 11.000 евра од францускиот бренд „Алаја“.

Како што наведува „Вог“, Брена е избрана за насловна бидејќи е вистински феномен, ѕвезда без споредба и икона. Тие истакнуваат дека пејачката е и вистинско олицетворение на југословенскиот поп културен идентитет.

Таа за насловната страница ја фотографирал фотографот Бранислав Симончик, а целата фотосесија е направена во титовата вила „Галеб“.

Коментарите за ова издание на Лепа Брена се повеќе од позитивни.

На Корзика прогласен портокалов метео аларм поради невреме

Од попладнево до недела наутро на Корзика во сила е портокалов метео аларм бидејќи се очекува невреме проследено со обилни дождови што може да предизвикаат поплави, соопштија денеска надлежните француски претставници.

- Поради очекуваната акумулација на големи количини вода во урбанизираните области во рамничарските делови на северот на Корзика и во близина на Бастија, ситуацијата бара посебен мониторинг. Најризичниот период ќе биде помеѓу сабота навечер и недела наутро во департманот Горна Корзика на северниот дел од островот со можни поплави. Апелираме граѓаните да ги ограничат своите патувања, се наведува во официјалното соопштение кое го пренесува дневниот весник Фигаро.

Во останатиот дел од Франција викендот ќе биде врнежлив освен во планинските предели, а југоисточниот дел од земјата денеска повторно ќе го зафати силно невреме.

притисни ентер