Потребни состојки : 500 гр. мелено месо, 1 главица кромид, неколку чешни лук, 500 гр. спанаќ, 1 главица кромид, 5 јајца, ½ путер, малку масло, малку брашно, малку млеко, малку презла, зачин од сув зеленчук, сол и бибер по вкус.
Постапка:
Во подлабок сад со мелено месо се додава: сечкан кромид, малку сечкан лук, 2 јајца, малку презла, зачин од сув зеленчук и бибер по желба.
Сите состојки се мешаат со рака се додека не се добие хомогена смеса.
Во смесата се додава малку масло, се формираат ќофтиња и се валкаат во брашно.
Потоа се валкаат во матено јајце и се пржат во тава со загреано масло.
Во друга тава се става путерот да се растопи.
Се додава сечкан спанаќ и малку сечкан лук и состојките се пропржуваат неколку минути.
Спанаќот се става во тава и во него се редат ќофтињата.
Одозгора се полеваат со смеса од две матени јајца и малку млеко, зачинета со малку сол.
Се пече во загреана рерна околу 10 минути на 200 степени.