Јувентус нема да го продолжи договорот со Ди Марија, променета стратегијата на клубот

Анхел Ди Марија ќе го напушти Јувентус. Договорот на аргентинскиот играч за врска со клубот е со важност до крајот на тековната сезона. Страните преговараа за продолжување на договорот.

Сепак, според „Goal“, трансфер стратегијата на „Старата дама“ е променета. Јувентус одлучи да одбие да ја продолжи соработката со Анхел.

Триесет и петгодишниот Ди Марија му се приклучи на Јуве летото 2022 година. Во Серија А одигра 24 натпревари на кои постигна по четири гола и исто толку асистенции. /МИА

Жирона за првпат во историјата ја победи Барселона и се врати на лидерското место во Ла Лига

Во натпревар од 16. коло на шпанскиот фудбалски шампионат Жирона синоќа како гостин ја победи Барселона со 4:2.

Жирона е без пораз во Ла Лига последните осум натпревари. Единствениот пораз во првенството го претрпе на 30 септември на средба со Реал Мадрид (0:3).

По овој натпревар, Жирона со 41 бод се искачи на првото место во поредокот, пред Реал со 39 бода. Барселона со 34 бода е на четвртото место.

Барселона за прв пат во својата историја загуби од Жирона. Пред сезоната 2016/17, тимот на Жирона никогаш не играл во Ла Лига. /МИА

Американски Ф-16 се урна над Жолтото Море

Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија денеска американските сили во Кореја (USFK).

Пилотот на борбениот авион Ф-16 се катапултирал по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу Корејскиот Полуостров и Кина, соопшти УСФК.

Пилотот е во стабилна состојба, а причината за несреќата се истражува.

Авионот полетал од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Вкупно 28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја. /МИА

Трамп нема да сведочи по втор пат во случајот со граѓанска измама

 Поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека одлучил да не сведочи по втор пат на судењето за граѓанска измама во Њујорк.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека многу успешно сведочел минатиот месец и дека не гледа потреба повторно да се појавува.

Трамп денеска требаше да се врати на говорницата како последен главен сведок на одбраната во случајот, кој ја загрозува неговата империја со недвижнини и го нарушува неговиот имиџ како успешен бизнисмен.

Трамп, неговите синови Ерик Трамп и и Доналд Трамп Џуниор, и други високорангирани директори на Организацијата Трамп се обвинети од њујоршката обвинителка Летиција Џејмс дека се вклучиле во децениска шема во која користеле „бројни чинови на измама и лажно претставување“ за да надујат нето вредноста на имотот на Трамп за тој да добие поповолни услови за кредит. Судењето доаѓа откако судијата во случајот со делумна збирна пресуда пресуди дека Трамп поднел „лажни проценки“ за неговиот имот, оставајќи го судењето да утврди дополнителни дејствија и каква казна, доколку ги има, треба да добијат обвинетите. /МИА

притисни ентер