Катастрофална суша на Сицилија- сточарите ги убиваат животните поради недостиг на храна и вода

Поради исклучително ретки врнежи во последните година и пол, голем дел од населението на Сицилија, околу два од вкупно пет милиони жители, е подложено на рационализирање на водата за пиење.

Ситуацијата е особено тешка во западните и јужните делови на островот, а од 29 вештачки езера, шест целосно се исушија.

Поради оваа причина, во многу општини граѓаните добиваат вода секој втор ден или се снабдуваат од цистерни. Последиците од ова се големи штети за земјоделството, додека во некои области сточарите се принудени да убиваат добиток за кој немаат ниту вода ниту храна.

Енио Бонфанати од Калтанизета истакнува дека ситуацијата оваа година е катастрофална и дека навистина мора да користи таков термин.

„Овде обично одгледуваме модар патлиџан, домати и пиперки, а оваа година - како што гледате - нема ништо затоа што немаме вода. “, се жали друг земјоделец.

Во февруари гувернерот на Сицилија, Ренато Скифани прогласи статус на природна катастрофа, а италијанската влада во мај прогласи вонредна состојба, бидејќи ова е една од најтешките суши што го погодиле овој остров во последните 50 години. , според Rts.

Деновиве Министерството за земјоделство на Италија прогласи состојба на екстремни временски услови на цела Сицилија, додека регионот бара и посебен декрет кој би се однесувал на континуирано намалување на водните ресурси во вештачките езера, што доведува до недостаток на вода за наводнување.

Се проценува дека годинава во однос на лани земјоделското и сточарското производство ќе се преполови.

„На Сицилија се одвива трагична ситуација како никогаш досега во последните 20 години - сите земјоделски сектори се ужасно загрозени, почнувајќи од самиот добиток што мораме да го убиеме, бидејќи тие немаат што да јадат и пијат“, предупредува Франческо Кукуруло, претседател на Колдирети.

Во наредните денови временската прогноза предвидува екстремно високи температури без врнежи, а вонредна состојба поради суша е прогласена во регионот на Калабрија, додека Сардинија се подготвува да го стори истото.

Националната лига на задруги на јужните региони, попозната како „Легакоп“, која е најстарата и главна асоцијација за заштита и застапување на италијанските задруги, зборува за драматичната состојба на оние територии кои досега изгубиле четири милијарди евра како како и 33.000 работни места само во првиот квартал оваа година предизвикани од сушата што се уште трае.

„Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ

Од 14 пријавени дела за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во најтесен круг најтесен круг влегоа „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, романот „Заборав“ на Томислав Османли  и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Уро

Романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на Матица, е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2023 година на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) кое денеска ги објави добитниците на традиционалните годишни награди за 2023.

Претседателот на ДПМ Живко Гроздановски на прес-конференција соопшти дека наградата на ДПМ „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија е доделена на делото „Коњски житија“ од Зоран Анчески во издание на „Арс ламина“. За таа награда одлучуваше жири комисија во состав Елена Пренџова, претседателка на комисијата и членовите Снежана Стојческа и Зоран Јакимовски.

Наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска во издание на „Чудна шума“. Ова дело е напишано според идеја на Симон Трпчевски и Билјана С. Црвенковска, а илустрирано од Оливер Коларески. Одлуката е на тричленото жири: Сузана Мицева, Наум Попески и Стево Симески.

„Птици во аквариум надреалзиам 1924-2024“ од Лидија Капушевска Дракулекса и Влада Урошевиќ, во издание на „Полица“, пак, ја доби наградата „Димитар Митрев“ за 2023 година за најдобра книга, критика и есеистика во избор на жирито во состав: Иван Додовски, претседател, и членовите Соња Стоименовска Елзесер и Елизабета Пандиловска.

Од 14 пријавени дела за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во најтесен круг најтесен круг влегоа „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, романот „Заборав“ на Томислав Османли и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ.

Гордана Јовиќ Стојкоска, претседателката на жири комисијата за наградата „Стале Попов“ рече дека „Ако се родат некакви чувста“ е роман за Гоце Дечев и неговата сакана Јанка Канчева, но е и многу повеќе од тоа - роман за светот виден одеднаш низ времето и просторите.

-Победничката книга ја добивме со еден глас повеќе од другиот. „Ако се родат некакви чувства“ е комплексен роман и старографска метафикција разгранета со барем две странични жарновски меандри, документаристика и фељтонистика. Во рамките на најшироката одредница дека „Ако се родат некакви чувства“ е роман за Гоце Делчев и неговата љубена Јанка Канчева Минески цели минати и сегашни познати и непознати светови кои го воспоставуават чувството, припаѓањето, повторливоста на несакањето порано, сега и секогаш, овде и каде било на светот. Македонската фикција е искористена за универзална фикција, рече Јовиќ Стојкоска покрај која во жири комисијата членуваа и Оливера Ќорвезироска и Стефан Маркоски.

Употребувајќи првпат објавени сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка и за нивните интимни моменти, посочи претседателката на жирито, Миневски испишал нови страници за стари љубови, нови истории за стари вистини, но и обратно.

ДПМ не ја додели наградата МОСТ која се доделува за најдобро дело напишано на јазик на националностите затоа што, како што образложи Гроздановски, пристигниле само две дела, а за да се изврши избор се потребни три.

Наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија задутре во 19 часот во просториите на ДПМ.

„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање

Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека покренува петиција за новите повисоки давачки за студирање. 

- Оваа петиција е апел до надлежните веднаш да ги укинат неразумните трошоци! вие неправди, некоректност и изживување со македонскиот студент нема да ви ги премолчиме, стои во соопштението од „Студентски отпор“.

Оттаму посочуваат дека оваа академска година почнува со нови повисоки давачки за студентите од околу 5.000 денари без, како што наведуваат, никаква најава и консултација со студентите при УКИМ.

- Недозволиво е досегашните неоправдани високи цени за студирање да се надоградуваат со уште понеразумни трошоци! Наместо да се преиспитаат досегашните давачки и младите да се мотивираат за високо образование и просперитет во Македонија - надлежните зададоа уште еден удар по и така катастрофалниот студентски стандард, се вели во соопштението.

Фон дер Лајен ја прифати оставката на еврокомесарот Бретон

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја прими и ја прифати оставка на европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон, информира денеска заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста. 

- Претседателката му се заблагодарува за неговата работа како комесар во текот на целиот мандат, особено за усвојувањето на Законот за дигитални услугите, Законот за дигиталните пазари и други важни дигитални и индустриски регулативи, изјави Подеста.

Таа одби да ја коментира содржината на писмото со оставката и обвинувањата на Бретон, посочувајќи дека тоа пристигнало утрово и дека се уште не е анализирано.

Европскиот комесар за внатрешен пазар и француски кандидат за член на идната Европска комисија, Тиери Бретон денеска упати писмо до Фон дер Лајен во кое ја информира дека поднесува оставка на функцијата и ја повлекува својата номинација за иден еврокомесар.

Во писмото, што го објави на Икс, Бретон ја обвинува Фон дер Лајен дека „го саботира“ и дека „создава неред“ за време на транзицијата кон новите институции на ЕУ, како и дека последните случување се „дополнително сведоштво за сомнителното раководење“ од нејзина страна. Тој тврди и дека Фон дер Лајен и понудила на Франција „повлијателен ресор“ во новата Еврокомисија, доколку Париз предложи друг кандидат место него.

притисни ентер