Кер по победата над Србија: Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот

Ние ги победивме двапати и ниеден натпревар не беше толку конкурентен и мразам таква ситуација. Имавме чувство дека ова ќе биде многу тежок натпревар и мислам дека Србија одигра совршен натпревар. 

Селекторот на американската кошаркарска репрезентација, Стив Кер по победата над Србија во полуфиналето на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз го повтори општиот впечаток дека „орлите“ се одлична репрезентација и не е лесно да се победи таков тим по трет пат.

-Ние ги победивме двапати и ниеден натпревар не беше толку конкурентен и мразам таква ситуација. Имавме чувство дека ова ќе биде многу тежок натпревар и мислам дека Србија одигра совршен натпревар. Погодија многу шутеви, Аврамовиќ постигна четири тројки во првото полувреме, тоа не е очекувано. Но, ова е моментот, ова се Олимписки игри и нивните играчи беа брилијантни, беше првото нешто што го кажа шефот на стручниот штаб на српскиот ривал.

Не се запре со комплименти кон Никола Јокиќ, Богдан Богдановиќ, Алекса Аврамовиќ... за се што пружија вечерва во 40 минути голема борба под двата коша.

-Тие беа под притисок, тоа е одличен и класичен тим. Играат многу ангажирано, играат одлично заедно и искрено сум понизен, навистина понизен што бев дел од тој натпревар. Тоа беше еден од најдобрите кошаркарски натпревари во мојот живот и секогаш ми е жал за тимот што губи во овие случаи. Очигледно сум многу среќен што победивме, но видов некои српски играчи како плачат на теренот и навистина ми беше жал за нив бидејќи направија се како што треба и играа убава кошарка. Многу сум благодарен што бев дел од тоа, искрен беше тренерот на Голден стејт Вориорс.

Средба на министерот Николоски со новоименуваниот француски амбасадор, Кристоф Ле Риголер

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакнал добрата соработка со Франција, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава. Тој го запознал амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори.

- Двајцата разговараа и за реформите што се спроведуваат како дел од евро интегративниот процес на државата. Министерот на новименуваниот амбасадаор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, соопштија од Министерството за транспорт.

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

Во голем број училишта во Србија денеска нема настава или е скратена, поради протести на просветните работници организирани на плоштадите и пред училишните управи .

Во голем број училишта во Србија денеска нема настава или е скратена, поради протести на просветните работници организирани на плоштадите и пред училишните управи откако репрезентативните синдикати на просветните работници не го прифатија предлогот на Владата за зголемување на платите од јануари за 12 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

Четири репрезентативни синдикати во Србија - Синдикатот на просветните работници на Србија, Синдикатот на образованието на Србија, ГСПРС „Независност“ и Синдикатот на просветните работници на Србија бараат Владата да ја изедначи почетната плата на дипломираните наставниците со просечната плата во Србија, да им исплати новогодишен бонус и итно да донесат измени на законот со кои ќе се зголеми заштитата на наставниот кадар од се почестите напади од ученици и родители.

Претседателот на Форумот на средните стручни училишта, Милорад Антиќ, за новинарите изјави дека просветните работници само бараат да имаат иста просечна плата како и другите вработени во земјата и да им се гарантира законски безбедноста во образовните институции каде што работат. Просветарите го изразија своето незадоволство и од досегашните преговори со претставници на Владата за зголемување на платите.

Форумот на белградските средни училишта во соопштението наведува дека Главниот одбор на таа организација одлучил да го поддржи штрајкот не само затоа што се незадоволни од решенијата што ги нуди владата, туку и поради лицемерниот обид на претставници на министерствата за финансии и образование за поделба на вработените на наставен и ненаставен кадар.

Просветните работници порачаа дека доколку не им се исполнат барањата на 2 октомври, повторно ќе штрајкуваат.

-Ова е нашиот крик, доста е, изјави Снежана Романдиќ од Синдикатот на просветните работници на Србија за Н1 по протестот во Белград.

Романдиќ рече дека според проценките на синдикатот во Белград, во штрајкот учествувале околу 70 отсто од училиштата.

Ловрен потпиша за грчки ПАОК

Хрватскиот ветеран Дејан Ловрен е нов фудбалер на грчкиот шампион ПАОК.

Ловрен се пресели во солунскиот клуб без обесштетување, откако постигна договор со француски Олимпик Лион за предвремен раскин на соработката.

Претходно во кариерата, 35-годишниот Ловрен настапуваше Ливерпул, Саутемптон, Динамо Загреб, Интер Запрешиќ и Зенит од Санкт Петербург.

За хрватската репрезентација Ловрен одигра 78 натпревари и постигна пет голови.

притисни ентер