Комеморацијата за легендарниот Лазар Лечиќ ќе се одржи на 21.септември

Комеморацијата за легендарниот Лазар Лечиќ ќе се одржи на 21.септември,собирот ќе биде во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 13.часот

Македонската кошаркарска федерација ќе му оддаде посебна почест на Лазар Лечиќ, кој за жал, нė напушти прерано, во 85. година од животот.

Во консултации со семејството на најголемата македонска кошаркарска легенда, федерацијата ќе организира комеморативен собир во чест на големиот Лазар Лечиќ.

Ќе се одржи на 21.септември (сабота), во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 13.часот.

Менде Трајковски: Ќе се брендираат Мариовски, Пелистерски и Струмички мед

Според Трајковски, брендирањето е важно за потрошувачите да знаат од каде е медот.

- При крај сме со постапката за брендирање и заштита на нашиот Мариовски мед за кој јасно ќе биде посочено географското потекло, а брендирање е најавено за струмичкиот и пелистерскиот мед, истакна Менде Трајковски, претседател на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија.

Според Трајковски, брендирањето е важно за потрошувачите да знаат од каде е медот.

-Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија е членка на европскиот Сојуз на пчеларите и претставува дел од вкупно 400.000 пчелари во Европа кои во моментов водат кампања за зајакната инспекциска контрола и отстранување на неквалитетниот мед од пазарите низ Европа. Потрошувачите треба да бидат заштитени од неквалитетен мед кој се продава во продавници и затоа апелираме и бараме заштита, посочи Трајковски на традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ што се одржува во Битола.

Годинава на плоштадот „Магнолија“ со свои штандови на изложбата учествуваат колеги пчелари од Тетово, Гостивар, Кочани, Прилеп, Велес и други македонски градови кои се дел од иницијативата преку европскиот пчеларски сојуз да добијат европски субвенции за секое пчелно семејство заради како што велат, придонесот на пчелите што го прават со опрашување на растенијата.

Средба Зеленски - папа Франциск

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во Ватикан се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Нивната претходна средба беше на маргините на Самитот на Г7, што се одржа летово во јужна Италија.

Зеленски синоќа во Рим се сретна премиерката на Италија, Џорџа Мелони, а по средбата со папата Франциск ќе отпатува за Берлин каде се предвидени средби со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.

Украинските власти во март се налутија на папата Франциск откако тој предложи тие да имаат храброст на „бело знаме“ и да преговараат за крај на војната со Русија. Тогаш Зеленски ги отфрли изјавите на папата како „виртуелно посредување“ од далечина.

Папата Франциск тогаш исто така, ги критикуваше плановите на украинските пратеници да ги забранат активностите на огранокот на православната црква поврзан со Русија. Украина тврди дека огранокот шири проруска пропаганда и пружа засолниште на шпионите. /MИА

ФК Вардар го претстави новиот сопственик

Фудбалскиот клуб Вардар денеска преку соопштение потврди дека има нов сопственик, откако унгарскиот бизнисмен Атила Бижен Жалили купил 85 отсто од акциите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Во соопштение споделено преку фудбалскиот клуб, сопственикот се обрати до фановите, потврдувајќи го преземањето на клубот.

„Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 7 октомври според претходно потпишаниот договор, 85 отсто од акциите на АД ФК Вардар-Скопје се преземени, а со тоа и управувачкиот пакет на компанијата.

Со нашето големо искуство во менаџирање на фудбалски џинови и соработка со десетици познати клубови ширум Европа, ние ќе обезбедиме брза финансиска, организациска и резултатска консолидација на овој најголем спортски бренд во Македонија.

Во изминативе неколку години, како дополнување на бизнисот кој го имаме, нашиот фокус беше да преземеме клуб од Централна Европа или Балканот. Имавме неколку опции пред нас. Но благодарејќи на упорноста и аргументите презентирани од Миленко Неделковски, се одлучивме за најголемиот спортски бренд во Македонија.

Да го направиме Вардар повторно голем“, стои во обраќањето на Жалили до македонската фудбалска јавност.

Ваквата објава доаѓа по серијата на протести на навивачката група Комити, кои бараат оставки од раководството на клубот и Миленко Неделковски. На натпреварите тие скандираа пораки со барања Неделковски да се повлече од клубот.

притисни ентер