Јапонија лансираше одбранбен сателит во орбитата

Јапонија денеска лансираше одбранбен сателит во орбитата, дизајниран за побрза комуникација и спроведување воени операции. Сателитот беше лансиран со новата ракета-носач „Ејч Три“ (H3).

Ракетата „Ејч Три“ број 4, развиена од „Мицубиши Хеви Индустрис“ (Mitsubishi Heavy Industries Ltd) полета од вселенскиот центар Танегашима, југозападна Јапонија.

Јапонската агенција за истражување на воздухопловството соопшти дека сè се одвивало според планот и сателитот бил успешно лансиран во целната орбита.

Сателитот е на Министерството за одбрана „Карамеки-3“ (Karameki No. 3), кој користи комуникација „Икс-бенд“ (радиобранови со ултрависока фреквенција во одреден опсег) за размена на информации и податоци, како и за воени операции и команда. Сателитот кој користи сличен тип на радиобранови е помалку погоден од временските услови и е способен да одржува постабилна комуникација. „Карамерки-3“ следи два претходни сателити со „Икс-бенд“ (X-band) што веќе се во функција.

Генерал-мајор Јасухиро Като, началник на системскиот оддел на здружениот штаб на силите за самоодбрана на Јапонија, на заедничката онлајн прес-конференција од островот Танегашима рече дека

- Тројниот сателитски комуникациски систем преку „Икс-бенд“ ќе овозможи високо брз пренос на податоци и комуникација со голем капацитет меѓу копнените, морските и воздушните сили на Јапонија за самоодбрана, како и со единиците распоредени во странство на мировни мисии или вежби. Ова дополнително ќе придонесе за националната безбедност на Јапонија и оперативниот капацитет на силите за самоодбрана, изјави началникот на системскиот оддел на здружениот штаб на силите за самоодбрана на Јапонија, генерал-мајор Јасухиро Като. /МИА

Граници, почит и искреност - рецепт за успешна врска

Очекувањата и правилата поврзани со љубовта и врските сѐ повеќе се менуваат. 

Традиционалните модели на врски засновани на однапред одредени правила и улоги, сѐ помалку важат, се чини, отворајќи простор за пофлексибилен однос и сфаќања, како и за идентитетот и личната среќа, според психолозите.

Терапевтот од Харвард, д-р Кортни Ворен вели дека и покрај овие промени, постои една работа која речиси може да го гарантира успехот на врската. Тоа се границите.

- За успехот на врската, од суштинско значење е јасно да се дефинираат и одржуваат границите што партнерите ги поставуваат заедно. Границите не се правила што уназадуваат, туку темел на односите што овозможуваат доверба, искреност и заеднички раст. Без нив, врската ја губи стабилноста и довербата, објасни психологот за „Јор-танго“ (YourTango).

Секоја врска е уникатна, а договорот за тоа што е прифатливо се разликува кај различни парови.

- Она што е важно, е стремежот кај двајцата партнери да ги почитуваат меѓусебните договори и да се подготвени отворено да разговараат за можни промени или предизвици... Искреноста со партнерот и со себе е клучот за секоја успешна врска. Како што растат и се менуваат партнерите, важно е да се приспособат меѓусебните договори за врската да остане здрава и исполнета!, појасни д-р Ворен.

На тој начин, вели, и доколку дојде до можно раскинување, искреноста поттикнува тоа да се случи со почит, а не со горчина. /МИА

Видео: Бунтовниците во Сирија го запалиле гробот на такото на претседателот ал-Асад

На социјалните мрежи се објавуваат видеа и фотографии на кои се гледа како бунтовниците стојат покрај запалениот гроб на поранешниот сириски претседател Хафез ал Асад, таткото на Башар ал Асад.

Според извештаите, бунтовниците го извлекле ковчегот од гробницата и го запалиле.

Некои светски агенции јавуваат дека дека бунтовниците во униформи, заедно со локалните жители, го гледале ковчегот како гори.

Хафез ал Асад владееше со Сирија три децении, а почина во 2000 година од срцев удар. Неговото тело беше погребано во мавзолеј во неговото родно село Кара. Него на функцијата претседател го наследи неговиот син Башар ал Асад, кој беше соборен од власт минатиот викенд. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска

Не знаеме кој ги пишува соопштенијата во име на Град Скопје, дали е Левица, дали е ДУИ или СДС, но кој и да е знаеме дека или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба.

Не знаеме кој ги пишува соопштенијата во име на Град Скопје, дали е Левица, дали е ДУИ или СДС, но кој и да е знаеме дека или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба, затоа што самите дописи изобилуваат со уличарски и непристоен речник, несвојствен за „менаџерка" како Данела Арсовска.

И тука не станува збор за лаги, манипулации, туку за почутување на сопствениот календар за поднесување на предлог буџет.

Не знаеме каде заглавил буџетот, во канцеларијата на еден сметководител во Ѓорче, или кај блиски роднина на Арсовска, или во нечиј штаб близок до Арсовска, но знаеме дека предлог буџет нема. Во прилог документот дека е пробиен рокот за поднесување на буџетот, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер