Илиев: Оптимисти сме, обврска е да го дадеме најдоброто

Македонската А репрезентација го оддржа денешниот утрински тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ како подготовка за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове). 

Репрезентацијата утре ќе биде во речиси комплетен состав со приклучувањето на Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Јани Атанасов.

Бојан Димоски со својот клуб Акрон Тољати на 1. јуни игра плеј-оф натпревар за влез во Првата руска лига и ќе им се приклучи на репрезентативните колеги на собирот во Хрватска.

Нашиот репрезентативен голман, Дејан Илиев вели дека сме оптимисти во пресрет на натпреварот против Хрватска.

- Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните кои ги одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвуваат за настап на Европското првенство, но наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе и да веруваме во позитивен резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешки на вакви натпревари можат многу да не чинат.

Лунин се извини по катастрофалниот пораз од Романија

Голманот на украинската репрезентација Андреј Лунин се извини за поразот од Романија (0:3) во првото коло на групниот турнир на Евро 2024 година.

-Сакам да му се извинам на тимот, на сите. Уште не е готово. Немаме избор, треба брзо да се опоравиме, да се префрлиме на следниот натпревар, да направиме се што е можно и невозможно за да стигнеме понатаму, изјави Лунин за украинските медиуми.

Голманот на Реал Мадрид беше виновник за два од примените три гола.

Во следниот натпревар Украина ќе игра против Словачка на 21 јуни. /МИА

In memoriam: Почина новинарот Иван Андреевски – Маче

Синоќа на 77 годишна возраст ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. 

Роден е во 1947 година во Доленци, Демирхисарско.

Андреевски својата кариера ја почнува во Радио Телевизија Скопје, веднаш по завршувањето на факултетот за политички науки во Белград во 1971 година, како новинар во документарната редакција, работејќи на репортажи, документарни филмови и фељтони. Бил директор и одговорен уредник во Радио Телевизија Скопје од 1986 до 1990 година, бил ангажиран и како дописник на Ројтерс, Радио Слободна Европа и Јутел, а своевремено член и претседател на Советот за радиодифузија. Продолжува да ја гради професијата Македонската радио телевизија, основач е на скопската програма и утринската програма на МРТ.

Од 1997 до 2006 година бил претседател на Здружението на новинари на Македонија, а добитник е и на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.

Погребот ќе биде на 21 јуни, во неговото родно село Доленци.

ОН: Во 2023 година за 72 проценти зголемен бројот на цивилни жртви во конфликтите ширум светот

 Бројот на цивилни жртви во вооружените конфликти ширум светот минатата година се зголеми за 72 отсто, изјави денеска Високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк.

Тој посочи дека алармантно е зголемен бројот на убиени жени и деца во споредба со 2022 година.

Според податоците на ОН двојно е зголемен процентот на убиени жени во 2023 година, додека бројот на деца жртви е трипати поголем. /МИА

притисни ентер