Јанчев: Радувај се Кавадарци, „Тиквеш“ го освои Купот на Македонија

Радувај се Кавадарци!

ГФК Тиквеш го освои Купот на Македонија!

Браво момци, заслужена победа, а вечерва Кавадарци да го обоиме во црвена боја!

Да живее Кавадарци, да живее Македонија!, објави градоначалникот Митко јанчев на својот профил на ФБ.

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

-Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата. Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода, информира ЈОРСМ.

Затоа до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Претрес во Кичево, пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 13.10 часот во Кичево го лишиле од слобода З.Т.(29) од Кичево.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кеса со марихуана, пари и други предмети.

-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При претрес во Ресенско, пронајдена дрога и приведен дилер

Полициски службеници од ОВР Ресен и од СВР Битола вчера во 19.30 часот го лишиле од слобода Е.А.(51) од ресенското село Грнчари.

МВР соопшти дека по добиена наредба од Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари.

-При претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување канабис. По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

притисни ентер