Изборен ден во САД,Трамп и Харис изедначени во мало село во Њу Хемпшир, добиле по три гласа

Во малото село Диксвил Ноч, во Њу Хемпшир, утринава беа објавени првите резултати од изборите во САД и тие покажаа дека денеска ќе има навистина изедначен изборен ден, јави ДПА.

Демократската кандидатка Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп добија по три гласа, како што беше објавено на рачно напишана табла веднаш по полноќ по локално време (5 часот по средноевропско).

Излезноста на гласачите беше стоотстотна.

Избирачките места беа отворени на полноќ во селото во близина на канадската граница, кое ја одржува традицијата од 1960 година. Бидејќи има само шест регистрирани гласачи, процесот на гласање и броење беше брз, пренесе ДПА.

Американска телевизија директно го пренесуваше гласањето и пребројувањето.

Непредвидливите и тесни претседателски избори во САД ќе кулминираат денеска кога гласачите низ длабоко поделената земја ќе одлучуваат дали Камала Харис или Доналд Трамп во јануари ќе бидат во Белата куќа, пренесе ДПА.

Харис, актуелната демократска потпретседателка, и Трамп, републиканскиот поранешен претседател, кој бара втор четиригодишен мандат, ги поминаа последните френетични недели од кампањата, изнесувајќи ги своите ставови пред гласачите во седумте критични држави кои веројатно ќе го одлучат победникот.

Според анкетите, ниту еден од кандидатите во државите Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Џорџија, Северна Каролина, Невада и Аризона нема значајно статистичка предност, што ја засилува високата неизвесност додека трката се движи кон целта.

Но, правните и политичките аналитичари предупредуваат дека постои голема веројатност дека може да поминат неколку денови, па дури и недели, пред да се знае следниот претседател, доколку премногу тесните трки се заглават во пребројување на гласачките ливчиња и правни препукувања.

Лидерите ширум светот, не само во Европа, ќе следат внимателно. Претседателските избори во САД имаат огромно влијание на глобално ниво, со тоа што Соединетите Држави играат клучна улога кога станува збор за меѓународните жаришта како Украина, Блискиот Исток и Тајван, како и во влијателни тела како што е воената алијанса на НАТО.

Околу 240 милиони луѓе имаат право да гласаат на изборите, кои исто така ќе одлучуваат за составот на двата дома на Конгресот: Претставничкиот дом и Сенатот. Која партија ги контролира нив ќе има големо влијание врз агендата на политиката на идниот претседател.

Повеќе од 78 милиони избирачи веќе гласале во 47 држави и во Дистриктот Колумбија, според податоците што ги собрале СИ-Ен-Ен, Edison Research и Catalist, компанија која обезбедува податоци, аналитика и други услуги на демократите, академиците и непрофитните групи за застапување, вклучително и увид за тоа кој гласа пред ноември.

Момче си го ризикува животот за да дојде до мистериозен објект од Google Earth (ВИДЕО)

Младиот истражувач Џош, активен на социјалните мрежи, ја користел апликацијата Google Earth додека го проучувал југозападниот британски брег кога наишол на „мистериозен објект“.

Морал да ја задоволи својата љубопитност, па си ги спакувал работите и тргнал на пат.

Огромниот „предмет“ што го забележал во осамениот залив - еден од многуте на брегот на Корнвол - бил заглавен покрај стрмна карпа. Младиот човек бил подготвен за секој предизвик, но и свесен за опасноста.

„Не можев да одолеам, морав сам да проверам. Но, не дозволувајте природната убавина да ве измами. Овој брег е смртоносен со преку 130 регистрирани бродоломи“, рече Џош.

Тој ја документирал својата авантура и покажал каде се спуштил за да му пријде на „мистериозниот објект“. Многу ризикуваше, но на крајот ја доби својата награда.

Кога доволно се приближил, сфатил дека гледа во дел од заглавен брод! Очигледно со години скапува на брегот, пренесува Daily Star.

Џош решил да ја истражи внатрешноста и не зажалил. Нашол неколку соби, многу 'рѓосани скали и предмети.

„Самото спуштање до потонатиот брод е приказна сама по себе. Опасни карпи, со бранови кои се удираат во основата. Имав неверојатна сцена пред мене“, изјави урбаниот истражувач.

Тој ги предупреди луѓето да бидат внимателни доколку одлучат да одат во такви авантури.

„Истражувањето на остатоците може да биде опасно. Овие области се нестабилни, со стрмни карпи и несигурна почва. Јас сум обучен професионалец и секогаш давам приоритет на безбедноста. Избегнувајте да влегувате во остатоците“, нагласи тој.

@joshtheintern Exploring a huge shipwreck I found on Google Earth! While scrolling through Google Earth, I stumbled across what looked like a massive shipwreck tucked away in a secluded cove along England's stunning coastline. Naturally, I couldn’t resist the urge to go check it out for myself! The hike to the wreck was breathtaking. The rugged coastal cliffs, with waves crashing below, created a dramatic and awe-inspiring backdrop for the journey. I also got very lucky with the weather which made the hike even better! Exploring shipwrecks can be dangerous. These areas are unstable, with sharp edges and deteriorating structures. I’m a trained professional, and my actions are not meant to be recreated. Always prioritize safety and avoid entering or climbing shipwrecks. #adventure #shipwreck #exploring #urbex #abandonedplaces ♬ Paris - 3Hzwave

Неговото видео стана вирално на TikTok, при што еден гледач сугерира дека Џош ги обиколил остатоците од германскиот товарен брод RMS Mulheim, кој се насукал на 22 март 2003 година.

Мицотакис се премисли: Не купуваме 12 француски воени авиони, ќе купиме американски Ф-35

Грција одлучи да не набавува дополнителни борбени авиони Dassault Rafale за нејзините воздухопловни сили (HAF), туку да остане со бројот од 24 од овие авиони, што, според владата во Атина е доволно, откри грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Мицотакис навести дека дополнителна причина за таа одлука може да лежи во фактот што Атина ќе се одлучи за дополнителни 20 авиони Lockheed Martin F-35 Lightning II, покрај 20-те авиони најавени во јули 2024 година, како дел од договорот вреден 3,5 милијарди долари.

Ваквиот развој на настаните ја изненади стручната јавност, имајќи предвид дека во мај беше објавено дека Грција може, покрај постоечките 24 Rafale F3R, да нарача уште 10 до 12 понови модели од типот F4.

На флотата од 18 Rafale EG со едно седиште и шест Rafale DG со две седишта, во суштина требаше да се додаде уште една ескадрила на француски борбени авиони за да се одржи нивото на сила додека постариот F-4 Phantom II, Mirage 2000-5 Mk.2 и некои од постојните F-16, според списанието The Aviationist.

Овие планови беа мотивирани и од можната продажба на постари авиони Мираж на индиските воздухопловни сили, кои исто така размислуваа за набавка на ист тип на авиони од Катар.

Целата програма, судејќи според зборовите на Мицотакис, е откажана. Премиерот на Грција даде интервју за Defence Review за време на посетата на воздухопловната база Танагра во близина на Атина, каде што се сместени сите грчки Рафали во рамките на 114-то борбено крило.

Мицотакис рече дека во моментов нема намера да се активира договорната клаузула со Франција за купување на уште шест авиони Рафал.

„Имаме 24 и веруваме дека тие се апсолутно доволни, во комбинација со одлуката што ја донесовме да набавиме 20 авиони Ф-35 во првата фаза“, рече грчкиот премиер, кој и самиот беше член на ХАФ пред 30 години. „Ф-35 се авиони кои работат многу добро и соработуваат со Ф-16“, заклучи тој.

Атина се согласи во јули 2024 година да купи најмалку 20 авиони Ф-35, во вредност од 3,5 милијарди долари, со опција за уште 20, со што вкупната флота ќе достигне 40 авиони, а испораката треба да започне до 2028 година. Ова ја прави Грција 19-та земја во светот да се приклучи на програмата Ф-35 и 12-та европска нација што ќе го користи овој авион. Спомнувањето на „првата фаза“ имплицира идни планови за дополнителни 20 авиони, за да стигнат до флота од 40 американски авиони F-35.

Дилета Леота го засени ждребањето на ФИФА во Мајами (ВИДЕО)

Во Мајами се одржува ждрепката за Светското клупско првенство 2025 година, а главна ѕвезда на вечерта е познатата спортска новинарка Дилета Леота.

Имено, таа е една од водителите на церемонијата, односно водителката, а кога влезе, сите присутни останаа без зборови, а сите погледи беа вперени во Дилета.

На свеченоста се присутни и фудбалските легенди како Алесандро Дел Пјеро и Роналдо Луис Назарио де Лима, а секако таму е и претседателот на ФАФА Џани Инфантино.

На Светското клупско првенство ќе учествуваат 32 најдобри селекции во светот, а ќе се одржи во летото 2025 година.

притисни ентер