Конечно, од трет обид полета руската ракета Ангара од новиот космодром Восточни (ВИДЕО)

Ракетата од тешка класа Ангара-А5, чие лансирање беше двапати одложувано, денеска беше успешно лансирана од космодромот Восточни.

Лансирањето беше извршено според планот во 12:00 часот по московско време, пренесе РИА Новости.

По 12 минути и 26 секунди, горната етапа Орион се одвои од третата етапа на ракетата, по што ќе лансира пробно оптоварување во орбитата.

Првото лансирање на оваа ракета од Восточни првично беше закажано за 12:00 часот по московско време на 9 април, но беше откажано две минути пред лансирањето.

Причината била дефект на системот за надополнување на резервоарот за оксидатор на централната единица.

Лансирањето требаше да се изврши и вчера, но ситуацијата се повтори.

Како што изјави за новинарите генералниот директор на Државната вселенска корпорација Роскосмос Јуриј Борисов, овој пат ракетата не била лансирана поради дефект на системот за контрола на стартувањето на моторот.

Државната комисија денеска го одобри полнењето гориво и лансирањето на ракетата во 12:00 часот по московско време.

Инфраструктурата за лансирање на ракети Ангара на космодромот Восточни е во изградба од 2018 година.

Претходно од космодромот Плесек беа лансирани три тешки ракети Ангара.

СДСМ:До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ

До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи .

Усвојување на предлог Законот на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи на храна значи месечна заштеда за граѓаните и до 2.000 денари.

Со предлог Законското решение на СДСМ се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти.

Бидејќи учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари значително ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.

СДСМ ја разви оваа мерка во консултации со експерти и бизнис секторот и бенефитите ќе бидат за граѓаните а нема да ги оптоваруваат компаниите.

За спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски.

После еден месец примена владината мерка за замрзнување на маржите не донесе никаков ефект. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека просечната плата се намали за 1.000 денари.

СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат законот. ВМРО-ДПМНЕ да не води политички инает врз грбот на граѓаните и наместо постојано да одбива добри законски решенија предложени од опозицијата да се одважи и да ги поддржи.

Скопје, 05.11.2024

СДСМ

Северна Кореја истрела ракета со краток дострел

Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета со краток дострел кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска.

Пет дена пред денешното лансирање, Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета.

- Во очекување на нови лансирања, нашите вооружени сили го засилија надзорот, соопшти генералштабот на јужнокорејската војска, додавајќи дека споделува информации со Јапонија и САД.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба пред новинарите во Токио потврди лансирање на „неколку балистички ракети“.

„Комунална хигиена“: Заменети оштетени корпи во Сарај

Заменети се оштетени корпи, наменети за одлагање ситни отпадоци во општина Сарај, информираат утрово од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје.

Активностите во текот на вчерашниот ден се реализирале на десетина локации во централниот дел на општината. Нови садови биле поставени на местото на оштетените корпи.

Во претстојниот период, исто така, како што додаваат од претпријатието, ќе се продолжи со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци, поставени на подрачјето на Скопје.

притисни ентер