Контурите на новата влада познати, кадровските решенија официјално не се откриваат

Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав.

Откако вчера од ВМРО-ДПМНЕ брифираа дека распределбата на ресорите во идната влада е пред финален договор, денеска лидерот на Движењето ЗНАМ Маким Димитриевски, кое според брифинзите ќе ги добие министерствата за правда и администрација, вели дека се уште не се договорени кадровските решенија и дека се уште се разговара за вметнување на нивната предизборна платформа во програмата на идната Влада. И потпретседателката на ЗНАМ, Весна Бендевска чие има цирклулира за ресорот правда, за Канал 5 вели дека станува збор за шпекулации.

„Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав. Сѐ уште нема договорено никакви кадровски решенија.За нас во втор план се поделбата на власта и министерските позиции, на прав план е сето она што го ветивме во предизборниот период“, рече Димитриевски.

Од ВРЕДИ информираат дека успешно се завршени преговорите со ВМРО-ДПМНЕ околу обединување на изборните програми се успешно завршени и дека продолжуваат разговорите околу распределбата на заменик-министерските и деректорските позиции.

- Ја информираме јавноста дека работните групи интензивно продолжуваат со преговорите до финализирање на договорот за вториот и третиот ешалон. Многу брзо како држава ке добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните, соопштија од Вреди.

Според брифинзите ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со 11 минстерства во идната Влада и ќе ги има клучните ресори - МВР, МНР, одбрана, финансии, образование, земјоделство, транспорт и врски, енергетика, рударство, култура, локална самоуправа и политички систем. Иако од партијата ги демантираа објавените информациите кои проструија во јавноста за можни кадровски решенија и тврдат дека се уште нема конечен договор, за клучните позции се споменуваат имињата на потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од шесте министерски места, кои според брифинзите ќе припаднат на коалицијата Вреди, поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари се споменува како најсериозен кандидат за повторно да го преземе кормилото во здравство, а освен ресосрите економија, евроинтеграции, социјална политика и животна средина, се очекува Вреди да ја добие и позицијата вицепремиер за добро владеење.

Со конститутивната седница на Собранието заспочнуваат да течат и роковите за доделување на мандатот и формирањето на идната Влада. Најдоцна за десет дена претседателската Силјановска Давкова треба да го додели мандатот на Мицкоски, а тој пак најдоцна 20 дена по доделувањето на мандатот треба дао Собранието да ја поднесе програма и го предлог составот на идната Влада. Очекувањата се дека нема да се чекаат крајните рокови и дека Македонија ќе ја добие новата Влада најдоцна со 20-ти јуни.

Видео: Унгарската фудбалска федерација се огласи за тешко повредениот репрезентативец

Фудбалскиот сојуз на Унгарија ја објави состојбата на Барнабас Варга, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска на ЕУРО 2024.

Варга се повреди при судир со голманот на Шкотска Ангус Ган во 68. минута од натпреварот, а по тој судир Варга остана без свест.

Нему му била укажана помош на неколку минути, по што бил изнесен на носилки, опкружен со пехарници.

„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“, соопштија од Унгарската фудбалска федерација.

Унгарија инаку на крајот го доби мечот од 3 коло во групата А и ги задржа шансите за пламсна во следната рунда. Шкотска е победена со голот на Кевин Чобот во 100. минута од натпреварот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите.

Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на:

071391250 и 070259942-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Христијан Мицкоски - претседател на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.

Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје

Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.

Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.

Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.

Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.

Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.

Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.

притисни ентер