Крај на една ера: Фиат 500 ја напушта Европа

По речиси две децении на пазарот, легендарниот Fiat 500 се повлекува од Европа, оставајќи голема празнина за италијанската марка.

Производството на овој иконски автомобил во полската фабрика во Тичи заврши, бидејќи новите безбедносни прописи кои стапија на сила во јули не оставија доволно време за адаптација. Наместо Fiat 500, производните линии ќе ги зазема кинескиот модел Leapmotor T03.

Fiat 500, познат и како Cinquecento, беше најпродаваниот модел на италијанската марка, чие заминување претставува голем предизвик за компанијата. Stellantis, матичната компанија на Fiat, потпиша договор со кинескиот партнер на крајот на минатата година, со што Leapmotor стана 15-ти бренд во групацијата Stellantis. Моделот T03 ќе биде првиот автомобил на азискиот партнер произведен во Европа.

Иако Fiat 500 Electric останува во понуда, неговата продажба не е доволно значајна за да ја пополни празнината што ја остави повлекувањето на бензинската верзија. Fiat сега ги полага своите надежи во новата генерација на Panda, која ќе биде претставена на почетокот на јули, но на пазарот нема да се најде до крајот на годината, што создава голема празнина во понудата на Fiat.

Менаџерите на Fiat работат на план да го трансформираат електричниот 500 во класична верзија, но тоа бара значителни инвестиции. Електричната платформа чинеше 600 милиони евра, а новиот хибриден модел нема да биде достапен пред 2026 година.

Минатата година, Fiat испорача повеќе од 100.000 примероци од конвенционалниот модел 500 низ Европа, што е импресивен резултат ако се земе предвид дека дизајнот остана непроменет од 2007 година. Од дебито на првата генерација во 1957 година, продадени се повеќе од седум милиони примероци на овој познат автомобил.

Производството на бензинецот Fiat 500 продолжува во Алжир, но за жал не и за европскиот пазар, што е мала утеха за многумина љубители на овој модел.

In memoriam: Почина новинарот Иван Андреевски – Маче

Синоќа на 77 годишна возраст ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. 

Роден е во 1947 година во Доленци, Демирхисарско.

Андреевски својата кариера ја почнува во Радио Телевизија Скопје, веднаш по завршувањето на факултетот за политички науки во Белград во 1971 година, како новинар во документарната редакција, работејќи на репортажи, документарни филмови и фељтони. Бил директор и одговорен уредник во Радио Телевизија Скопје од 1986 до 1990 година, бил ангажиран и како дописник на Ројтерс, Радио Слободна Европа и Јутел, а своевремено член и претседател на Советот за радиодифузија. Продолжува да ја гради професијата Македонската радио телевизија, основач е на скопската програма и утринската програма на МРТ.

Од 1997 до 2006 година бил претседател на Здружението на новинари на Македонија, а добитник е и на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.

Погребот ќе биде на 21 јуни, во неговото родно село Доленци.

ОН: Во 2023 година за 72 проценти зголемен бројот на цивилни жртви во конфликтите ширум светот

 Бројот на цивилни жртви во вооружените конфликти ширум светот минатата година се зголеми за 72 отсто, изјави денеска Високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк.

Тој посочи дека алармантно е зголемен бројот на убиени жени и деца во споредба со 2022 година.

Според податоците на ОН двојно е зголемен процентот на убиени жени во 2023 година, додека бројот на деца жртви е трипати поголем. /МИА

Собранието гo избра составот на Буџетскиот совет на Собранието

 Собранието на денешната петта седница ги избра составите на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал.

За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија е избран Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се избраа пратениците - Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор Здравковски, Лидија Петковска, Халил Снопче, Фатмир Битиќи, Ељми Азири, Илир Хасани и Борислав Крмов.

За претседател на Советот на Собранискиот канал е избран Јован Митревски, актуелен потпретседател на Собранието. За членови на Советот на Собранискиот канал се избраа пратениците - Ели Панова, Марија Митева, Благица Ласовска, Санарда Имери-Стафаи, Аднан Азизи, Бобан Карапејовски, Горан Мисовски, Даниела Николова, Дијана Тоска и Илир Демири. За заменици-членови на Советот на Собранискиот канал се избраа пратениците - Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Драгана Арсова, Имрлије Салиу-Фетаи, Садик Сулејмани, Даниела Белимова, Митко Белимова, Митко Трајчулески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Рина Ајдари и Сали Мурати.

Во рамки на денешната пленарна седница беше потврдена оставката на Сеат Личина поднесена на 23 април 2024 година од функцијата член на Регулаторната комисија за домување. Исто така, на оваа седница беше констатиран престанок на мандатот на Валентина Димовска од функцијата на Државниот совет за превенција на детско претстапништво заради исполнување на условите за старосна пензија.

притисни ентер