Кинезите анализирале примероци на вода од Месечината и откриле нешто неверојатно

Кога кинескиот лунарен модул Chang'e-5 се врати на Земјата во 2020 година, Кина стана третата земја во светот што собира и враќа примероци од површината на Месечината.

Научниците постојано работат на анализа на овие примероци, а неодамна во нив открија нешто револуционерно - молекуларна вода.

Некои можеби се прашуваат што има ново, одвреме-навреме добиваме вести за некои нови извори на вода на нашиот природен сателит. Навистина, вселенските агенции открија вода на Месечината и порано, но таа главно беше заробена во минерали и карпи или замрзната на половите. На пример, минатата година кинеските научници пронајдоа вода на Месечината заробена во стаклени топки, познати како лунарни сферули.

Но, сега, за прв пат, вода во молекуларна форма (H2O) е пронајдена во физички примероци. Што е уште поважно, примероците доаѓаат од област на Месечината каде вода во таа форма не треба да постои. Имено, требало да испари, но изгледа тоа не се случило.

Имено, експертите во примероците пронашле проѕирен кристал како плоча со ширина на човечко влакно, кој го нарекле ULM-1 (Непознат лунарен минерал-1). Кристалите ULM-1 се составени од приближно 41% вода, со парчиња амониум кои ги одржуваат стабилни молекулите на H2O и покрај големите температурни промени на Месечината.

Водата на Месечината може да се најде во три форми: молекули на вода (H20), замрзната вода и молекуларното соединение хидроксил. Иако истражувањата покажуваат дека на Месечината имало вода во нејзиното далечно минато, кога вулканите еруптирале на нашиот природен сателит, ние од неодамна дознаваме за нејзионото постоење .

Долго време се мислеше дека нема вода на Месечината, особено што ја немаше во првите примероци од Месечината собрани од НАСА и Советскиот Сојуз. Неодамна се најдени молекули на мраз и вода на темните, студени лунарни полови каде сонцето не допира, пишува CNN.

Како што споменавме, неодамнешните истражувања покажаа дека водата или хидроксилот може да бидат заробени во стаклените зрна расфрлани околу Месечината и дека сончевите ветрови би можеле да го трансформираат хидроксилот (OH) во вода (H2O).

Но, лунарните столбови се многу незгодни поради карпестиот терен, што значи дека би било тешко да се дојде до толку вреден ресурс. Дополнително, молекуларната вода не е стабилна на другите делови на Месечината бидејќи испарува на пониски географски широчини каде температурите можат да надминат 100 степени Целзиусови.

Да, може да биде многу, многу жешко на Месечината. Температурите во близина на екваторот можат да достигнат 121°C во текот на денот, а потоа да паднат до -133°C во текот на ноќта.

Сега целата оваа перспектива за собирање вода се менува бидејќи примероците од Chang'e-5 доаѓаат од средните географски широчини, односно од регионот каде што молекуларната вода не е стабилна. „Во примероците е пронајден амониум, кој делува како стабилизатор за молекулите на водата“, објасни планетарниот геолог Јуки Чиан од Универзитетот во Хонг Конг.

Ова откритие би можело да ги објасни наодите на НАСА во 2020 година, кога телескопот СОФИЈА забележал навестувања на вода на површината на Месечината, иако никој не можел да објасни како таа не испарила. Оваа форма на вода потенцијално може да биде вреден ресурс во случај на изградба на постојани бази на Месечината.

Ќе се менува Законот за култура во делот на вработувањето на неопределено време на уметниците

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за култура и туризам на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.  

Како што се наведува во образложението, со донесување на Предлогот на закон за изменување на Законот за културата ќе се овозможи работниот однос на вработените од категоријата А –уметници, наместо да се заснова на определено време, односно за период до пет години, да се заснова на неопределено време, со што ќе се овозможи во континуитет да ги остваруваат правата од работен однос и правна заштита на работничките права.

Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките

 Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.

На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, кои се антидепресиви и лекови за третирање деменција.

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека на почетокот на следната година позитивната листа на лекови би можела да се дополни со уште некој лек.

- Од позитивната листа веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Значи, влегува во сила од понеделник. Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале сето тоа проширување на позитивната листа да биде што потранспарентно и што посеопфатна, тоа што најмногу им треба на граѓаните со што би ги намалиле, што помалку трошоците на нашите пациенти и граѓани, изјави Таравари минатата недела.

Тој истакна дека не може да вети дека во наредниот период на оваа позитивна листа ќе се најдат уште 10 лекови, но како што вели, гарантира оти на секои три-четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лека.

- Видете, ова е револуција на проблеми коишто 10 години не се решени. Последната позитивна листа е 2009 година, 2014 година само еден лек е надополнет и сега имаме девет лекови за 50 дена. Јас се надевам дека одма после Нова година ќе имаме проширување на листата. Велам многу сум среќен што наши партнери се претставниците од СЗО, ќе се обидеме да се придржуваме на платформата и на препораките што ни ги даваат, рече Таравари.

Тој ги повикува сите заинтересирани фармацевтски фирми, производители да конкурираат и да бидат активни, да им сугерираат за да како министерство и Влада бидат што потранспарентни и резултатот да биде што подобар за сите граѓани во државата.

Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени

 Министерството за економија денеска треба да добие Предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со според најавите 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени.

Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,...

Предлогот треба да биде усвоен утре на редовната седница на Владата.

Работната група е составена од претставници на министерствата за економија, земјоделство и финансии. Врз основа на симулација ќе ја утврди есенската потрошувачка кошница со 100 производи и дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти.

Стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените.

Владата најави дека ќе има и предновогодишна и пролетна кошничка, со избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината.

-Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните, изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски.

Стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година, како што рече, што претставува навистина добар резултат. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните, потенцира премиерот.

притисни ентер