Ирина Шајк со новите снимки покажа зошто се смета за една од најубавите жени на светот (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки во светот, Ирина Шајк, на своите стори на Инстаграм покажа фотографии на кои е во црно бикини.

Таа ги остави без здив своите фанови. 38-годишната девојка уживаше во викендот со својата седумгодишна ќерка Леа Де Сејн.

Инаку, Ирина е родена на 6 јануари 1986 година во рускиот град Јеманжелинск. Својата манекенска кариера ја започнала во 2004 година кога потпишала договор со агенција во Москва, а две години подоцна се преселила во Париз. Помалку е познато дека нејзиното вистинско презиме е Шејхлисламова.

Таа се здоби со меѓународно признание кога се појави како прв руски модел на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit Issue во 2011 година. Покрај успешната манекенска кариера, Ирина е позната и по врските со бројни познати личности.

Таа беше во врска со Кристијано Роналдо пет години, по што влезе во врска со холивудскиот заводник Бредли Купер со кого доби ќерка, а подоцна ја поврзуваа и со Канје Вест и Леонардо ди Каприо.

Деспотовски: СДСМ ќе се врати на вредностите и традициите од АСНОМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски продолжи со непосредни средби со членовите на партијата. На средбата во Велес беше истакнато дека една од клучните заложби на партијата ќе биде враќањето на вредностите и традициите од АСНОМ.

„Доаѓам од семејство со долга традиција на слободарски вредности. Мојот дедо Јоле Деспотовски беше дел од партизанското движење во западна Македонија, а потоа и дел од југословенската народна армија до својата пензија. Со 18 години се зачленив во СДСМ верувајќи дека оваа партија најдобро се грижи за интересите на државата Македонија и на сите граѓани. Во многу историски моменти покажавме дека сме на вистинската страна. Повторно мора да го покажеме тоа.

На средбата Деспотовски ја презентираше програмата во која клучна реформа е зајакнување на членството и воведување директен избор на кадри, за која рече дека е добро што ја прифатиле и останатите кандидати.

„СДСМ избори добива со душа и со срце. И ние тоа го изгубивме. Тоа е системски проблем кој се обидуваме сега повторно да ја замениме со наметнување решенија. Тоа се покажа дека не е добро. Затоа ни е потребна реформа и системско решение. А, тоа е многу едноставно. Претседателот на општинската организација, кандидатот за градоначалник, за пратеник не може да се бира во Скопје. Не можам јас да знам што е подобро од вас самите што е најдобро за вас во Велес. Затоа воведуваме директен избор на носителите на сите функции во партијата. Членството одлучува кој ќе ги преставува. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот. Исто како што се бира претседател на партија така да се бира и градоначалник. Тоа е најдобра анкета за да знаеме кој чини, а кој не чини како кадровско решение. Секој сака да му се слушне гласот и има право за тоа, “ нагласи Деспотовски.

„Се појави дилема зошто побарав од останатите кандидати да потпишат изјава дека нема да тргуваат со позиции во партијата и критика дека така ќе ни избегаат квалитетни кадри. Отворено ве прашувам, дали треба некој да биде партиски функционер за да даде искрен придонес за партијата. Се наметнуваат лажни дилеми и стандарди дека луѓето треба да бидат наградени само затоа што се тука“, нагласи Деспотовски.

Тој ја нагласи потребата од отворена двонасочна и постојана комуникација со општинските организации. Меѓу другото за таа цел, дел од присутните предложија секоја првата сабота во месецот да се одржува работна состанок на претседателот на партијата со сите претседатели на општинските организации каде треба да се дебатира за сите отворени прашања и да се носат заеднички одлуки.

Повеќе присутни членови го отворија и прашањето со начинот на регистрација за гласање, и дека стравуваат од можни проблеми при гласањето поради тоа што дел од членовите немаат обновено картички за гласање. Членството бара да се разгледаат сите можности и да се овозможи учество на што е можно поширок круг на членови во гласањето.

Јован Деспотовски

СДСМ

Водата од Дојранското Езеро е безбедна за капење

Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје Велес покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето.

Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, повикувајќи се на добиените резултати од извештаите на здравствената установа.

-Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” од страна на Центарот за јавно здравје, институција со докажан квалитет која успешно работи години наназад, докажано е дека водата кај трите плажи е во одлична состојба и не постои пречка луѓето слободно да се капат и да уживаат во рекреативни активности во водата, објави Ангов.

Додава дека резултатите од испитувањата на езерската вода се идентични со лани, односно се повторува непроменета одлична состојба и покажува параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Инаку, во текот на летниот период од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, неколку пати се земаат примероци од езерската вода за тестирање.

НСДП: Нема да дадеме поддршка за ваков состав и програма на Влада

Мандатарот Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски, во најголем дел тоа се луѓе кои во минатото служеа на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ги пратат многу скандали.

Граѓаните за брзо ќе ги видат на дело кадрите на „рециклираниот режим“ и „заробената држава“ која ја инсталираа во десетгодишното претходно владеење.

Кадри кои служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицковски, не може да донесат и спроведат реформи, матрицата од претходното нивно владеење останува иста.

Во град Скопје и во општините три години го гледаме нивниот начин на спроведување на „реформи“ и нови проекти, хаос, безредие, прсти во медот, блокирани и нефункционални локални институции, партиски вработувања и скандали.

Првите потези и чекори го најавуваат моделот на владеење, особено ако ги гледаме потезите на претседателката на државата која уште во првите недели од мандатот го крши Уставот, ги влошува односите со соседите и на нeдостоинствен начин ја претставува државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да ретерира и отстапува од изборните ветувања со кои ги изманипулираа гласачите, тоа се гледа и по првите потези на нивното делување: не го намалија бројот на министерствата, го прифатија Преспанскиот договор наместо да го ревидираат како што веруваа во предизоборната кампања и нема да го вратат претходното уставно име, не предлагаат ревидирање на Охридскиот договор и договорот со Бугарија, вонинституционално договараат задолжување од една милијарда евра, ги влошуваат односите со соседите.

НСДП нема да даде поддршка за ваков состав и програма на Влада.

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП

притисни ентер