Камала Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слобода и правда

Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слобода и правда, рече Камала Харис ден по победата на Доналд Трамп на изборите.

Во емотивно обраќање на универзитетот Хауард во Вашингтон, демократската кандидатка порача дека останува на принципот за мирен трансфер на влада, зашто како што рече, тоа ја разликува демократијата од тиранијата. Лично му честитала и на Трамп за победата.

-Mу реков (на Трамп) дека ќе му помогнеме нему и на неговиот тим во трансферот на власта и дека ќе се погрижиме за мирен пренос на власта. Јас ги признавам овие избори, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода, за можности, за правда и за достоинство на сите луѓе. , изјави Камала Харис, кандидатка за претседателка на демократите

Трамп веќе го почна процесот за избор на новата администрација. Западните медиуми наголемо лицитираат кои ќе бидат во најтесното опкружување на Трамп, поаѓајќи од Илон Маск, како најверојатен прв човек во новиот оддел за владина ефикасност. Сенаторот од Флорида Марк Рубио се споменува како најизвесен државен секретар, а според Гардијан, во трка за наследник на Блинкен е и Ричард Гренел. За прв човек на одбраната доминира името на екс шефот на ЦИА, Мајк Помпео, а позиција несомнено ќе добие и Роберт Кенеди Џуниор. Трамп неодамна изјави дека нема да ја повтори грешките од првиот мандат.

-Не познавав никого претходно. Не бев од Вашингтон и ретко бев таму. Сега ги познавам сите. Ги познавам добрите, силните, слабите, глупавите. Ги познавам сите и ќе ја направиме Америка повторно голема. , изјави Доналд Трамп за „Fox news“ (30.10.2024)

А, експертите втор ден анализираат колку се остварливи клучните ветувања на Трамп од кампањата, особено во однос на војната во Украина, за која републиканецот најави дека ќе и стави крај на првиот ден од мандатот.

-Решавањето на војната за еден ден е апсолутно немозможно. Мислам дека неуспехот за тоа што ќе се случува нема да биде вина на Доналд Трамп, зашто Трамп никогаш нема вина. Тоа ќе биде вина на Зеленски или на Путин. Тоа ќе има многу негативни последици за САД во однос на Украина. , изјави Џон Болтон, екс советник за национална безбедност на Трамп.

Трамп досега освои 295, а Харис 226 електорски гласови. Тој победи во сите пет таканаречени колебливи држави, а води и во останатите две, Аризона и Невада, каде се уште се пребројуваат гласовите.

Барселона со нов план за справување со финансиските проблеми

Раководството на Барселона продолжува да се бори со финансиските проблеми на клубот и покрај тоа што потпиша договор за период од 14 години со „Најк“, кој на Каталонците ќе им донесе импресивни 1,7 милијарди евра.

Според локалниот печат, клубот се уште не го гарантирал пријавувањето на Дани Олмо и Пау Виктор, кои добија привремени дозволи на почетокот на сезоната. Тогаш Каталонците го искористија правилото кое дозволува пријавување на нови играчи во случај на сериозна повреда на некој од актуелните на списокот, кој ќе го извади од теренот повеќе од четири месеци.

Сепак, Барса е блиску до влез во фамозното правило 1:1, што се очекуваше да се случи веќе во текот на летото, а тоа ќе стане возможно по активирањето на уште еден финансиски лост од страна на клубот. Овој пат Каталонците ќе додадат уште 200 милиони евра со продажба на ВИП места во реновираниот објект во следните 10 години. Токму овој приход сега ќе ги додаде потребните средства, што ќе придонесе многу за да се намали финансискиот притисок и да се вклучат двајцата фудбалери на листата на пријавени за настапи.

Медиумите во Шпанија пренесуваат и дека сега Барселона ќе има поголема слобода во планирањето на селекцијата и обидот да привлече нови играчи. Сепак, не се очекуваат поголеми зделки во јануари.

Лидерот на сириските бунтовници: Режимот на Ал Асад е „мртов“

Лидерот на сириската бунтовничка алијанса, Абу Мохамед ал-Џулани, изјави дека нивната цел е да го соборат сирискиот претседател Башар ал Асад и да формираат нова влада.

-Режимот што Иранците и Русите се обидоа да го оживеат е мртов, рече Ал-Џулани за Си-Ен-Ен.

Ал-Џулани рече дека планира да воспостави систем на владеење во Сирија заснован на институции, а не систем во кој еден владетел носи, како што рече, произволни одлуки.

Ал-Џулани е водач на исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која водеше ненадејна офанзива против силите на Ал Асад минатата недела, што повторно ја разгоре сириската граѓанска војна по години ќор-сокак.

Бунтовничката алијанса оттогаш ја презеде контролата врз Алепо, вториот по големина град во земјата. Покрај повеќе од 200 села и позиции, неодамна ја зазедоа и Хама.

Следна цел е Хомс, кој се наоѓа на околу 40 километри јужно. Тој е трет по големина град во земјата и важен центар на патот кон Дамаск, брегот на Средоземното Море и Либан.

Мицкоски: Работодавачите и работниците треба да се усогласат околу минималната плата

Владата ќе прифати тоа што ќе договорат.

Се уште трае седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) и таму има два партнера, работодавачите и работниците. Тие треба да се усогласат околу параметрите, меѓу кои е и минималната плата. Владата е во поразлична позиција. Од аспект на централниот Буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има во Буџетот, но ние не сакаме да се мешаме. Ќе ги оставиме двете страни да се усогласат, што можат едните, а што другите да прифатат, рече денеска премиерот Христија Мицкоски.

Владата, напомена Мицкоски на прес-конференција, е тука да фасилитира, а не да одлучува.

-Се што ќе договорат работодавачите и работниците, ние како Влада ќе го прифатиме, истакна Мицкоски.

Тој потсети дека со Буџетот за 2025 година кој е во собраниска процедура, се предвидени средства за зголемување на пензиите и дека има средства за раст на платите во здравството и образованоето.

Пред почетокот на седницата на ЕСС, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов изјави дека остануваат на барањето за минимална плата од најмалку 450 евра, како и за зголемување на платите во јавниот сектор. Трендафилов изрази и очекување дека „останатите социјални партнери“ ќе ги прифатат овие барања.

-Во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто. Согласно буџетските проекции кои ССМ можеше да ги види, Владата предвидува средства согласно колективните договори и законите за зголемување на платите. Нарушениот животен стандард со постојаниот раст на синдикалната минимална кошничка која од почетокот на годината до денеска се зголеми за повеќе од 4 800 денари, треба да биде доволен мотив за покачување на минималната плата, нагласи Трендафилов.

притисни ентер