Историски ден за науката: ЕСА го емитуваше првиот пренос во живо од Марс (ВИДЕО)

Денеска Европската вселенска агенција (ESA) ќе одржи едночасовен пренос во живо од Марс, што е прв ваков обид до сега.

Имено, до сега добивавме фотографии и снимки од Црвената планета „од минатото“, односно можевме да видиме како изгледала пред неколку дена или недели.

Преносот започна во 18 часот, така што дури и сега нема да го видиме Марс без одлагање бидејќи на светлината ѝ треба малку време да патува од оваа далечна планета до Земјата. Како и да е, ова треба да биде најблиску до известување во живо од друга планета во Сончевиот систем. За да го прослави 20-тиот роденден на своето вселенско летало, Марс експрес, ЕСА ќе испраќа нови слики од орбитерот приближно на секои 50 секунди.

ЕСА вели дека ова е прв долгорочен пренос во живо од длабоката вселена. Во текот на денешниот едночасовен „извештај“ од орбитерот, на секоја слика ќе ѝ бидат потребни околу 17 минути за да стигне од леталото до нашите мали екрани. „Имајте на ум дека никогаш порано не сме пробале вакво нешто, така што е малку неизвесно колку точно ќе им треба на сигналите да стигнат до Земјата“, пишува ESA.

Косовската полиција изврши претрес на пет локации на северот на Косово

Косовската полиција изврши претрес на пет локации на северот на Косово во врска со инцидентот во Бањска

Во три општини на северот на Косово утринава се извршени проверки од страна на косовската полиција во врска со вооружениот напад во селото Бањска што се случи минатиот викенд. Косовската полиција информира дека претресите се во координација со ЕУЛЕКС и КФОР.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани изјави дека претресите се поврзани со настаните во Бањска и дека почнале утрово околу шест часот. Акцијата завршила еден и пол час подоцна, односно во 7:30 часот. Нема уапсени лица.Претрес, како што пренесе Радио Слободна Европа , извршен е и во близина на ресторанот „Греј“, кој се претпоставува дека е во сопственост на Ема Радоичиќ – сопругата на Милан Радоичиќ, потпретседателот на партијата Српска листа, кого косовските власти го обвинија оти учествувал во нападот во Бањска.

Според Косово онлајн претрес е извршен и во Градската болница во Северна Митровица, а директорот на болницата изјави дека полицијата ги земала снимките од видеонадзорот и искршила неколку врати.

Демократскиот сојуз: Ковачевски да го повлече закон за амнестија

Господине Ковачевски, немојте да се мачите да пишувате амандмани на закон кој го предлага Владата со која Вие раководите. Амандмани ќе има илјадници и бидете сигурни дека законот нема да помине!

Демократскиот сојуз бара од премиерот Димитар Ковачевски да го повлече новиот Предлог-закон за амнестија, бидејќи овој закон е политички пазар помеѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците и продолжение на неодамнешните измени на Кривичниот законик со кои брутално е нападнат правниот поредок.

Господине Ковачевски, немојте да се мачите да пишувате амандмани на закон кој го предлага Владата со која Вие раководите. Амандмани ќе има илјадници и бидете сигурни дека законот нема да помине!

Инаку, знаете ли на што личите сега со најавата за амандмани? На јавноста ѝ испраќате порака: „ИМАМ СВОЕ МИСЛЕЊЕ, НО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИСТОТО“.

Демократскиот сојуз нагласува дека Владата го урниса системот на владеење на правото и ги загрози евроинтеграциите на Македонија.

Воедно ја повикуваме Европската унија да изгради јасен став во врска со измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за функционерите, како и за најновиот предлог закон за амнестија со кој ќе се амнестираат лица сторители на тешки кривични дела.

Повеќе од јасно е дека сето ова, како и најавите за дополнителни амнестии се прави наводно за да се изгласаат уставните измени со кои се предлага Бугарите да бидат вградени во Уставот, а суштината е неказнивост на функционерите и да се остане ден повеќе на власт.

Демократски сојуз

Бен Кардин се враќа на чело на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат

Сенаторот Бен Кардин ќе биде новиот претседател на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат, на местото на Боб Менендес, кој е обвинет за земање мито и корупција.  

Неделава беше изгласана резолуција за назначување на Кардин на таа должност.

Во меѓувреме, Менендес, сенатор од Њу Џерси кој падна во немилост, не ја признава вината и покренатата федерална тужба против него. Кардин, високорангиран сенатор од Мериленд познат по својата активност за заштита на човековите права, веќе по втор пат ќе го замени Менендес како раководител на комитетот.

Кардин раководеше со овој комитет од 2015 до 2018 година откако на Менендес му беа покренати обвиненија за корупција, што потоа судот ги отфрли.

Сенаторот Кардин, кој идната недела полни 80 години, објави дека нема да се номинира за резибор идната година.

Менендес минатата недела го ослободи местото претседател на комитетот, а според правилата на партијата затоа што се покренати обвиненија за кривично дело.

Во споредба со онаа во 2015 година, федералната тужба против него овојпат е многу посериозна (за мито обвинета е и неговата сопруга), и повеќе од половина од демократите во Сенатот повикаа тој да си поднесе оставка.

Кардин е автор на законот Магнитски, американски закон создаден во чест на адвокат од Русија кој беше измачуван до смрт од руските власти, а што предвидува санкции против нарушителите на човековите права во целиот свет.

Менендес е обвинет за незаконско лобирање во полза на Египет и примање мито од над милион долари.

Назначувањето на Кардин за претседател на комитетот сигнализира дека се можни промени во американските односи со Египет. Тој неодамна ја искритикува одлуката на Бајден овој месец да додели 235 милиони долари воена помош на Египет, земја која не е позната по почитување на човековите права.

-Ако сакаме да покажеме на светот дека почитувањето на човековите права е клучен аспект од интересите за национална безбедност на САД, треба да направиме уште повеќе таквите влади да се повикаат на одговорност, изјави Кардин по овој повод.

И други законодавци повикаа разгледување на одлуката на администрацијата за помош за Египет, во позадина на обвиненијата против Менендес.

притисни ентер