Ковачевски и Мицкоски на лидерска средба во среда

Во пресрет на лидерската тет-а-тет средба Ковачевски – Мицкоски закажана за во среда, во Владата веќе стигнаа амандманите за промена на Уставот, но според информациите на Канал 5, тие ќе се најдат на владина седница по средбата на двајцата лидери...

Ковачевски испрати покана за средба, а Мицкоски избра да биде насамо, тет-а-тет соочување, без присуство на сопартијци или блиски соработници – лидерската за уставните измени и официјално е закажана за во среда во 11 часот во Клубот на пратеници. Во пресрет на средбата, премиерот вели темите ќе останат исти- немало да се зборува за предвремени избори, туку како до промена на уставот и одржување на добрососедските односи.. Ковачевски се надева дека ќе најдат заеднички јазик за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да поддржат отворање на уставот...

Сепак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да се разговара и за трета точка, односно - што ќе следи по неуспехот од уставните измени- брифираат од опозициската партија. По најавата дека пред средбата тој ќе има широки консултации со пратениците и коалиционите партнери, од партијата соопштија дека веќе се сретнал со нив. Со потписи од сите 44 пратеници, информираа дека го реафирмирале ставот против промена на уставот.

„Апелираме до Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазување на државните и националните интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење на таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани. Собранието не треба да се доведе во позиција за испонување на поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта, туку да служи на граѓаните. – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ..

Инаку, во меѓувреме од Владата за Канал 5 потврдија дека пристигнале амандманите од министерство за правда, кои претходно ги скрои работната група, а пред да бидат испратени до Собрание ќе бидат разгледани на некоја од следните владини седници. Со амандманите се предвидува да се допишат Бугарите и шест други народи во Премабулата на Уставот, а истите да станат дел и од други два члена на уставот – за грижата за дијаспората и во Комитетот за односи меѓу заедниците.

Утре без вода дел од булеварот „8-ми Септември“

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат  дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул.„8-ми Септември“/ бул. „Партизански Одреди“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „8-ми Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат корисниците ул. „Дрезденска“ и „Анкарска“.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Лавров: САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан

Русија очекува САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Целосното обединување на напорите на земјите од регионот и земјите од НАТО е можно само доколку Алијансата ја признае одговорноста за катастрофалниот исход од нејзиното воено присуство во Авганистан, се вели во обраќањето на рускиот министер на 5. состанок за Авганистан во „московски формат“ кој се одржува во Казан.

Неговиот говор го прочита специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

Лавров посочи дека земјите од Западот нанеле непоправлива штета на народот на Авганистан и затоа мора да го понесат најголемиот товар за обнова на земјата во постконфликтниот период.

„Во врска со тоа, блокадата на авганистанските сметки што ја спроведува Вашингтон е контрапродуктивна и само ја отежнува ситуацијата и ги влошува тешките услови во кои живеат Авганистанците“, наведе Лавров.

Како што додаде, Москва смета дека враќањето на воената инфраструктура на САД и НАТО на територијата на Авганистан и соседните земји е неприфатливо, без оглед на причините за таквиот чекор.

На средбата во Казан учествуваат претставници на Авганистан и на соседните земји.

Фото: ЕПА

Мицкоски: Што прави Ковачевски кога се носат законите како тој за aмнестија?

Што прави Ковачевски кога се носат законите како тој за aмнестија, нека не се однесува како турист на седниците на Влада.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гази Баба каде што присуствуваше на увид на градежни активности во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“, беше запрашан и за коментар за најавениот Закон за амнестија, за кој премиерот Димитар Ковачевски рече дека ќе поднесат амандман ако со тоа законско решение се опфаќаат и лица осудени за случајот „Монструм“, при што прашува што прави премиерот на седници на Влада кога се усвојуваат ваквите закони.

„Премиерот Ковачевски, се надевам дека не е турист на седницата на Влада и кога ќе дојдат предлог текстовите на законите, добива детална информација што содржат тие предлог закони, а посебно вакви, би рекол, многу специфични закони и самиот ги чита. Доколку тоа не го прави, тогаш треба час поскоро да си замине од местото кое што во моментов го зазема, затоа што не е достоен за тоа место. Законот уште не донесен во Парламент зборуваме за амандмани кои што доаѓаат од самата влада. Па што правеле, се поставува прашањето, сите тие на таа владина седница кога се разгледувал овој закон“, прашува Мицкоски.

Мицкоски додава дека одамна е заминато времето за оваа влада на СДСМ-ДУИ и цени дека колку побргу заминат, толку подобро ќе биде за сите граѓани на Македонија, колку побргу овој недостоен претседател на владата замине, толку подобро ќе биде за сите граѓани и за самата Македонија.

Мицкоски: Тоа што сега го зборува Османи му го кажувавме ние цело време, но тоа требаше да го мисли кога го прифаќаше анексот и договорот кои се тотално асиметрични

При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на новиот момент на министерот за надворешни работи Османи за односите со Бугарија и новите барања на патот кон ЕУ истакна дека тоа ВМРО-ДПМНЕ го зборува тоа многу пати во изминатиот период а власта само го усложнува и закочува процесот кон ЕУ, со договорот кој што го прифати со Бугарија а е тотално асиметричен и е во согласност со бугарските позиции кои што се дел од вековниот руски интерес на Балканот.

„Тоа го зборуваме ние цело време, јас лично сум го кажувал неколку десетици пати, дека ова е само почеток и отворање на пандорината кутија, дека допрва доаѓаат тешките барања и допрва доаѓаат тешките денови за Македонија, кога станува збор за спорот со Бугарија, но тоа требаше да се мисли кога го прифаќаа тој анекс на договорот за добрососедство и пријателство и кога прифатија овие тешки прашања да бидат дел од преговарачката рамка. Но ќе кажам не само тие требаше тука да мислат и бирократите во Брисел кога го прифатија тоа што овие, би рекол политички егзибиционисти и незнајковци, прифатија, зборувам за нашите политичари. И сега што направија само го усложнија процесот на Македонија кон пристапување кон ЕУ. И сега ние повторно се доведуваме во една ситуација во која што или ќе ги исполниме барањата на Софија, нивниот диктат без да добиеме гаранции никакви или пак имаме децениски а можеби и вековен процес на преговори со ЕУ и не заради европските темелни вредности туку за прашања кои што немаат никаква врска со ЕУ темелни вредности. Да докажеме каков е нашиот идентитет, да докажеме какво е нашето минато, традиција култура обичаи, да зборуваме за средниот век, како што сега се зборува наместо да зборуваме за иднината. И тоа го направи оваа влада и сега ние сите сме закочени и се наоѓаме во еден момент заглавени. Не може никој да ме убеди дека тоа не е вистина, јас верувам во добрите намери на нашите стратешки пријатели, верувам во добрите намери и на Вашингтон и на Брисел и на Лондон и на Париз и на Берлин и на Рим и останатите, но не можам да верувам во добрите намери на официјална Софија а за жал договорот кој што го прифатија е тотално асиметричен и е во согласност со би рекол со бугарските позиции целосно кои што се ништо друго освен вековниот руски интерес на Балканот“, нагласи Мицкоски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер