Ковачевски: Очекувам успешна лидерска средба и договор за датум на изборите, без уценување

Премиерот Димитар Ковачевски очекува успешна лидерска средба во понеделник, на која ќе се договори датум за претседателски  и парламнетарни изброри на почетокот од мај, но не и договор за укинување на т.н. Пржинска влада...

Премиерот Ковачевски е оптимист за лидерската средба закажана за во понеделник во Собранието. Очекува таа да биде успешна и сите партии да седнат на маса без, како што рече, да има уценување на една политичка партија кон други и да се постигне договор за Изборен законик со препораките од ОБСЕ/ОДИХР, како и датум за избори. Според него финалниот збор за датумот за парламентарните и претседателските избори треба да го кажат партиите, но индиректно потврди дека 8 мај е прифатлив за двојни избори кои ќе бидат редовни, а верските празници Велигден и Рамазан испочитувани. Во однос на техничката влада Ковачевски потврди дека нема расположение таа да се укине сега, туку од следните избори.

„ Од она што може да се види во јавноста преку изјавите на политичките партии не постои консензуално решение за нејзино укинување сега на краток рок пред одржување на изборите, меѓутоа секако постои расположение да биде укината со важност од следните избори. И тоа не треба да биде пречка во однос на одржување на изборите, бидејќи обезбедува уште поголем демократски амбиент имајќи предвид дека на опозицијата и беше понудено да учествува во Владата заради продолжување на европскиот пат со половина од министерствата – понуда која се уште стои на маса, вели Ковачевски.

Премиерот повтори дека уставните измени се на дневен ред во Собранието, но кога и дали тие би се гласале до крајот на овој парламентарен состав конкретен одговор нема. Не сакаше директно да ја искоментира изјавата на помошник државниот секретар на САД за Европа, О’Брајан кој го критикуваше ставот на ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени, но ја искористи неговата метафора за политиката на опозициската партија.

„ СДСМ ако погледенете низ годините ние ветивме интеграција на државата во НАТО и испорачавме. Споредете го тоа со една кола што ја гледате. Тоа е кола што ве вози во Вашингтон кадешто се депонирани потписите за членствот во НАТО. Тоа е кола што обезбеди почнување на преговорите со ЕУ. Ве води во Брисел. Од друга страна што имате? Имате кола направена од стиропор... Денот кога ќе станеме членка на ЕУ во 2030, ќе направиме настан на којшто нашите граѓани ќе можат да ги соберат пасошите кои што ги имаат земано од други држави за да можат да работат во ЕУ и да им ги вратиме на тие држави, да кажеме ова веќе не ни треба, бидејќи нашиот пасош ги има ѕвездите на ЕУ на македонскиот пасош, изјави Ковачевски.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. „Колата за која збори Таче му зариба, зошто наместо горивото изразено во милиони евра во тендери, наместо во народниот резервоар течеше во приватните џебови на власта“, велат од опозициската партија. Оттаму додаваат дека Ковачевски се бори, грчовито, како што велат, ДУИ да има премиер на техничката влада. Наредната изјава барем Ковачевски да трепне два пати како сигнал дека не е киднапиран од ДУИ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти

Холандската полиција денеска уапси 17 учесници на климатски протест на активистичка група „Бунт против истребување“, откако со своите возила го блокираа автопатот А10 во Амстердам.

Полицијата соопшти дека предизвикале „опасност по животот на другите учесници во сообраќајот и на самите нив“.

Автомобилите што ги користеа активистите за да го блокираат сообраќајот се конфискувани, а на А10 после тоа останале меѓу 400 и 500 демонстранти.

Градскиот совет на Амстердам претходно упати „итен апел“ до климатските активисти да не протестираат на автопатот А10.

Првата блокада на овој автопат се случи на крајот на декември и траеше пет часа, по што беа уапсени над 400 активисти, а шестмина од нив беа казнети со 200 евра.

Конте е на потесниот список на Баерн, но не и приоритет, Антонио би сакал да работи во Серија А

Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен го прифаќа назначувањето на Антонио Конте на крајот од сезоната.

Според инсајдерот Матео Морето, италијанскиот тренер е на потесниот список на минхенскиот клуб, но не е меѓу приоритетните опции. Актуелниот германски шампион е насочен кон потписот на Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.

Самиот Конте би сакал да ја продолжи кариерата во Италија и чека можност да води тим од Серија А, но сепак не исклучува преселба во Баерн.

Педесет и четиригодишникот е без ангажман откако го напушти Тотенхем во март 2023 година. /МИА

Украина потпиша билатерални безбедносни договори со Италија и Канада

Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека потпишал билатерални безбедносни договори со италијанската премиерка Џорџа Мелони и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Договорите имаат за цел да ја зајакнат безбедноста на Украина додека таа не ја постигне својата цел да стане членка на НАТО.

Во објава на социјалните мрежи, Зеленски рече дека документот „поставува силна основа за долгорочно безбедносно партнерство меѓу Украина и Италија“.

Лидерите на Италија и Канада во моментов се во Киев за да ја одбележат втората годишнина од инвазијата на Русија врз Украина. /МИА

притисни ентер