Костадиновска – Стојчевска прва и единствена реагира на свечената изјава на спикерот Гаши

Новиот Претседател на Собранието го прекрши духот на мултиетничноста на нашата држава, но и духот на Уставот и на Законот за употреба на македонскиот јазик при давањето на свечената заклетва .

Новиот Претседател на Собранието го прекрши духот на мултиетничноста на нашата држава, но и духот на Уставот и на Законот за употреба на македонскиот јазик при давањето на свечената заклетва за време на конститутивната седница на новиот собраниски состав а истото го стори и претседавачката на конститутивна седница на Собранието, пратеничката Мерита Колчи Коџаџику, реагира пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска.

„При тоа, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ од тесно-коалициони и тесно-партиски причини немаа ни капацитет, ни причина, ни порив да помислат спротивно на ваквиот анти-македонски чин“ вели таа.

Во својата објава, пратеничката на СДСМ објаснува зошто е скандалозно свечената заклетва да се дава прво на албански, а потоа на македонски јазик

Зошто е скандалозно свечената заклетва да се дава прво на албански, а потоа на македонски јазик? Прво, затоа што македонскиот јазик е првиот официјален јазик на Македонија, а потоа следат другите, не помалку важни јазици, но утврдени со Устав согласно процентуалната застапеност на граѓаните кои го зборуваат. Второ, јазикот не е и не може да биде личен или етнички механизам за политичко поентирање – јазикот е средство за службена и друг тип комуникација. Трето, претседател на Собрание може да биде и етнички Албанец, и етнички Македонец и било кој друг пратеник за кој владејачките партии ќе се договорат, но прв официјален јазик во Македонија е македонскиот јазик. Четврто, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик – сигурна сум дека денешната конститутивна седница има и силен меѓународен одек“ пишува Костадиновска – Стојчевска.

Покрај македонскиот јазик, додава Костадиновска – Стојчевска, втор официјален јазик е албанскиот, но нема полоша политика од тоа јазиците да ни станат методи за политичка пропаганда.

„Затоа, да се почитуваме, да си ги почитуваме Уставот, државата, законите, различностите и особеностите“ вели пратеничката.

Ѓоковиќ: Не дојдов на Вимблдон само за да одиграм неколку кола

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави наскоро кога ќе донесе конечна одлука за евентуалното учество на Вимблдон. 

Вториот светски рекет пристигна во Лондон на 24 јуни, каде ќе се одржи турнирот.

- Многу сум задоволен од тоа како се одвиваат работите. Сè уште не сум на 100 проценти, но се надевам дека ќе го направам тоа во следните неколку дена. Рехабилитацијата оди во вистинска насока. Ќе донесам одлука врз основа на тоа како ќе се одвиваат работите во следните четири или пет дена. Дали ќе играм само ако сум сигурен дека ќе победам? Секако, не дојдов овде само да одиграм неколку кола. Но, сè уште немам планови да се повлечам од тенисот, така што ова нема да биде мојот последен Вимблдон. Ќе донесам одлука пред ждрепката да бидам фер кон другите играчи. Се разбира, сè е непредвидливо. Не знам што може да се случи кога турнирот ќе започне, изјави Ѓоковиќ за „Дејли експрес“.

На почетокот на јуни 37-годишниот Србин успешно го оперираше коленото. Ѓоковиќ заработи повреда на менискусот во четвртото коло на Ролан Гарос каде играше против Аргентинецот Франциско Черундоло. На оваа средба победи во пет сета, но подоцна се повлече од четвртфиналето на турнирот.

Вимблдон 2024 ќе се одржи од 1 до 14 јули во Лондон (Англија).

Во Израел и ултраортодоксните Евреи ќе служат воен рок

Врховниот суд на Израел одлучи дека ултраортодоксните Евреи мора да служат во вооружените сили.

Таквата одлука може да доведе до пад на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која вклучува и партии кои ја претставуваат израелската ултраортодоксна заедница.

Според долгогодишниот договор, ултраортодоксните мажи беа ослободени од воена служба, која е задолжителна за повеќето мажи и жени во Израел. Овој исклучок долго време беше извор на гнев меѓу секуларните кругови во Израел. Поделбата, исто така, се продлабочи како напредуваше војната во Појасот Газа.

Детето Буда осуден поради сексуална злоупотреба на деца

Непалскиот духовен лидер, Рам Бахадур Бомјан, за кого следбениците веруваат дека е реинкарнација на Буда, осуден е за сексуално злоупотреба на деца.

Окружниот суд во градот Сарлахи следниот месец ќе изрече пресуда за 33-годишниот Бомјан.

Непалските власти во 2020 година издадоа налог за апсење на Детето Буда поради злоупотребување на малолетна девојка, која била монахиња во неговиот ашрам на подрачјето на Бара. Тој е уапсен по една година бегство.

Во 2010 година против Детето Буда се поднесени десетици пријави за напад бидејќи наводно ги тепал жртвите кои го попречувале во медитацијата. Во 2018 година една калуѓерка го обвини дека ја силувал во ашрамот кога била малолетна. Во 2019 година, полицијата изврши рација во неговиот ашрам додека го истражуваше исчезнувањето на четворица негови следбеници. Истрагата за овие случаи сè уште е во тек.

Детето Буда на 15-годишна возраст во 2005 година се повлече во џунглата за десет месеци да се посвети на молитвата. Неговите следбеници тврдеа дека тој во тој период ниту јадел, ниту пиел вода, а исто така и не спиел. Илјадници луѓе од целата земја и соседна Индија го посетуваа Бомјан во џунглата. Тој две години подоцна почна да проповеда и своите следбеници основаше мрежа на ашрами ширум Непал посветена на неговите учења.

Неговите следбеници тврдат дека Бомјан е реинкарнација на Сидарта Гаутама, кој е роден во Непал пред околу 2500 години, а подоцна станал познат како Буда, што на санскрит значи просветлен или разбуден.

притисни ентер